Mila mamicka -> RE: Paзочapyвање од најдобpиoт другар/ка (4.6.2014 8:50:58)
|
Се имам разочарано од најдобра другарка и тоа многу. Почнавме да се дружиме во прва година средно, и за недела-две станавме неразделни. На училиште постојано заедно, после тоа пак, спиење де кај едната де кај другата, излегување за викенди нон стоп заедно, подршка во сите тажни моменти, споделување на сите среќни моменти. После средно, се запишавме на ист факултет, цело време бевме заедно, сите ни завидуваа на искреното другарство. 4 години живевме во ист стан. Значи, нон стоп бевме заедно. Кога се караше со дечко и (сегашен сопруг) секогаш јас бев таа што го смирува (јас и ги запознав, затоа што ми е близок роднина). Ама, кога некој не знае да го цени сето тоа што го правиш за него, тоа е. Откако се вратив од факултет во мојот град, а таа остана во Скопје, затоа што дечко и е од Скопје (а тоа и беше едниствена цел, да не се врати кај нас, туку да остане таму) се се смени. Престана да се јавува, си идеше на викенди кај нејзините не ми се јавуваше да се видиме. Кога некој ќе ми кажеше дека била тука, а не ми се јавила, срцето ме болеше. Едноставно не можев да верувам дека човек може толку да се смени. Пробував да одржувам врска 5-6 месеци со неа, ама кога видов дека не е обострано, прекинав. Кога ми дојде на свадба, не ја чувствував како блиска другарка, туку само како познаничка. Сега веќе не се замарам, едноставно ја избришав од мојот живот.
|
|
|
|