Snowhite RR -> RE: Втора бременост (30.6.2012 18:20:55)
|
Не знам дали и некоја друга трудница се чувстувала вака за втората бременост, кога дознав првиот пат дека сум бремена, бев многу возбудена, летав од радост, а сега воопшто, дури понекогаш се прашувам дали го сакам ова, воопшто не размислувам за ништо, како ќе биде, што ќе биде, не ми се зборува за тоа ич, витамините кои ми ги даде, почетокот нон стоп заборавав да ги пијам, значи немам мајчински инстинкт воопшто, дури малку и ме фаќа грижа на совест поради тоа. Наместо да бидам среќна, мене само депресии ме маваат. Не знам што е работава, дали се уште е рано, се уште не сум свесна за фактот дека ќе имам уште едно дете, не знам што е. Инаку за сега нема разалика, освен што мислам дека овој пат стомакот многу рано ќе почне да ми се познава, првиот пат до петти, шестти месец не се познавав дека сум бремена, а сега помалку од 2 месеци сум, а веќе малку ми се познава.
|
|
|
|