anedespo -> Што би смениле во нашиов систем на образование (4.8.2011 13:36:56)
|
Ајде луѓе дајте идеи што би направиле доколку би имале можност и како Вие го замислувате учењето на децата од најмали нозе па нагоре. Според мене тој процес би требал да започне уште од тригодишна возраст со задолжително посетување на децата во градинка, се со цел навремена социјализација и елиминирање на сите проблеми кои подоцна се јавуваат. Во градинките да има вработено логопеди, дефектолози, психолози кои навреме ќе откријат дали детето има пречки со учењето, социјална незрелост, агресија, адхд, аутизам, проблем со однесување. Меѓутоа и надареност, талент. Со оваа мерка ќе се помогне сите деца кога ќе тргнат на училиште да бидат горе доле на исто ниво, со што ќе нема закачања, префрлања, губење на самодоверба, повлекување. Додека тие надарените ќе се стимулираат се повеќе и повеќе за да максимално го изразат својот потенцијал. Во основно треба програмата да е прилагодена на мнозинството деца, не на најдобрите како што е некаде, а како што и беше во мое време. На Оние што заостануваат уќителките треба да им се посветат со дополнителна работа после школо. Сите оние предмети како физичко, музичко, ликовно, техничко да бидат само описно оценети. Сепак не се работи за знаење туку за умешност и талент. Ако повеќе работиш и се трудиш не значи дека ќе добиеш и повисока оценка. Со ова децата само се разочаруваат им се квари просекот со работи во кои талентот има најголема улога. Сепак треба да се активираат секциите за напредните деца во овие области. Средното треба да биде општо гимназиско за сите бидејќи сметам дека се уште се мали за сами да одлучат што ќе сакаат да работат кога ќе пораснат. Е на факултет 1 од годините на студирање на биде пракса, директно фирми со кои факултетите ќе склучат договор и нормално ќе се контролираат да не испадне практикантите само кафе да варат и пошта да разнесуваат. Имам милиони идеи само не ми текнуваат во моментов. Пак ке допишам ако нешто ми текне.
|
|
|
|