Роденденска торта (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Да готвиме заедно



Порака


srnicka -> Роденденска торта (11.9.2009 11:15:58)

Eve me i mene povtorno posle nekoe vreme, ali sluzba si e sluzba druzba si e druzba.Za pocetok da vi kazam deka mi falevte i deka ve sledev odvreme na vreme za da vidam sto se slucuva a sega mi trebate :), Na mm mu e rodenden vo nedela pa sakam da mu pravam torta, ajde pisuvajte nekoj recept ( za ne tolku golema domakinka) znaci lesen recept a da e rodendenska. pozdrav do site [sm=bravo.gif] [sm=bravo.gif] [sm=bravo.gif]




mother 29 -> RE: Роденденска торта (11.9.2009 11:20:06)

Кафе торта[image]http://www.hrana.com.mk/gallery/2009/08/recepti/kafe-torta.jpg[/image]


Потребни состојки:
  • 7   Шекер лажичка/ки
  • 250 грама Шеќер во прав
  • 80 грама Ореви
  • 400 милилитри Млеко
  • 4   Кафе филџан/и
  • 100 грама Карамел
  • 3   Жолчка/ки
  • 1   Ванила пудинг/а
  • 50 грама Брашно
  • 7   Јајца/це



  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 45 мин
    Краток текст:
    Кафе торта
    Подготвување:
    Седумте јајца и 7 лажици шеќер долго се матат да се добие кремаста маса. Се додаваат мелените ореви и внимателно брашното, при што се меша со лажица. Тестото се пече на два пати во голем плех од шпоретот.

    Печените теста се делат на два дела, да се добијат 4 правоаголни кори. За филот, во 4 филџани варено кафе (без талогот) се додава 1 чаша млеко и 6 лажици шеќер. Се става на оган да се загрева.

    Пудингот се растопува во филџан мелко да нема грутчиња и постепено се додава кај кафето и мешајќи се вари крем додека да се згусне. Се остава кремот сосема да се олади. Во меѓувреме, путерот пенасто се мати со шеќерот во прав, на што подоцна се додаваат и три жолчки една по една, при што се продолжува со матењето смесата да биде пувкава.

    Четирите кори од тестото се премачкуваат со фил, а се премачкува и одозгора. Потоа се посипува со толчена карамел маса и толчени ореви, а по рабовите на тортата се прават купчиња од филот. Тортата се става во фрижидер добро да се олади.




  • mother 29 -> RE: Роденденска торта (11.9.2009 11:22:41)

    Снежна тортa


    Потребни состојки:
  • 100 грама Шеќер
  • 150 грама Чоколадо
  • 50 грама Путер
  • 1   Пакување готови пусли
  • малку   Кора од лимон
  • 1   Жолчка/ки
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 75 грама Брашно
  • 600 грама Блага павлака



  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 50 мин.





    Подготвување:
    Тесто: од наведените состојки (без чоколадото) замесете меко и мазно тесто. Расукајте го и ставете да се пече во висок калап за торта, предходно намачкан со путер, Печете 10 минути во рерна на 200 степени. Извадете и оладете па испрскајте со истопено чоколадо.

    Изматете ја слатката павлака со шеќерот, но не многу цврсто. Додајте ги оладените (предходно истопените), чоколадото и 8-10 пусли искршени на половина. Потоа лесно се измешува и кремот се нанесува над кората. Подготвената торта префрлете ја на 5 часа во фрижидер (или замрзнувач). Украсете.

    Пред сервирањето тортата оставете ја 10 минути на собна температура.




  • mother 29 -> RE: Роденденска торта (11.9.2009 11:23:35)

    ovaa sneznata torta ja imam praveno i odlicna e.




    srnicka -> RE: Роденденска торта (11.9.2009 12:26:59)

    Fala mnogu mother 29 , ke razmislam koja ke ja pravam pake ti pisam




    ostoun -> RE: Роденденска торта (9.10.2009 9:39:44)

    Дали тортите од Канела можат да се купат од Веро .Знам дека некои сларкарници прават ама не знам дали и оваа? Се ближи роденденот на ќерка ми а во Тетово тортите се никакви по вкус.




    bojanas -> RE: Роденденска торта (9.10.2009 9:42:51)

    Нема во Веро. Во последно време вкусот им е блјак во двете канели. Јас нарачав торта сега од Дамбо во Маџари и беше супер плус ја носат до игротеката каде што слевиш роденден.




    ostoun -> RE: Роденденска торта (9.10.2009 9:44:11)

    А кој вкус би ми препорачала?




    profesorica -> RE: Роденденска торта (9.10.2009 9:44:35)

    ние имавме од канела екстра беше.




    bojanas -> RE: Роденденска торта (9.10.2009 9:49:09)

    Ако е само за деца има една со нутела и крем банани и е супер за децата ја обожаваат. Инаку чоколадната и гријаж им се супер. Има и убави мињони што можеш да ги служиш за повозрасните. Инаку најквалитетни торти најубави има во Битола, Канела вода да им носи и за изглед и за вкус. Во Слатка магија во Скопје прават многу добри торти за вкус ама не се баш добри во украсувањето




    mis. -> RE: Роденденска торта (9.10.2009 9:56:06)

    ИЗВОРНА ПОРАКА: bojanas

    Нема во Веро. Во последно време вкусот им е блјак во двете канели. Јас нарачав торта сега од Дамбо во Маџари и беше супер плус ја носат до игротеката каде што слевиш роденден.

    Кај се наоѓа таа Дамбо во Маџари?




    ZVONCICA -> RE: Роденденска торта (25.10.2009 22:45:45)

    ee dajte pomognite mi kade da najdam vo skopje matrejali za torta na primer boi i drugi detalji mi treba hitno pa sigurna sum deka ke mi pomognete.FALA




    nenicka -> RE: Роденденска торта (25.10.2009 23:20:06)

    на мене ми се допаѓаат тортите од кармен од драчево  но добрисе и од канела ама црвената има во аеродром 




    Боцко -> RE: Роденденска торта (25.10.2009 23:25:48)

    oдлини торти има карамела во центар зад универзална. нови се и се трудат. жената 10 години работела во канела пред да отвори своја. еве веќе два-три родендени од таму земам или торта или ситни колачи. плус е разумната цена.




    Еца -> RE: Роденденска торта (25.10.2009 23:31:37)

    Без размислување ШАРЛОТА во Маџари, од таму зема свекрвата веќе 6 години и родендени, и за да се најде дома благо земаме од таму, тортите се закон. Толку се вкусни, убави, домашни би рекла. Цените се прифатливи, а имаат опција и до дома да ви ги донесат. Еве и сега за дружењето од таму беше, а и за во недела за роденден за Мартина од таму ќе нарачам.


    Инаку материјал за торта и се што ти треба ќе најдеш во едно старо дуќанче веднаш до црквата Св. Димитрија кај старата автобуска. Сигурна има такви работи и по големите маркетзи, но за ваму знам дека има само такви работи, мало дуќанче.




    Боцко -> RE: Роденденска торта (25.10.2009 23:33:46)

    материјали има и во дуќанче помеѓу факултетите и бит пазар. снабдуваат и слаткарници, мислам продаваат на мало и големо...




    mis. -> RE: Роденденска торта (26.10.2009 9:37:54)

    За роденденот на Мартин порачувавме торта од канела.Но монатата година плативме торта голема кола од цртаниот cars а добивме мала макета.Толку беше мала што не стигна за сите па моравме помали парчиња да им сечиме а плативме 1350 ден една доза.Не можев парче да извадам само локум одизгора еден дебел слој а внатре торта смешна дебелина.Оваа година дефинитивно од Шарлота,одлични торти со приступачни цени само за декорација не ми се свиѓаат само со шлаго дозгора и цртеж компјутерска слика.Но џабе добра декорација без вкус торта.




    belka -> RE: Роденденска торта (25.11.2009 14:17:34)

    kazuvajte kade da najdam slika za torta so PRINZETITE na Disney ili pak samo snezana ili pepelaska.
    Do lani ka Jana naracuvav torti , no ovaa godina so ogled na toa sto saka striktno da bidat princezi resiva da kupam od tie slikite sto se stavaat vrz tortata.




    belka -> RE: Роденденска торта (25.11.2009 14:19:54)

    kade e toa dukance pomegu fakultetite i bit pazar potocno ????




    mami -> RE: Роденденска торта (24.2.2010 10:38:48)

    Ајде предлог за посна торта..ама посна и без зејтин[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]Годинава роденденот ми се паѓа на Велики Четврток и тогаш е нели строг пост..а не иде без торта...




    caci20 -> RE: Роденденска торта (24.2.2010 11:54:44)

    Tesko poveketo imaat ili zejtin ili margarin




    profesorica -> RE: Роденденска торта (24.2.2010 11:57:39)

    епа маргаринот е посен нели[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

    чек мами најдов некои рецепти ама на српски се




    zami -> RE: Роденденска торта (24.2.2010 11:57:39)

    Ledenata torta e posna, mozes da ja pravis so kakao ili so cokolado za gotvenje koe e posno.

    posni biskviti, orevi, zele, suvo grozje, cokolado za gotvenje.




    caci20 -> RE: Роденденска торта (24.2.2010 11:59:50)

    Ama na veliki cetvrtok mislam ne se jade ni margarin, ako e rastitelen, i zejtinot e soncogledov




    profesorica -> RE: Роденденска торта (24.2.2010 12:00:03)

    posna torta so banana

    Sastojci za 10 porcija
    500 g keksa Avala (postan keks na kilo sličan pti beru)
    3 banane
    125 g margarina Rama
    2 pudinga od vanile
    100 g suvog grožđa
    100 g žele bombona
    100 g seckanih oraha
    100 g mlevenih oraha
    200 g listića badema
    malo džema od kajsije200 g secer
    Priprema
    Skuvati puding na vodi.
    Kad se prohladi dodati margarin, umutiti i onda dodati mleveni keks, banane seckane na kolutove, orahe i seckane i mlevene, secer, suvo grožđe i sitno seckane žele bombone. Oblikovati tortu po želji, premazati je džemom u tankom sloju i zalepiti puno propečenih listića badema.




    Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>