mother 29 -> RE: Крварење во бременоста (30.11.2009 13:00:02)
|
јас никако непрокрварев кога бев бремена ,но ете некои корисни инфо Видови Крварења Кога треба да се сметета дека менструацијата протекува како матково крварење? Менструација која трае повеќе од 7 денови се смета како менструално крварeње . Крвта се губи во вид на сосироци или струјно што води до малаксаност, слабост, бледост на кожата и лигавиците и снижување на крвниот притисок. Постојат циклични и ациклични маткови крварења. Цикличните крварења се појавуват во деновите на менструација, додека ацикличните крварења можат да се појават во секое време, да бидат доста продолжени и да траат со недели, дури и месеци. Основни причини за цикличните крварења се: миом на матката, ендометриоза на матката, воспаление на лигавицата ( ендометриум ) на матката, заболувања на крвта при кои е нарушена функцијата на сосирување на крвта. Основни причини за ацикличните крварења се: хиперплазија и полип на ендометриум, хормонални нарушувања како резултат на намален прогестерон и зголемен естроген, нарушена маточна и вонматочна бременост, карцином на грлото и ендометриумот на матката. Што треба да се направи при крварење: Задолжително треба да се консултирате со лекар. Долгортајните крварења, дури и слаби, можат да предизвикат оштетување на животно важни органи како што се срцето и мозокот. Основни методи за дијагноза на крварењето се: - Ултразвучно испитување
- Киретажа на грлото и ендометриумот на матката и испраќање на материјалот за хистолошко испитување.
- Хистероскопија
- Испитување на системoт за сосирувaње на крвта
- Тест за бременост
- Хормонална дијагностика
Како се лекува крварењето? Лекувањето на крварењето зависи од причините кои го предизвикуваат. Треба да се знае дека лекувањето е строго индивидуално и различно кај секоја жена во зависност од причините кои го предизвикуваат
|
|
|
|