RE: Нов проект на Рингераја (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> За порталот



Порака


Julie1 -> RE: Нов проект на Рингераја (12.10.2011 11:19:39)

Утре во 8:30 на Алфа ТВ поопширно ќе разговараме за проектот наречен Прегратка на Дар и ќе објасниме како ќе успееме да ги прегрнеме сите болни дечиња за новогодишните празници. Програмата ќе биде отворена и добредојдени се Ваши јавувања.




mila mama -> RE: Нов проект на Рингераја (12.10.2011 11:28:21)

Го поздравувам проектот и би сакала и јас да изработам мече! Браво за РР како иницијатор!
[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




topce -> RE: Нов проект на Рингераја (12.10.2011 11:29:04)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Julie RR

Topce градинките штотуку се контактирани и прирачниците за изработка на играчки ке им се достават дури за 2 недели и ќе се работи 1 месец и половина не само 1 ден. Можеби се работи за нешто друго кое го имало во Вашата градинка...


ова беше минатиот четврток во градинката Срничка и беше собирање на играчки или поголемите правеа рачни работи како цртежи, колажи и слично и потоа се продаваа и парите се донираа на нивни другарчиња кои се болни. Веројатно не е дел од Вашиот проект во секој случај и едното и другото е добро за потикнување на хуманоста кај децата.




JovanaJ -> RE: Нов проект на Рингераја (12.10.2011 11:31:12)

Bravo za proektot! Sekoja cest! Edvaj cekam da pocneme da pravime mecinja...[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




temjana -> RE: Нов проект на Рингераја (12.10.2011 11:52:25)

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]браво за оваа иницијатива и би сакала да се вклучам и јас доколку посто возможност. Одамна барам начин како да волонтирам и во домот за деца без родители и во овакви хуманитарни проекти но каде и да се обратам наидувам на ѕид[sm=smiley13.gif]Како и да е доколку имате некоја информација околу начинот на волонтирање ве молам кажете. Ви благодарам однапред и доколку ви е потребна помош кажете со целото срце ќе помогнам




Julie1 -> RE: Нов проект на Рингераја (12.10.2011 12:06:16)

temjana  те молам пиши ми тел број во ПП и ќе пробаме да те вклучиме во подготовките и реализацијата на проектот.




blue_blue -> RE: Нов проект на Рингераја (12.10.2011 16:00:52)

Јуле, кога како ќе се дешава ова по градинки. Моите деца одат во Мајски Цвет во Тафталиџе 2 (кај Братство шоколото) ама не ни рекле дека планираат нешто вакво....дека ќе сакаме да учествуваме сигурно...и кај може да се добијат прирачниците за евентуално дома да се направи понешто




Палешка РР -> RE: Нов проект на Рингераја (12.10.2011 19:23:50)

Материјалот од прирачникот се подготвува и за скоро ќе го имаме и на нашата Рингераја [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Нов проект на Рингераја (13.10.2011 17:07:42)

Сите кои не гледаа утрово ќе имаат можност да го погледнат видеото и на нашите страници.
Јуле и Симона, прекрасни бевте! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Нов проект на Рингераја (13.10.2011 21:34:21)

РИНГЕРАЈА на Алфа ТВ




Maca25 -> RE: Нов проект на Рингераја (13.10.2011 22:15:44)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] Браво [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] Прекрасни бевте!!!




Annet -> RE: Нов проект на Рингераја (13.10.2011 22:26:31)

super ,bravo[sm=bravo.gif]




Pepelaska * -> RE: Нов проект на Рингераја (14.10.2011 12:21:25)

ги гледав и јјас ама со паузи ми снемуваше слика, Јуле зрачиш со позитивна енергија,не е ни чудо што и РР е толку позитивна[sm=smiley1.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Нов проект на Рингераја (14.10.2011 15:52:11)

Рингераја на медиумскиот покровител за проектот Прегратка на дар - курир.мк

Ве повикувам сите да ни се придружите во изработката на овие играчки наречени прегратки!




Палешка РР -> RE: Нов проект на Рингераја (14.10.2011 22:50:48)

Се согласувам со вас дека нашите Рингерајки се преполни со позитивна енергија. Ова е навистина прекрасен проект во кој ќе се вклучиме сите, сигурна сум. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Тања РР -> RE: Нов проект на Рингераја (16.10.2011 18:04:51)

Јас денес се фатив за работа. Сошив едно меченце ама заборавив да му ставам уши. Сега се чудам како да ги изведам [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Изгледа ќе треба да го почекам прирачникот, не ме бидува баш[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

Инаку, чувството да се прави играчка со таква силна порака е извонредно! Уште еднаш браво за проектот.




Snowhite RR -> RE: Нов проект на Рингераја (16.10.2011 18:57:40)

А дали веќе се поделени прирачниците по градинкиве? Зошто мене ништо не ми кажале се уште, ниту кај Михаил во градинка, ниту па свеки нешто спомнала. Ајде едвај чекаме да се вклучиме[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Нов проект на Рингераја (16.10.2011 20:49:51)

Не сеуште. Прирачникот прво ќе го видат нашите Рингерајки, па потоа ќе биде дистрибуиран во градинките во печатена форма. Совет: не фрлајте ги старите алишта, блузи, чорапи, ракавици...ќе ви бидат од корист [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




AnnaMolly RR -> RE: Нов проект на Рингераја (16.10.2011 21:21:45)

Јас викендов раскревав алишта и одвоив неколку парчиња што наместо да ги фрлам ќе ги претворам во играчки за дечињата. Опремена сум со игли, конци, копчиња, ленти... Чекам утре прирачникот да излезе и почнувам!




Палешка РР -> RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (17.10.2011 12:15:30)

 КЛИК


Рингераја е создадена за да прегрнува и за да ја прегрнуваат...
Не'' прегрнува секогаш кога сме осамени и тажни во долгите ноќи, најтешките моменти, во мачните и навидум безнадежни очекувања...
Ја прегрнуваме во најсреќните мигови, со неа ги споделуваме сите свои радости, надежи, достигнувања...
Врската меѓу нас е веќе толку силна, искрена и топла што сме подготвени заедно да го прегрнеме и целиот свет...
Се чувствуваме способни со нашата прегратка да стоплиме нечие срце, да измамиме насмевка на нечие лице, да направиме некого среќен, макар и за миг...
А кого најмногу сакаме? Се разбира, децата.

ЗАРАДИ ВАС И ЗАЕДНО СО ВАС, РИНГЕРАЈА е подготвена да ги прегрне сите болни дечиња, кои Новата Година ќе ја поминат во болница.
Бидете со нас и дадете барем една "ПРЕГРАТКА НА ДАР"
И конечно, првата играчка од Прирачникот за изработка на играчки





AnnaMolly RR -> RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (17.10.2011 12:36:35)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
Јас почнав да правам едно мајмунче од чорапи. Многу е лесна идејата, ја најдов на интернет. Моментално сум до нозете, па ќе ви пуштам слика да добиете инспирација!




Палешка РР -> RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (17.10.2011 12:51:24)

Го имаме и ние мајмунчето АнаМоли [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
Чекаме и слики од играчките кои ќе ги направите. Супер идеја! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Maca25 -> RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (17.10.2011 13:20:09)

Прирачникот за ежето испринтан...после одам да копам низ дома и да барам материјали и почуваме со изработка!!!
Сакам и јас мајмунче да правам!!!




AnnaMolly RR -> RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (17.10.2011 13:55:44)

Малку заглавив кај устата на мајмунчето [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Ќе го почекам мм да дојде од работа да ми помогне, него го бива за вакви работи.




JovanaJ -> RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (17.10.2011 14:10:40)


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
Јас почнав да правам едно мајмунче од чорапи. Многу е лесна идејата, ја најдов на интернет. Моментално сум до нозете, па ќе ви пуштам слика да добиете инспирација!


Moze linkot do majmunceto AnnaMolly? [sm=smiley1.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>