Mila na mama -> RE: Кое е најмалото родено бебе? (5.3.2010 13:10:05)
|
Со тежина од 275 грама и должина од 27 сантиметри, во јуни минатата година во германскиот град Готинген родено е најмалото машко бебе на светот. Поради компликации во бременоста, лекарите одлучиле дека неговата мајка треба да се породи со царски рез во 25-та недела. Половина година лекарите се бореле за животот на бебето, а во декември минатата година бебето ја достигнало тежината од 3.700 грама, па лекарите одлучиле дека е добро и може да ја напушти болницата. Според лекарите во болницата во Готинген, ова е досега најмалото машко бебе, а пред него се родени три девојчиња со помала тежина. Најлесното родено женско бебе тежело само 244 грама Izvor: Makfaks
|
|
|
|