RE: Места во Македонија за викенд! (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Излети и годишни одмори



Порака


LoveableMe RR -> RE: Места во Македонија за викенд! (12.9.2014 14:45:29)

Ние бевме еден викенд во Берово, во приватно сместување во градчето, навистина е убаво на 4 -5 км од езерото е, дури и во градот се чувствува чист воздух, мирно е и чисто. Можете да ручате во градот за евтини пари во ресторанчињата во Центар, обавезно да ги пробате ќебапите во Мрс и рибите во Клепало (тоа е на 10км од Берово) преубав амбиент, убава природа.

Може кога ќе одите на планината кафе да пиете во некои од приватниве куќи, прават кафе, нудат сокови од малини капини и сл. , а има и за продаваење, како и мед, компири и други сирупи од бор. Во Аурора може да се напиете кафе, ако ве пушти чуварот, бидејќи наводно било ограничен влез само за гости, нас не пушти но гледаше дали ќе седнеме во ресторан, не дозволи да се шеткаме наоколу.

Во секој случај, убава можност за викенд и за прошетка.




miana -> RE: Места во Македонија за викенд! (15.9.2014 11:07:33)


ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Денес јас и мм одиме на викенд без деца во село Гари ...Едвај чекам малце да си ја излуфтирам главата и да си се посветиме со мажето!

Претпоставувам дека сите сте слушнале за Гари и Лазарополе, накај Дебар, па имате претстава за што зборувам..
Ова е идеално место за викенд во Македонија!!! Ке ви поставам сликичка кога ке си дојдам од таа недопредан природа од зеленила и водопади [sm=smiley1.gif]


Ништо од мојот романтичен викенд..
Во петокот јас така спремна и среќна дека ке поминам еден убав романтичн викенд со мм, чекам да ме земе од работа и да појдеме..
Дојде по мене, наминавме до 7 ца да си земеме по еден сендвич за таму кога ке стигнеме, и јас така изслегувам во 7 ца, пред да влезам во кола ми звони моб, свеки врти и прашува дали сме пошле.. Викам - еве сега тргнуваме, зимавме за јадење, а таа - е арно вие ке тргнете, ама Дариа гори од тепмература [sm=smiley19.gif][sm=hudicek1.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=hudicek1.gif] И така јас и м, свртевме количето и накај дома... Детето навистина изгоре од температура, трчавме по доктори! Нашиот романтичен викенд помина крајно неромантично.. Ако има по0голем баксуз од мене, нека се јави!!!




Felly RR -> RE: Места во Македонија за викенд! (23.9.2014 11:47:46)

Ние во неделата бевме во Крушево, па поминавме и на Мечкин Камен. Прв пат сум била таму, и морам да кажам дека местото навистина ептен ми се допадна. Имаше и големи дрвја за сенка, под нив направено дрвени клупи и маси, големи ливади за децата слободно да трчаат и да играат. И дури криво ми беше што порано не сме се сетиле да поминеме од тука, а повеќепати сме го посетиле Крушево летово, ама ете за Мечкин Камен прв пат сега ни текна.




Snowhite RR -> RE: Места во Македонија за викенд! (29.9.2014 11:25:11)

Ние сме во план сегас додека ми е одморов да отидеме на еден продолжен викенд до Крушево и баш планирав и ние до Мечкин Камен да одиме, јас сум била, ама како мала, а сега одиме само до Крушево и ние, не сме биле до споменикот, баш ќе отидеме до таму
А Фели дали сте биле до манастирот што го градеше Тоше? Викаат дека е далеку, ама си велам и така ќе бидеме 3-4 дена, да одиме и до таму, зашто Крушево како гратче е мало и еден ден е доволно да се прошета, така да ќе имаме време и за другиве места




Felly RR -> RE: Места во Македонија за викенд! (29.9.2014 11:39:44)

Не сме биле до манастирот, но вие ако одите на повеќе денови тамам ќе имате и повеќе време да посетите повеќе места, а еве и времето изгледа ќе биде потопло па тамам за една прошетка. [sm=smiley20.gif]




Snowhite RR -> RE: Места во Македонија за викенд! (9.10.2014 23:38:11)

Нашиот викенд во Македонија се претвори во викенд надвор од Македонија[sm=smiley1.gif] Ни испадна прилика со ептен блиски пријатели кои живеат во Софија и минатава недела си беа дојдени, па во петокот си заминуваа и се договоривме да одиме и ние со нив да прошетаме до Софија. Така да, Крушево останува за некоја следна викенд дестинација




sandriana RR -> RE: Места во Македонија за викенд! (10.10.2014 10:49:34)

манастирот што го градеше Тоше? Викаат дека е далеку,

Манастирот е далеку, за пеш одење...со кола се стасува брзо, за 15-20 минути максимум.
Кога бев пред 4 години, се уште не беа пуштени конаците, но сега веќе се е стокмено. Следна прилика секако да го посетите, местото е многу убаво.




marchi -> RE: Места во Македонија за викенд! (13.12.2015 19:58:11)

jas planiram da odam na romanticen vikend kade sto e mirno i tivko i da ima ubav pogled na priroda.da mozam da legnam da se iznaspijam i da ispijam edno dve tri kafinja raat.[sm=smiley36.gif] koj ima nekoja idea neka mi kaze [sm=smiley1.gif]




Kvisko -> RE: Места во Македонија за викенд! (13.12.2015 21:32:07)

Аурора спа Берово или Радика спа Маврово. Ем убава природа ем спа третмани дупло уживање. Овој период од годинава не би требало да сд многу полни па може и да сте сами во сауни и слично супер романтично.
Евентуални хотел Манастир Берово.
Ако ми текне нешто плус ќе пишам.




marchi -> RE: Места во Македонија за викенд! (17.12.2015 12:19:00)

bas sega gi gledam na google tie mesta.za katlanovska spa banja znam,sme odele tamu na praksa e bas zgodno i relaksiracko e sega ne znam tamu smestuvanje dali ima za restoran znam deka ima.




Sunshine88 -> RE: Места во Македонија за викенд! (6.2.2016 1:56:11)

Берово дефинитивно....И тоа во приватна куќа, само два апартмани има, и огромен двор. Цените во Аурора се изгор(80 ден турско кафе), во Манастир не сакам зошто одам за планина а не за да сум пак во град, инаку за ручече Манастир е топ. Не го менувам местово за ништо на светот...Таму се чувствувам како дома. Целосно се опремени, имам приватност...Тотално се опуштам. Кога му се зафатени не ни одам во Берово.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]