RE: Перење на капути и јакни (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Совети за домаќинки



Порака


Snowhite RR -> RE: Перење на капути и јакни (17.4.2011 10:12:49)

Пред некој ден сакав да си го исперам платото, сакав во машина да го ставам и гледам на нашивната етикета, знак да не се пери во машина и знак само за суво чистење и не го исперив, дали вие имате некој ваков капут или палто, не знам што да правам, ми е страв да го перам да не го расипам, а од друга страна сакав малку да го освежам зашто оваа сезона почесто го носев




Pepelaska * -> RE: Перење на капути и јакни (17.4.2011 11:08:00)

Можеш да го однесеш на хемиско ќе ти го светнат , е сега ќе те кошта поскапо од дома ама подобро отколку да го расипиш




anedespo -> RE: Перење на капути и јакни (17.4.2011 19:51:51)

Jasimav takva jakna(demek ne se pere so voda ) samo so suvo perenje. Po podolgo vreme brisenje so poluvlazna krpa, ja piknav u masina. I se ispra i e poubava od bilo koga. Ja perev so ladna voda od 30 stepeni, i so centrifuga od 100 vrtenja.




Natuska85 -> RE: Перење на капути и јакни (17.4.2011 21:26:54)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Пред некој ден сакав да си го исперам платото, сакав во машина да го ставам и гледам на нашивната етикета, знак да не се пери во машина и знак само за суво чистење и не го исперив, дали вие имате некој ваков капут или палто, не знам што да правам, ми е страв да го перам да не го расипам, а од друга страна сакав малку да го освежам зашто оваа сезона почесто го носев


Јас не би ти препорачала да го переш во машина, пошто така си имам зафркнато еден многу убав капут.Од тогаш памет во глава и си ги носам на хемиско,ем светнати,ем испеглани.




arh_diz -> RE: Перење на капути и јакни (12.3.2013 11:25:45)

Otkako isfrabav jakna nosam se na hemisko




Tanjicka -> RE: Перење на капути и јакни (12.3.2013 11:30:17)

jakni peram vo masina, a kaputi nosam na hemisko




Mila mamicka -> RE: Перење на капути и јакни (22.5.2014 9:24:35)

И капутите и јакните ги перам во машина, од причина што нема хемиско во нашиот град. Ама, од наредната сезона, ќе почнам да ги носам на хемиско во Скопје, и онака ни се фаќа еднаш месечно да одиме, па ќе ми бидат поубаво испрани.  




LoveableMe RR -> RE: Перење на капути и јакни (22.5.2014 9:29:08)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila mamicka

И капутите и јакните ги перам во машина, од причина што нема хемиско во нашиот град. Ама, од наредната сезона, ќе почнам да ги носам на хемиско во Скопје, и онака ни се фаќа еднаш месечно да одиме, па ќе ми бидат поубаво испрани.  


Верувај како дома што ќе испереш ниедно хемиско така не пере, освен ако немаш флеки. Домашно перено си е домашно перено и нема конкуренција[sm=smiley1.gif]




Defne90 RR -> RE: Перење на капути и јакни (22.5.2014 9:36:13)

И ние немаме хемиско во нашиот град па затоа и јас ги пуштам во машина.Кога од 30 кога од 40.За среќа не се случило да има флеки што не се перат по нив па да мислам како да ги вадам.[sm=smiley1.gif]




nataly86 -> RE: Перење на капути и јакни (22.5.2014 9:56:07)

Јас јакни перам дома во машина на 30-40 запетлани и свртени однопаку..додека капути исклучиво на хемиско..еднаш мое капутче кратко го исперив дома и после не беше за носење[sm=smiley36.gif] и затоа после тоа капут исклучиво хемиско...




princessa -> RE: Перење на капути и јакни (22.5.2014 10:20:03)

Jakni peram na 30stepeni i sum nemala problem da mi se rasipat. Kaputi ne sum nosela na hemisko zasto sestra mi ednas si go odnese na hemisko i postaro i go vratija. Gi cistam so vlazna krpa, gi luftiram a i sto ke gi nosam na hemisko koga ne gi ni upotrebuvam kojznae kolku cesto a i stalno gi menuvam skoro sekoja godina.




mommy_angels RR -> RE: Перење на капути и јакни (22.5.2014 13:16:46)


ИЗВОРНА ПОРАКА: nataly86

Јас јакни перам дома во машина на 30-40 запетлани и свртени однопаку..додека капути исклучиво на хемиско..еднаш мое капутче кратко го исперив дома и после не беше за носење[sm=smiley36.gif] и затоа после тоа капут исклучиво хемиско...

Исто и јас ,јакна немам однесено на хемиско успешно си ја врши работата машината,а капутот само на хемиско и задоволна сум.Убаво ме потсетивте,заборавив да го однесам да си биде спремен за зима




deluxe -> RE: Перење на капути и јакни (22.5.2014 13:30:37)

Јас се си перам дома[sm=smiley36.gif]Доколку ми е сумливо ќе го исперам на раце,во млака вода со благ детергент и готово[sm=bravo.gif]До сега не сум утнала ништо.Се си е супер,потоа едно убаво пеглање му правам на сакоата или палтото и спремно е за носење.Никогаш ништо не сум однесила во сервис за Хемиско чистење.Флеки вадам со Арис или Вениш[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




scared RR -> RE: Перење на капути и јакни (20.11.2014 19:14:29)

Јас лани сите капути ги шибнав во машина и добро е живи останаа[sm=smiley36.gif] Едино еден црн што имав ама тој беше така троа постар почна да пушта нешто црно, па така цела облека под него ми беше со црни влакна и го баталив не го носам повеќе. [sm=smiley21.gif]




gina -> RE: Перење на капути и јакни (20.11.2014 19:23:16)

i jas gi peram doma ednas odnesov kaput bese bel i imase nekoja fleka i go odnesov na hemisko si go zedov za nekolku dena mi ga dadoa spakuvan i koga pojdov doma koga go izvadiv bese istiot i od togas rekov ne sama si go pokisnav vo mlaka voda so tecen detergent i koga cutna i sega i vo masina go peram i jakni i kaputi a sako go peram na race ce gi ispeglam i nisto ne sum rasipala dosega




caciana -> RE: Перење на капути и јакни (20.11.2014 19:27:06)

Се во машина перам, или ќе го биде или не [sm=smiley36.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]