RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> За порталот



Порака


AnnaMolly RR -> RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (5.11.2011 20:53:01)

Зошто не доаѓате, Мацо? [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]

А инаку да, утре во 10:30 пред билетарата на саем! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
Јас денес со колешките од работа цееееел ден шиеме играчки. Имаме кукла девојче, ѕвезда-перниче, ѕвезда-тропалче, октопод, печурка, Црвенкапа и уште една кукла во изработка. До вечер ќе ја завршам и ќе пратам инструкции за изработка, а ќе ставам и слики да ги видите.




Џесика -> RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (6.11.2011 9:16:03)

Кај ќе бидете стационирани, ако одам да знам каде да ве барам? Има нешто игротека таму или?




mami2 -> RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (6.11.2011 9:17:09)

Ако нема промени во планот ќе дојдам и јас на дружбата.
Се гледаме....




Палешка РР -> RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (6.11.2011 9:32:31)

Не заборавајте да се фотографирате. Чекаме слики попладне [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
Имав помин и мнооооогу играчки да соберете [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Martins mom -> RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (6.11.2011 15:17:37)

Колку се мразам што немам време ни да се погледнам во огледало, ама сум среќна што ве има толку многу позитивни, хумани, креативни[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] Ве гушкам девојки




AnnaMolly RR -> RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (6.11.2011 15:37:03)

Супер си поминавме! Се шетавме низштандовите и се дружевме кај штандот на Рингераја. Собравме многу убави играчки! 




AnnaMolly RR -> RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (6.11.2011 15:41:08)

Јас имам само една слика со Филип и мм, ми биле празни батериите и не можев да сликам.

[image]http://a6.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash4/379947_10150406787863217_670263216_8542168_1171123493_n.jpg[/image]




AnnaMolly RR -> RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (6.11.2011 16:17:19)

Еве ги и играчките што ги направивме со колешките!


[image]http://www4.slikomat.com/11/1106/qt2-061111.jpg[/image]




Natuska85 -> RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (7.11.2011 13:29:29)

Еве слики од дружбата вчера тука.

Преубаво си поминавме[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (10.11.2011 6:48:08)

Се надевам дека го слушнавте вториот дел од Приказната за Миа [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]






blue_blue -> RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (20.11.2011 18:16:10)

Jas napraviv kuce od rakavici. Kolkav antitalent sum za spienje, mislam super ispadna. Ke sijam uste nekoe vo druga boja, a sakav i zajce da napravam. Go slikav so mobilen i sega od mobilen pisuvam pa ne znam kako da ja zakacam slikata. A koga i kade ke se sobiraat granite?




AnnaMolly RR -> RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (20.11.2011 18:25:14)

Блу блу, ќе се организира уште еден собир на којшто ќе се носат играчките. И јас викендов направив уште едно тропалце.
Правете што повеќе играчки за да израдуваме што повеќе дечиња и на следната средба да ве видам во уште поголем број од претходната!




blue_blue -> RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (21.11.2011 8:56:34)

Инаку имам инструкции во PDF на англиски за правење на кучето. Да имав малку повеќе време би ги превела...Вака можам, ако е е ОК да ги пратам во приватна порака на AnnaMolly, Julie или некој друг администратор па ако имате време да ги средите и да ги прикачите како прирачник. Навистина се многу лесни и едноставни инструкциите и има и слики. Ќе пробам попосле да го ставам и кучево јас што го направив, колку да видите како испадна.




AnnaMolly RR -> RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (21.11.2011 9:25:54)

Прати ми ги на мејл, блу_блу. Ќе го преведам и ќе поставиме инструкции. Фала!




blue_blue -> RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (21.11.2011 11:26:37)

Ти пишав ПП да ми оставиш емаил, па ке ти пратам се. Инаку, не знам ни тука како да поставам слика од кучево што го направив, па ќе ти ги пратам и тие на емаил.




Палешка РР -> RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (21.11.2011 14:24:52)

Инструкциите за изработка на играчки потоа испратете ги на glaven.urednik@ringeraja.mk






Палешка РР -> RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (22.11.2011 7:14:19)

Рингераја ќе ги награди учесниците во проектот "Прегратка на дар, воспитачките, градинките и семејствата. Повеќе прочитајте ТУКА




Pepelaska * -> RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (26.11.2011 21:34:06)

Направив и јас две пајчиња, не можам никако да ставам тука слика ќе ја ставам на фб на рингераја




Bububebe -> RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (26.11.2011 21:46:53)

Мамички,јас одбрав неколку мечиња што ги имам домче.Можам тие да ги подарам или пак мора да се направат [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Кај треба јас веднаш ке ги пратам по пошта,да израдувам некое детенце [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (28.11.2011 6:37:49)

Играчките треба да бидат рачно изработени Bubebube. Можете да ги оставите во најблиската градинка во вашиот град или да ги испратите на адреса

Дану Филантропија ЈИЕ
ул. Мирче Оровчанец 1/1-4 Скопје




Felly RR -> RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (5.12.2011 13:08:15)

Јас реков да направам уште некоја играчка денес, и ми се расипа машината. Уствари не знам што направив, ама не шие, сега ќе ја чекам свеки да си дојде од работа, па ако знае да каже што е.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




blue_blue -> RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (5.12.2011 15:30:00)

дај кажете дал ќе има некоја дружба кај шо ќе може да се донесат играчките....Ова за „најблиската градинка“ не ми е јасно, кај ќерка ми во градинка не спомнале ништо дека има вакво нешто т.е. дека се правеле играчки




AnnaMolly RR -> RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (5.12.2011 15:33:00)

Можеби таа градинка не учествува во проектот, блу_блу. Кај син ми на влезна врата има убаво истакнато дека учествуваат во проектот и има огромен плакат за проектот Прегратка на дар.

Ние веќе огранизиравме една дружба на Саемот на жената, а ќе има и уште една.
Ајде еве да се договориме ако сакате за следниот викенд во некоја игротека или слично, само ќе мора на затворено.




Felly RR -> RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (5.12.2011 21:53:16)

Blue_blue, еве овде имаш листа на градинките кои учествуваат во проектот, па може да провериш дали и вашата градинка учествува.  И кај нас немаат ништо спомнато, ама па на листата ги има. Може не планираат да ги вклучат сите групи, или пак ќе почнуваат подоцна, затоа сеуште ништо не кажале.




Maca25 -> RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (5.12.2011 22:13:55)

Кај нас во градинка утре има работилница за изработување на играчки. Но, бидејќи групата на Нина се ептен малечки, ме замолија мене како претставник од групата да однесам играчка. Ќе гледам оваа недела да сошијам нешто (сошив многу убаво еже и вчера гледам ми се отпарало и цело ми се распаднало[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]).




Страница: <<   < Претходна страница  6 7 [8] 9 10   Следна страница >   >>