Bitolcanka -> RE: Facebook или Рингераја? (17.2.2010 15:13:04)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: alex_mo Тоа се две сосема различни работи. ФБ го користам за забава и контакт со роднините по светот,а РР е нешто сериозно,забавно,едукативно,размена на мислења,да научиш нешто и да го споделиш она што веќе го знаеш.Да контактираш со луѓе кои не ги познаваш,а истовремено ти се едни од најблиските,зашто со нив споделуваш се(радост,тага,родендени,цовети и многу други работи)...Па видете сега... И јас исто, но пред некои 20-тина минути се деактивирав од фб, го исклучив-доста беше. Можеби не засекогаш, но за одредено време. Чувствувам дека сум зависна, многу време трошам без потреба, а освен тоа страната се повеќе ми личи на трачарска-оговарачка и огледало на животот пред се. Премногу новости (notifications), слики од пријатели-поблиски, подалечни, промена на нивниот љубовен статус, кој во која група се придружил, што искоментирал, покани за членство во групи и што ли уште не.... Еднаш се имав исклучено, но пак се активирав, баш дека некои пријатели ми се само на фб и најевтин начин на комуникација е. Но кој сака, на кој му требам ќе ме најди ако сака (има мобилен, фиксен, меил). Ми треба мала пауза. За РР немам ниту 1 лош збор, никаква забелешка, едноставно - НАЈ-НАЈ е, само во позитивна смисла. Една, единствена, незаменлива, во секое време, за било што. Без сомнение, мојот одговор е категорично - РР [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley27.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley27.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley27.gif[/image]
|
|
|
|