Snowhite RR -> RE: Животно осигурување (20.2.2012 18:53:28)
|
Значи како што ви кажав вчера дојдоа од осигурување да ни презентираат и потпишавме договор, мислам мм потпиша на 30 год по 250 евра годишно. Многу сум горда на ова, зашто ова е како еден вид штедење за тебе лично, за фамилијата, а пред се за децата и мислам дека секој треба да размисли да го направи ова, зашто 250 евра годишно секој може да си дозволи, тоа се 40 ден, дневно, тие пари ако не ги вложиш во ова, секако ќе ги потрошиш за нешто друго. Ова е всушност трет пензиски столб, кој за брзо време ќе се рашири и ќе биде задожителен за сите. Овие пари што ги вложуваш не се неповратни, загубени, туку ги штедиш и во секое време доколку ти требаат можеш да си ги извадиш, а ако не ги вадиш кога ќе дојде време за пензија ќе си земаш уште една пензија девизна, а во случај да не дочекаш тогаш ја наследуваат децата. Од краткото и брзо објаснување толку разбрав, ама доволно за да сфатам дека е убава и корисна работа
|
|
|
|