penelopa -> RE: Колку пари трошите за фризер? (12.7.2010 15:09:03)
|
5 едноставни и модерни летни фризури Романтична Ако барате нежен романтичен изглед, ова е вистинската модерна фризура за вас. Треба да имате виткана коса или пак сами да оформите ситни локни. - Разделете ја косата на два дела со патец кој ќе минува напречно од врвот на едното до врвот на другото уво.
- Горниот дел фатете го високо на главата со помош на стегач и разбушавете ја косата.
- Искористете венче како моден додаток. За секојдневен изглед, изберете поедноставно венче без многу детали. За погламурозен изглед, изберете венче со циркони или со голема панделка.
Елегантна пунџа Ако во летните горештини косата само ви создава уште поголеми проблеми, изберете фризура тип пунџа. - Исчешлајте ја косата и направете си патец настрана. Фатете ја со помош на стегач на другата страна. Со помош на восок замазнете ги непослушните влакна.
- Коњското опавче сплетете го во плетенка, а потоа навртете ја плетенката околу стегачот. Прицврстете со шноли. Можете да ставите неколку украсни шноли на двете страни на главата.
Рок убавина - Раширете ги прстите на раката и поминете низ косата во средината на главата. Фатете го тој дел со штипка и прицврстете го на горниот дел од главата.
- Од косата над ушите земете два прамена широки по 5 сантиметри. Напрскајте ги еден по еден со лак за коса и веднаш зачешлајте ги наназад. Назад фатете ја косата од двата прамена со стегач за коса за да оформува коњско опавче.
- Ослободете ја косата од горниот дел на главата. Наведнете ја главата надолу и со помош на обичен чешел започнете да ја тапирате косата. Исправете се, зачешлајте ја нежно површината на косата наназад и фиксирајте со лак за коса.
Модерно опавче настрана Не ја потценувајте моќта на бушавото опавче. Оваа фризура е идеална како за на плажа, така и за вечерна забава. - Исушете ја косата со фен без да користите четка. Патецот направете го на едната страна и со помош на стегач соберете ја целата коса во коњско опавче на другата страна. За да добиете секси волумен, зграпчете ја косата во горниот дел на главата и стегнете ја дланката во тупаница.
- Издвојте еден подебел прамен од опавчето и напрскајте го со лак за коса. Потоа завртете го околу стегачот за да го покриете. Прицврстете го со шнола.
Кратка и бушава Доколку имате кратка коса, летото е она годишно време кога можете целосно да заборавите на вашата фризура. Едноставно разбушавете ја косата и ќе се вброите меѓу најмодерните. - Потсушете ја косата со фен, без притоа да користите четка или чешел.
- Земете восок или гел за коса и нанесете на врвовите на косата. Потоа продолжете да ја сушите уште малку.
- Со помош на прстите разбушавете ги прамените на различни страни и сте подготвени за летна забава.
*Извор: Фемина.мк*
|
|
|
|