Calypso -> RE: Посета на гинеколог-упат за МАНУ - help (5.12.2012 11:29:32)
|
Јас не можам да сфатам, кога си правела ПАП, а кога те пратил докторот во МАНУ? Инаку, во МАНУ се прави типизација на примерокот, односно да се открие дали има ХПВ и кој тип е. На папот имало клеточни промени за кои докторот се посомневал дека се предизвикани од ХПВ вирус. Затоа и те пратил во МАНУ, да се види дали имаш ХПВ и ако имаш, кој тип е. Папот не покажува дали имаш ХПВ, само покажува дали има промени на клетките на грлото на матката и од кој степен се. Нема зошто да се плашиш, не помислувај одма на најстрашното! Психата е страшна работа, може да направи белја и таму кај што ја нема. Ако имаш ХПВ, ќе треба да работиш на засилување на имунитетот и редовно да ја следиш состојбата. Ајде, главата горе!
|
|
|
|