Snowhite RR -> Санитарија (27.7.2011 8:25:43)
|
Бидејќи моментално го правиме спратот од куќата и сме стигнати до купатилото, односно до водоводот па пред да се направи треба да одлучиме за некои работи. Затоа би сакала совет од вас во врска со уредувањето на купатилото, односно санитаријата Па еве вака, ние сакаме да купиме моноблок шоља, ама некои велат дека морало по двапати да се пушта вода, па дури и со леген за убаво да „истера“. Потоа во врска со чешмите дали е подобро од ѕид или од лавабото да излегува? Исто така сакаме под лавабото понатаму да си направиме како шкафче со врати со полици за чување на некои работи внатре. Е сега јас мислам или да купиме готови, ама се доста скапи, така да не знам дали ќе ни стигнат парите сега за тоа или да купиме само лавабо, без столб, за да можеме пнатаму сами да си направиме. Ама така, во една продавница ни рекоа дека во тој случај лавабото ќе треба да биде прицврстено на ѕид и не е стабилно и ако некој се потпре посилно може да го скрши. И најважното, се двоумиме дали када или туш кабина да купиме. Не е многу големо купатилото, кадата ќе ни зафати голем дел, ама е попрактична. Мајсторот за туш кабините рекол дека на многу места каде што му имал наместено туш кабнини по неколку години го викале да им ги вади праваните и да остане само када, бидејќи се искривувале и не знам што, потоа дека кабината не е практична за жена, бидејќи не може внатре да капи дете, да пери итн. Од друга страна малку простор зафаќаат и плус кога одиш да се тушираш купатилото ти останува чисто не ти се водени. Ајде ве молам за совети, треба за 2 дена да ги донесаме овие одлуки за да може мајсторот да почне да работи
|
|
|
|