Еца -> Светски ден на писменоста (8.9.2009 18:46:21)
|
Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) во 1967 година го прогласи 8 септември за Меѓународен ден на писменоста со цел секоја година на тој датум да се истакне важноста на читањето и писменоста во животот на поединецот и друштвото во целина. Според податоците на УНЕСКО и други меѓународни организации, од вкупниот број неписмени во светот, две третини се жени, а 113 милиони се деца. Најмалку 862 милиони луѓе во светот се неписмени, покажуваат податоците објавени по повод 8 септември, ден на писменоста.
|
|
|
|