Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Јас перам 1 неделно на Мила облека. Еднаш неделно бели и еднаш шарени, еднаш на 2 недели постелнина и еднаш неделно на рака нешто ако треба. Генерално имаме доволно облека да не морам да перам често и речиси никогаш не пуштам полупразна машина иако собира многу. Мила се пресоблекува најмалку 3 пати дневно што од кеиф. Јас и мм фармерки, панталони и здолништа носиме и по неколку пати ама маици блузи кошули по еднаш и идат на перење ама сепак не перам пречесто.
Од син ми перам на 2 дена, а наши уклучувам 2 машини неделно. На рака не перам ништо и сега за сега ич не пеглам. Од син ми ништо не пеглам, а бидејќи јас сега не сум на работа и мое нема ништо за пеглање. Ама затоа пак штом почнам на работа знам дека ќе се убивам од пеглање мои алишта.
Па јас ви се чудам, мислам јас да не перам премалку, ние сме тројца дома и јас во просек пуштам 2 до 3 машини неделно, не знам можеби затоа што јас не одам на работа, претежно дома седам, па не валкам многу, од бебушот се собираат повеќе, ама тие се малецки за да наполант една машина, па чекам да се извалкаат повеќе негови алишта и постелнина еднаш на две недели перам
порано пуштав машина секој ден, ама ми се смачи. Сега пуштам 1 неделно бели, Х2 шарени и постелнина кога ќе ми дојде, најчесто на две недели. Ама со белите ги перам и навлаките од перниците. Пешкирите ги собирам и ги перам кога ќе останам со уште еден, два чисти.
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
Пуштав секој ден машина, макар и за 3 работки. Сега се опаметив! Пушам сабота недела, чекам да ни се собере полна машина за мене и мм, а исто и за нина. Цел викенд полна треаса со алишта што се сушат!!
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
sekoj den po nekolku masini pa toa e mnogu kolku dusi ste paleska ...jas posebno peram od deteto posebno rabotnickite od mm gi delam na 4 grupi posebno svetli pa beli itn.ali nemam za sekoj den nie sme trojca stom se soberat i togas moze da se desi edna nedela da nema nisto pa potoa nekolku masini edno po drugo
Jas peram skoj Cetvrtok i Sabota. Vo Cetvrtok peram po edna masina beli, po edna masina postelnina+peskiri, i edna masina farmerki Vo Sabota peram po tri masini sareni i edna masina na Sara i dvata prekrivaci na krevetite sto mi se bile ovaa nedela.
Де бе што праите со секој ден по неколку машини Јас пуштам 3 машини неделно, додуше само двајца сме сеуште, не знам како ќе биде кога че сме тројца ама ба неколку машини е премногу
Една машина дневно од Миа, еднаш на два дена бели од нас, секој ден шарени, некогаш фротирки и кебиња (зависи што ќе поврати)
Колку пати ја преслекуваш Миа во денот па што пушташ секој ден машина само за нејзината облека? Мислам колку пати и да ја преслекуваш не може да се наполни машина со толку мали алишта. Еве јас овој пат решив да не пуштам машина се додека не се извалкаат сите комплети, шпикозни, боди и буквално се од Михаил и да ви кажам две недели немам пуштено машина со негови работи и еве вечерва ги ставив за утре сабајле да ја пуштам и се уште е полупразна, па ќе ставам утре уште нешто, макар и чисто да се наполни. Навистина не ми е јасно што перите по толку машини во еден ден или празни ги пуштате машините, не знам што да речам
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
Е добро сега ми е јасно, се почуствував како само јас да одам неперена , ама јас додека не се наполни машината не ја пуштам, ако треба некогаш како што реков нешто малку валкано или скроз чисто ќе ставам и мислам дека не е убаво да врти празна машината
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
Не можам да кажам точно 2 или 3 пати неделно, ниту имам одредени денови за тоа, едноставно ко ќе се наполнат корпите тогаш. Нормално, посебно бели од шарени. Кога беше помала ќерка ми уклучувавав скоро секој ден, бидејќи многу се валкаше, ама сега веќе не толку и нејзините алишта ги перам заедно со нашите. Порано и ги перев посебно.
Ауууу, аман ма Палешка за 2 парталчиња ја вртиш машината, зошто? На керка ми уште посебно ги перам и ги собирам цела недела, притоа не ми се полни машината со алишта па ја перам секоја недела и постелината нејзина, кебенцето, и пешкирите нејзини заедно и некоја плишана играчка ако се извалкала, облеките од куклите, па така ја полнам. Јас ако не ја накрцам до даска не уклучувам машина. Само црвени алишта имам многу малку и нив ги собирам пола машина и ги пуштам на краток програм од 30 минути на 50 степени. Се друго собирам да ми се наполни машина.
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
od malecko dete za dva dena ne mozis da napolnis masina i od golem ne mozis za dva dena da napolnis masina makar i da gi mesas sareni beli mali golemi i ne mozis
Може сузето. Јас имам малечко и гооолемо дете. Син ми двапати во денот да излезе цела кофа со алишта ми полни. Ама ај си велам во пубертет е нека се пресоблекува А бебето повраќа стручно и на мене и на неа. Три пати во ден да поврати, ете ти пола машина Ми се смачи
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
kaj nas svekrva mi ,,strogo ni zabrani,, da perema na raka ,zatoa sto kako sto veli taa masinata ne e po bitna od nas pa taka ja ulkucuvam sekoj den osven petok a vo nedela i do 3-4 pati .Masinata ima mnogu opcii peri mn ubavo pa i toa sto e po nezno i za na raka go perime vo nea.
Еднаш неделно за Филип, во недела кога има евтина струја Имам преполн плакар со бебешки облеки и таман собирам за една машина неделно. А наши две неделно, бели и шарени.
Се поретко Само во сабота или недела. Смачено ми е да перам и да пружам алишта... ми иде коа ќе ја видам полна корпата сите у контејнер право да ги однесам и после да се правам мутава кога ќе ми ги бараат...
и сум се повторила на темава бе... не ни видов, сори
< Поракaта ја уредил виктори -- 25.10.2010 22:59:34 >
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.