Maca25 -> RE: Објаснување - `нови` сини картони (21.7.2011 12:25:32)
|
Невработените ќе пополнуваат изјава за сини картони петок, 01 јули 2011 Почнувајќи од денеска, сите невработени ќе треба да пополнат Изјава за приходите кои ги оствариле минатата година, врз основа на што ќе се утврди дали ќе имаат право од 1. септември да добиваат сини картони на товар на државата или сами ќе плаќаат за нив. Изјавите, во наредните два месеци, невработените ќе ги пополнуваат во бироата за вработување каде ќе има и членови од Фондот за осигурување. Приходите кои во Изјавата не треба да се пријавуваат се: социјална помош, надоместок за телесно оштетување, награди, стипендии и кредити за ученици и студенти, детски додаток, еднократна помош за новороденче и родителски додаток, алиментации, надоместок во случај на смрт и надоместок по основ на невработеност како и приходи добиени од волонтерска работа. Семејствата кои имаат барем еден вработен член, нема дополнително да плаќаат за сини картони, зашто тие и понатаму ќе бидат осигурани преку тој што е вработен. Семејствата со невработени што имаат годишни приходи од 132.000 до 182.000 денари, за сини картони ќе плаќаат по 1.100 денари месечно. Оние на кои годишниот приход им е повисок од 182.000 , за сини картони ќе плаќаат околу 2.200 денари месечно. Студентите ќе добиваат сини картони преку родителите, без да се уплатува дополнително за нив.
|
|
|
|