Ikana -> RE: колку често ги посетуваме нашите роднини од друг град? (5.1.2013 0:15:23)
|
За жал и јас многу ретко се гледам со роднините, кои повеќето се од други градови и други држави. Навистина би сакала да се видам со сите, сме се заборавиле како изгледаме, но викаат ете, животот излегува во пресрет и работите и средбите се одложуваат. Кога бев помала, мојот чичко од странство организираше семејна средба на сите роднини, буквално до 4-то колено, јас не памтам малечка сум била, но ми прераскажуваат моите се собрале многу луѓе[sm=jezicek.gif]. И голема фамилија сме, нормално е, сепак треба планирање за ваков подвиг, но сметам дека прекрасна е идејата. Обично кога се гледам со поширокиот круг на фамилија, тоа е на свадба нечија, но сепак не се таму сите, сите.
|
|
|
|