|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
21.9.2011 18:39:18   
Џесика
Маминка, мислам дека многу си згрешила што си влегла во занималната со него, тој сега веќе ќе знае дека таму може и мама да влезе и нема да прифати поинаку. Доколку твоето дете зборува и соработува е многу полесно, и нормално е да плаче уште, па втора недела не е така многу. Деца со месеци плачат, внука ми со години user posted image ... не се откажувај и не се разочарувај, кога ќе види-не види ќе се смири, а и сега сите дечиња плачат, а твоето има 12 месеци, сепак траума е за негоuser posted image Мислам дека не треба да попуштиш, има време...

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот maminka)
Непосредна врска до пораките: 51
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
22.9.2011 8:33:14   
miana
Kerkami odi od 1vi septemvri vo gradinka...Prviot den vi imam kazano bese mnooooogu strasno...Se slusase i do nadvor kolku vristese histericno....Sekoj den imase prolivce nasabajle,ja "bolese" stomak i sl..Nirtu eden den od 1 vi septemvri ne otskoknav...Prviot den sedes 1 saat,i sekoj den po pola saat plus...Sega veke i pocna da spie so toa sto ucitelkata mora da legne do nea i da i dade raka da ja gali ( kako mene sto mi pravi) ..Sekoe utro od 1 vi septemvri kerkami place..Znaci sekoe utro bez isklucok ona place..se natazuva koga ja ostavam i potoa se smiruva i jade i si igra i spie i nosi petki doma i sl.Ama zatoa pak doma e UZAS...I so ubavo sboruva za gradinka,ne negoduva da odi...samo na vrata koga si odam i vikam cao - togas place ..Bas sabajlevo place i vika : ja sakaam majkamiiiiii,mnogu e ubava majkamiiiiii user posted image Koj znae kolku se smeat so nejzinite filmovi.....Samo ne se otkazuvajte...Ke se naviknat..Znam kako boli dusa i jas placev so nea - ama toa e za nase inejzino dobro...

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 52
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
22.9.2011 8:50:30   
blue_blue
Maminka,

Еве неколку совети:
- секој пат кога ќе го однесенш кажи ми дека ќе го земеш (ти или кој веќе го зема). Кажи му дека тука ќе си игра со децата, ќе учи песнички и ти после ќе дојдеш да го земеш. Најчесто плачат од страв дека ќе бидат оставени.
- нека избере некоја играчка од дома што ќе ја носи со себе
- објасни му дека некое поголемо дете од него кое он го знае и го сака многу иде исто у градинка дека е големо и дека таму му е убаво и си игра со деца и учи
- гледај секогаш иста учителка да го прима на сабајле и кажи му дека ќе идете кај таа и таа тетка...

Последен совет: ако имаш чувство дека не се грижат ко што треба за детето ич не чекај други да ти викаат ќе се прилагоди, нормално е да плаче. итд...туку премести си го во друга градинка. Некогаш зависи и од хемијата на детето со ушителката.

Поздрав, пиши како иде прилагодување

(Одговор на членот maminka)
Непосредна врска до пораките: 53
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
22.9.2011 9:02:10   
miana
ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

jas mislam deka deteto e mnogu malo za takvi objasnuvanja,nema da razbere...Ima samo 12 meseci user posted image Toa  e losoto..A nitu edna od tie ucitelki nema vreme da mu se posveti tolku za da go smiri kako mama sto go smiruva i toa e najgolemiot problem...Na tie deca od taa vozrast im e mnogu potesko,neznaat ni da si igraat so nesto konkretno ni nisto..Ako doma bilo centar na vnimanieto - tamu za zal ne e ,ama ke mora da se navikne...

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 54
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
22.9.2011 9:16:25   
maminka
Фала ви на сите за советитеuser posted image !!! Еве и денес сме у ист филм...сабајле уште од дома почна со плачење (зашто го разбудив и изгледа веќе знае кај ќе иде кога го будам рано). Остана пак да плаче у градинка и очекувам секој момент да ми се јават за да го земе некој (некако имам чувство дека денес ќе има хистерично плачењеuser posted image ). Блу_блу фала за советите, од утре ќе гледам да применам нешто иако и до сега зборев цел пат до градинка кај ќе идеме, му ги спомнувам дечињата од група како ќе му даваат играчки, ама искрено незнам колку ме разбира (или не-сака да ме разбере) зашто има само 12 месеци. За поголемо дете и тоа некако непомага, зашто ќеркичката (има скоро 4 годинки) оди во истата градинка и сака да оди (со нејзе немав вакви проблеми, а оди од 10 месеци) и заедно ги носиме, нејзе прво ја оставаме демек за да види дека она убаво си влегува и се гушка со учителката...ама он изгледа ништо од тоа не гледа зашто вришти уште од пред градинкаuser posted image . За последниот совет....незнам....у оваа ситуација незнам што да мислам....дали е до детето или до воспитачките...ама ако потрае ова „лудило„ ќе размислувам и на опција друга градинка.
Ај ќе видам денес...може ќе се случи некое чудо...па ќе ви пишам.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 55
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
22.9.2011 9:20:29   
Luci
Ние од 3-ти октомври почнуваме во градинката Буба Мара, и препоставувам Марио ќе биде најмалото рингерајче што со 8 месеци  и 4 дена тргнало во градинка. Едвај чекам да дојде денот, некако малце ме фаќа страв ама и не многу, имам чувство дека ќе се прилагоди лесно и брзо. Не  е плачливо дете освен кога  е гладен и кога му се спие, не се плаши од непознати, оди кај сите во раце, не  е друштвен за плачење кога во негова близина има дете што плаче тој не реагираuser posted image , па си викам ај ваљда и во градинка ќе е таковuser posted image

_____________________________

Рани куче да те лае!!!

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 56
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
22.9.2011 9:23:38   
AnnaMolly RR
Јас сум сигурна дека 12 месечно бебе разбира кога мама му кажува дека таму е убаво за играње, дека има дечиња, дека мама или тато ќе дојдат да го земат... Јас секое сабајле додека го облекувам Филип (15 месеци) му кажувам каде ќе одиме, што ќе прави таму, дека ќе ручка и дека ќе си игра со дечињата. Кога ќе стигнеме во градинка почнува да кенка, ама му велам дека тука е убаво, дека има многу играчки и дека мама и тато ќе го земат после работа. Му велам Ќе седиш со дечињата, мама да оди на работа? И тој вика Да. Без плачење си оди кај воспитувачката.

До душа, и да не разбираат што им се кажува, сигурна сум дека според тонот со којшто разговара мајката разбираат дека им кажува нешто убаво и смирувачко.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот maminka)
Непосредна врска до пораките: 57
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
22.9.2011 9:26:13   
AnnaMolly RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: luci

Ние од 3-ти октомври почнуваме во градинката Буба Мара, и препоставувам Марио ќе биде најмалото рингерајче што со 8 месеци  и 4 дена тргнало во градинка. Едвај чекам да дојде денот, некако малце ме фаќа страв ама и не многу, имам чувство дека ќе се прилагоди лесно и брзо. Не  е плачливо дете освен кога  е гладен и кога му се спие, не се плаши од непознати, оди кај сите во раце, не  е друштвен за плачење кога во негова близина има дете што плаче тој не реагираuser posted image , па си викам ај ваљда и во градинка ќе е таковuser posted image

Луци, од искуство ти кажувам дека Марио милион пати побрзо и полесно ќе се навикне од некое дете што прв пат тргнува во градинка на три години. Филип на 9 и пол месеци почна и за 10 дена се навикна и остануваше на спиење, го земав дури во 16:30.
И штом викаш дека е мирен по природа, уште полесно ќе поминете.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Luci)
Непосредна врска до пораките: 58
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
22.9.2011 9:35:00   
dostickage
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Јас сум сигурна дека 12 месечно бебе разбира кога мама му кажува дека таму е убаво за играње, дека има дечиња, дека мама или тато ќе дојдат да го земат... Јас секое сабајле додека го облекувам Филип (15 месеци) му кажувам каде ќе одиме, што ќе прави таму, дека ќе ручка и дека ќе си игра со дечињата. Кога ќе стигнеме во градинка почнува да кенка, ама му велам дека тука е убаво, дека има многу играчки и дека мама и тато ќе го земат после работа. Му велам Ќе седиш со дечињата, мама да оди на работа? И тој вика Да. Без плачење си оди кај воспитувачката.

До душа, и да не разбираат што им се кажува, сигурна сум дека според тонот со којшто разговара мајката разбираат дека им кажува нешто убаво и смирувачко.

Definitivno !

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 59
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
22.9.2011 9:40:40   
Snowhite RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Е, Филип оди во градинка од мај месец. Прво ми викаа дека не плачел многу,  дека бил супер и дека по 10-15 минути плачел и после си играл, бил мирен. А пред некој ден едната воспитувачка ми вика А, Филип супер е сега. На почетокот со недели се утепуваше од плачење, едвај го смирувавме user posted image
Значи јас мислам дека така викаат на сите родители за да не се откажуваат од носење во градинка. Ако ми кажеа дека плачел по цели денови и дека не се смирувал, мислам дека двапати ќе размислев пред да го однесам пак.

Можеби си во право, можеби стварно применуваат такви тактики, ама јас не мислам дека така ми викаат само за да не се премислам затоа што ако плачеше ќе го познавав по очите ќе беше зацрвенет, а и плус познавајќи го, кога има деца и играчки не му треба никој, а и плус од мал е оставан со баби, па така не е толку приврзан со нас (освен кога сме тука не оди кај никој друг). Како и да е, еве вчера трет ден остана со спиење и на мое големо изненадување, заспал в креветче сам. И сношти не сакаше да спие со нас на кревет (обично така заспива, па после го преместувам), туку си заспа в креветче (додуша се помачив малку, стоев над креветче и му пеев додека не заспа)
Совет до сите мајки дека мора да бидете упорни, да не се откажувате, ќе се навикнат, некои порано, некои подоцна, па не можат да бидат сите исти. Замислете ние големи, да треба да ја смениме средината, па веројатно тешко би се привикнувале, а камоли тие мали, сакаме за ден-два веднаш да се навикнат.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 60
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
22.9.2011 9:47:51   
anedespo
maminka, eve ti moj predlog. Bidejki i postaroto ti ide vo istata gradinka, reci im na ucitelkite da ja odnesat kaj pomaloto koga place, za da se smiri. Ke vidi poznato lice i ke prestane. Taka pravea vo gradinkata kade odat moite deca.

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 61
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
22.9.2011 9:54:08   
maminka
И ја мислам дека разбира, ама изгледа не му одговара да слуша зашто има попаметна работа (да плаче упорно мислејќи дека ќе му попуштам и ќе го вратам дома). Леле блазеси ви на сите што децата полесно ви се адаптираат, знам како е и ќерка ми беше таква, но еве малиов сега со дупло ми наплаќа. Инаку уште не ми се јавиле од градинка а еве скоро 10 е. Незнам дали јас да ги барамuser posted image  Така беше и вчера, не ми се јавија и јас околу 12 звонев на воспитачката и го слушнав дека у позадина плаче...а она ми вика „се разбудил и почнал да плаче може пак му се спие„...значи цело време плачел а не ми се јавуваа за да го земе некој...уф. Ако се јавам сега знам дека пак ќе го слушнам како плаче...или да чекам па да си мислам дека не плаче...Леле аман ...до пред неколку недели (пред да тргнеме у градинка), да ме прашаше некој ќе речев дека сакам и трето дете...ама сега нема шанси.

У меѓувреме неиздржав...звонев...не ми се јавува никој....уште поужасен филм сега ќе направам у глава.

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 62
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
22.9.2011 12:19:15   
Felly RR
Maminka, ајде опушти се малку, па и тие во градинка си ја знаат работата. Со колку деца до сега имаат работено, сигурно ќе најдат некој начин малце да го заиграат. Ако многу плачи, и никако не се смирува сигурно ќе ти се јават. А нормално и јас си велам пред нас малце ја ублажуваат ситуацијата, ако детето плачело 15 минути може ќе ти речат 5 минути плачеше и се смири. Ама па сигурно нема да го остават да премира од плачење. Затоа остави, не јавувај се, дури седи - нека седи, ако има потреба тие ќе ти се јават.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот maminka)
Непосредна врска до пораките: 63
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
22.9.2011 21:43:31   
Felly RR
И маминка, како поминавте денес?
Се надевам подобро од претходните денови, ајде пиши ни.

Ние после два дена одење во градинка, сега еве цела недела е дома (заради тоа што не беше добра) А со каков ентузијазам одеше, се надевам и од понеденик ќе биде така. Претходната недела, кога беше четвртокот и петокот, потоа и саботата кога стана, и си го виде ранчето за во градинка, и почна да го спрема, Јас и велам: ќе одиме кај децата? Таа - да. И ајде да не и го растурам филмот, тргнавме (градинката ни е на две минути) и одиме таму, гледаме нема деца, ништо и велам ајде ќе видиме во понеделник, сега и тетките не работат, како што не работи и мама, ама во понеденик мора да се тука, ајде ќе дојдиме пак. И си заминавме. user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот maminka)
Непосредна врска до пораките: 64
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
23.9.2011 9:18:46   
maminka
Felly PR немавме некој напредок ни вчераuser posted image . Го земавме околу 12, плачел, малку јадел па повратил...после плачејќи заспал...спиел 1 саат се разбудил и пак почнал да плаче. Кога прашав како е...дали има некој напредок...воспитачката вика „не се секирај мора да плаче...ќе преплаче„...значи у превод нема напредокuser posted image . Ама ја упорно го носам...еве и сабајле мм инсистираше да не оди зашто малку гласот му е зарипнат (изгледа од плачење нон стоп во градинка), ама пак го однесов и истата приказна остана да вришти и да се пружа накај мене. Денес ги применив и советите од Blue-Blue и понесовме и нова играчка (биравме вчера цело попладне у продавница што највише му се допаѓа) и од сабајле дур се спремавме убаво се заигра со играчката беше весел, ама тоа траеше до дворот на градинката...мада и ја тутнав и играчката на воспитачката па може ќе се заигра пак. Им кажав и ќерками да ја качат горе ако многу плаче, да видиме како ќе реагира. И така до денес цели две недели сме со константни плачења и нервозава веќе ми стана рутина...ама тоа е што е...јас друг избор немам (немам баби у ск), жена неможам да плаќам а и некако не ми изгледа фер да размислувам на варијанта „жена„ за малиов, а ќерками од 10 месеци постојано оди во градинка.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 65
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
27.9.2011 10:12:50   
Snowhite RR
Михаил готово изгледа се навикна скроз на градинкава, денеска кога стигнавме почна да плачи, ама не дека не сакаше, туку викаше децата и го прашувам сакаш кај децата, да, ми вика и кога се појави негователката и подаде раце нејзе, плачеше и викаше децата, децата, и јас стоев уште зборував со неа и ми се сврти и чао ми вика и почна да ми мафта со рачето. Колку што ми беше мило што се навикна, толку и ми беше тешкоuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот maminka)
Непосредна врска до пораките: 66
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
27.9.2011 10:31:14   
Felly RR
И Матеа сега за сега со лесно оди во градинка, вчера кога ја рзбудив малку поплака, дека и се спиеше, потоа се спремивме, и цел пат додека одевме накај градинката викаше „деца, деца“ дури и со трчање одевме. Таму, малку се нажали, ама воспитачката кога ја викна, одма и подаде раце нејзе, и зедоа да го гледаат ранчето, па брзо се смири.Е кога ја земав, дека прв ден со спиење, кога ме виде, викна нажалено „мамааа“ и ми се стрча, да ја гушнам, негователката се насмеа „е сега, цел ден не заплака, сега на крајовuser posted image “ама пак не заплака, се поздрави со дечињата и заминавме. Дури и после кога си дојдовме дома, пак сакаше да оди, и викаше цело време по децата. Денес ја носеше свекрва ми, и кога ја оставила ме побарала „мама, мама“ ама со мирно си влегла, не плачела.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 67
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
27.9.2011 12:37:54   
Џесика
Многу сум изненадена, денес Борјан заспал во градинка. Сега доаѓам од таму и уште не ми се верува!!! На прв обид за спиење, успеал! Послушно дете на мајка user posted image

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 68
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
27.9.2011 13:45:09   
Slagjana
И ние денес прв ден со спиење. Наутро плачи кога ја оставаме, а таму била мирна. Почна да ручка и брзо  заспала. Ми рекоа да си ја земам во 14.30, да поспие малку. А кога ја земам од градинка почнува да плачи, ама веднаш престанува и се враќа чао да им каже на децата. Сеуште не сака да слушне за градинката, ама се надевам дека ќе ја засака.

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 69
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
27.9.2011 14:41:29   
Mihaela 2010
Ние тргнавме од 12 септември и бесе навистина страшно.Керка ми е малку повеќе приврзана за мене а и нормално е да плаче,нова средина нови луѓе.Првите три дена ја чекав пред градинка по пола саат,па два дена и течеше носето и не ја носев,таман колку да подзаборави,другата недела ја оставав по 1 саат,ама си плачеше ,учителкиве рекоа дека е нормално и дека секое дете индивидуално е ама на мојава и требало малку повеќе време за адаптирање.Од вчера тргнав на работа,ја оставаме од 8 до 10,мајками ја зима,и има подобрување,на оставање плаче ама кога ја зима мајка ми вика дека не плаче,не е залипана и не и се познава по очињата дека плачела,слабо јаде и тоа ме плаши ама се надевам ке се навикне.Сега секој ден ке и накачуваме по пола саат се надевам дека ке и се засвиѓа градинкатаuser posted image

(Одговор на членот Slagjana)
Непосредна врска до пораките: 70
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
27.9.2011 14:57:48   
JovanaJ
Nie duri sega od Septemvri se naviknavme na gradinkata. Veke gi premestija kaj pogolemite deca na dolniot sprat i sega nemame voopsto problem za odenje vo gradinka. Lani pravese cela godina problemi, i zatoa i ne spiese tamu. Sega sam pobara da spie duri bara i za vikendi da odi user posted image
Mnogu me smiri toa, epten mi znaci...user posted image

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 71
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
27.9.2011 17:20:55   
Natuska85
ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР

Многу сум изненадена, денес Борјан заспал во градинка. Сега доаѓам од таму и уште не ми се верува!!! На прв обид за спиење, успеал! Послушно дете на мајка user posted image

Браво Борјаан,браво Борјанuser posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 72
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
27.9.2011 17:50:41   
Pepelaska *

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR
Колку што ми беше мило што се навикна, толку и ми беше тешкоuser posted image

потполно те разбирам за ова ама мора да сме среќни што нашите дечиња сепак се осамостојуваат и не се зависни од нас ,тоа е голем чекор за нив,браво за Михаил

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 73
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
28.9.2011 15:27:50   
maminka
Мамички еве и ја да се пофалам...имаме мнооооооогу голем напредок од понеделникот наваму. Уште плаче на оставање, но потоа се смирувал (што е за чудо кога ќе ми текне колку вриштеше до петокот), јаде, спие и го зема свекрва ми у 14:30user posted image . Вчера и денес има и петки на рачињата дека бил многу умен. И јас сум пресреќна, ептен ми олесна. Значи од оваа перспектива гледано, лекот му било само упорност и непопуштање.

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 74
   RE: Прилагодување кон новата средина (градинк...
28.9.2011 15:34:40   
miana
Bravo bravo...Znaci upornosta se isplati...kerkami eve veke od 1 vi odi pa sekoe sabajle si place na ostavanje i posle se smiruva odma.Takada...nie se naviknavme..I ostanuva na spienje i jade i se si tera kako treba...Od 1 vi septemrvi ne se slucilo edno sabajle ona da ne place koga ja ostavam-toa ni e ritual veke... Ponedelnik ni e najtesko ( zaradi vikendot) vtornik malce polesno i sekoj den do petok se polesno ,ama pak so placenje nautro..Samo koga si odam i koga vikam cao - pocnuva da place...Inaku najlosata rabota od gradinkata ni e - odnesuvanjeto doma..Ona vo gradinka e super dete - ama doma e katastrofa...

(Одговор на членот maminka)
Непосредна врска до пораките: 75
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:

Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?