Bethany
|
Јас не сум ниту во една група на фб, од некои се избришав, од некои ме избришаа мислам на тие за мајки и деца. Сфатив дека не сакам да правам "будала" од себеси со име и презиме Навистина, секогаш пишаниот збор може да се толкува на различни начини, па после би требало да следи објаснување до бескрај, па илјадници читаат, заземаат страни, ги преувеличуваат, извртуваат работи итн. Не дека и по форуми не се случува тоа, ама барем не ти стават етикета со се име и презиме, која што е често донесена на лична основа итн. Едно време и фб го исклучив ама поради битни контакти пак се вклучив. Бидејќи социјалниве мрежи земаа замав во комуникацијата, поради контакти, да се чувствувам поблиску до нив, пак го активирав. Е сега, разликата од фб групи и РР е најчесто достапноста, побрз одговор, подинамична атмосфера. Ако некоја праша нешто многу бргу ќе добие одговор на истото, па се лесно развие и дискусија, расправија, што и да следи нели, во секој случај интеракција има. Луѓето сакаат да читаат расправии, да се прават паметни, љубопитноста да го знаат соговорникот, макар на слика за да полесно створат некоја слика за него. Дали е таа слика реална или не воопшто не е битно. Многу е битна брзина на одговор, ако јас прашам нешто на форумот и никој не ми одговара, и тоа се случи два-три пати, нормално дека ќе губам желба и понатаму да се ослонувам на тоа дека ќе добијам одговор. Додека на групите каков и да добиеш одговор, барем го имаш :) Секаде се актуелни фб групи, ама има и мк форуми што функционираат добро и активно. Тие не се можеби стриктно за семејство, туку се сеопфатни, па се затоа луѓето од различни профили осмелуваат и одлучуваат повеќе да дискутираат. Ова е само моето мислење што следи, како јас ги доживувам работите и што мене лично повеќе ми одговара во последно време. На РР и фали подобра техничка поддршка. Нова плаформа, освежување, за полесен пристап секако. 90% од времето јас сум од телефон, многу чести се проблеми при вклучување, друго е: пишување пост. Ако не го сачувам отиде во ветер, ионака се мачам да набадам со тачот. Копирање захтева време, поставување слики на РР захтева време, барање нови дебати захтева време, треба да потрефим да го кликнам, да го зумирам, пишувам одговор на пост, не го завршам, станам по работа, ме одјави и сл. Додека на друг форум (ова не го пишувам некој да сфати нешто лично, туку како моето искуство и сугестија) имам апликација на мобилен. Кликам на неа, ми го отвара форумот со нотификации кој ми одговорил, кој ме цитирал, кој ми го лајкнал мислење. Пишувам пост, ако го исклучам телефонот на сред пост, и пак се логирам постот ми стои сачуван и можам само да го продолжам. Слики се поставуваат зо едно кликање итн. Поента ми е дека тоа е денешен начин, постојано надоградување, во се! И технички и информативно. Некој ќе рече не ме интересираат лајкови, јас баш сметам дека се добра тактика за луѓе. На секого му годи, го признал тоа или не, кога некој ќе се согласи со него. Па уште повеќе се осили и осмели да дебатира бидејќи нели сега има и истомишленици и поддршка :) тоа е, така функционираат работиве денес. Не дека се тие лајкови секогаш меродавни или ја одредуваат вистинска вредноста на пишаното, ама имаат влијание на психа. Некогаш кога ќе видам некаде повеќе лајкови иако не ми се чита, ќе застанам да прочитам што е тоа толку воодушевувачки Исто, во денешно време факт е дека луѓето повеќе сурфат по интернет од телефон. Млади мамички додека дојат држат телефон во рака на пример. Колку пати додека готвам читам од телефон, ако некаде чекам на ред и сл. можеби нема време за некоја поголема ментална активност, ама тоа е наш начин на живот. Ми стана ретки моменти да седнам навечер со лаптоп и да пишувам реферати. Еве сега тоа го правим додека ми се суши лакот на ноктите. Ама ако сум постојано вклучена некаде, следам што се случува, ќе ме испровоцира нешто и да се впуштам во подлабока дискусија, дури ќе го отворам и лаптоп :) И уште нешто, бидејќи РР не е независен портал, мислам имаат иста платформа со онаа во србија и словенија, сепак ако обрнете внимание на постови на српска рр, таму 80%да речеме се кратки постви, многу често само смајлиња, затоа што се пишувани од телефон. Не дека тоа ми се допаѓа, сепак сакам некогаш да прочитам нешто поиздржано, ама се вртат, нешто се случува. Сешто напишав, ете и редот и мислите ги загубив набадајќи, па пак зумирам, враќам ама издржав - и копирав
< Поракaта ја уредил Bethany -- 9.3.2015 15:09:26 >
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
|