Octavia -> RE: премин на обично млеко (14.6.2011 15:37:39)
|
Јас искрено на таа возраст веднаш би почнала со кравјо, нормално, прво разредувано со вода. Искрено, тие адаптираните многу неубаво мирисаат. Ама ептен многу неубаво. Купив Хип розово, не сакаше да го види ќерка ми, купив Хип сино, исто, купв Нан, пак џабе фрлени пари. Почнав да се секирам, зашто поголемото дете и ден-денес млеко не пие, си викав, иста приказна, ама кога наполни година пробав обично кравјо млеко, веднаш го засака без никаков проблем. А веќе и организмот е поприлагоден за кравјо на таа возраст, нормално, со постепено воведување.
|
|
|
|