RE: Како ја лечите тагата? (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Во прегратка на тагата



Порака


mami -> RE: Како ја лечите тагата? (18.2.2010 14:17:52)

Си плачам, си плачам, си плачам...и накрај ке ме фати некој бес и почнувам да вријам и тешко на тој што ке ми се најде на патот тогаш




BILE.F -> RE: Како ја лечите тагата? (18.2.2010 14:29:58)

Сакам да бидам сама (2,3часа), да си се изнаплачам, да си размислам, и сама да си се наполнам со позитивна енергија, да си дадам елан и продолжувам натаму. А на никого не кажувам, се си чувам во себе!




mami -> RE: Како ја лечите тагата? (5.3.2010 10:04:26)

Поминува времево а мене уште ми се плаче, само си ги гледам неговите слики и мака ми е...незнам на кој друг начин ќе помине..ке си плачем се додека не пресушат солзите, а и после тоа ке стои тој камен во срцето..ми фали па[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]




denicka -> RE: Како ја лечите тагата? (5.3.2010 18:01:50)

vo posledno vreme sum stanala golema placka. pa za sekoja sitnica sto ke me iznervira si placam. ama pa taka mi e polesno. stresot go isfrlam nadvor od mene.i posle sledi muabeti so mamicka, normalno [sm=smiley36.gif] i posle sum kako nova [sm=sloncek.gif][sm=sloncek.gif][sm=sloncek.gif] ete vcera bev za nikade, padnata vo nekoja depresija [sm=smiley19.gif] ama denes sum kako nova [sm=jezicek.gif][sm=smiley36.gif][sm=jezicek.gif][sm=smiley36.gif]




*Daniela* -> RE: Како ја лечите тагата? (5.3.2010 18:18:59)

Кога сум многу тажна па дури понекогаш дојде и до мала депресија поради било која причина почнувам да си ги правам  вежбите што си ги правам секој ден само со појако темпо од вообичаеното и се чувствувам одлично бидејки преку вежбањето ми излегува целата нервоза, тага или негативна енергија




skorpijana -> RE: Како ја лечите тагата? (5.3.2010 18:23:21)

jas izleguvam setam edno 30 minuti i koga  pomine mi olesne[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Bogdancanka -> RE: Како ја лечите тагата? (5.3.2010 22:37:28)

Во последно време кога сум тажна си наогам некоја работа или само редам алишта,бришам чистам.......а до скоро време плачев сега некако нешто почнав да се менам....




melody -> RE: Како ја лечите тагата? (5.3.2010 22:54:30)

Koga sum tazna sum tazna i nemozam da si pomognam na nitu eden nacin ni so zborenje so nekogo ni so placenje.Ednostavno cekam da pomine denot vo nades deka naredniot nema da se custvuvam isto.




agnes77 -> RE: Како ја лечите тагата? (5.3.2010 22:59:02)

си плачам[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]
ако би [sm=smiley19.gif] била олимпијска дисциплина ја би победила медалијо




nadica -> RE: Како ја лечите тагата? (6.3.2010 0:47:59)


ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

си плачам[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]
ако би [sm=smiley19.gif] била олимпијска дисциплина ја би победила медалијо


нема шанси да ме победиш поголема [sm=smiley19.gif] од мене нема
од што ми се прочистени солзните канали ако дувнам со затворен нос ми излегува воздух од окото [sm=smiley36.gif] мм вика дека сум вонземјанин кој дише со очите [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




Mamicka3 -> RE: Како ја лечите тагата? (6.3.2010 0:50:14)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] да непукнеш бре жено,сите спијат а јас се смеам како .... да не кажам срамота е




majka 79 -> RE: Како ја лечите тагата? (6.3.2010 13:15:28)

ИЗВОРНА ПОРАКА: biser

ако ја видам мајками ,се ќе и изнакажам ,не дека она она може да среди се (како кога сме биле мали) туку да ми излезе од душата.ако не ја видам се фрлам на чистење , перење, и на крај сум толку уморна сто се ми изгледа помалку важно , само да легнам да се одморам.


no vo posledno vreme i nea ja stedam od nervozi, mnogu e povrzana so mene i mnogu se grizi(kako sekoja majka), nesakam da ja rastazuvam i nea.
ili ako i kazam i kazuvam vo poblaga forma.

cistenje, ribanje , cel stan go raskrenuvam.....a vo pozadina glasna muzika.




Палешка РР -> RE: Како ја лечите тагата? (6.3.2010 13:22:29)

Некогаш и не ја лечам тагата...некогаш ми е потребно да тагувам.




Adrijana -> RE: Како ја лечите тагата? (6.3.2010 14:56:01)

Ja si placam, i toa sama, mnogu vo posledno vreme ne se otvaram, da mu kukam nekomu, sakam sama da si se osplacam i da mi olesni[sm=smiley19.gif]




majka 79 -> RE: Како ја лечите тагата? (6.3.2010 15:00:32)

eeeeeee najdobar lek se solzite, za toj sto moze da se iznaplaci.

porano placev i mi olesniuvase. vo posledno vreme nemozam da placam, srceto mi se stega. od lutina moze da pustam nekoja solza i tolku........grutka mi stoi vo grloto




ripce -> RE: Како ја лечите тагата? (26.4.2010 14:48:03)

Си работам, си плачам, дека е ептен скоро постојано ми доаѓаат заеднички ситуации, спомени... [sm=smiley19.gif] седнавме со тато и брат ми и се договоривме дека мама не е тука, ама ние мораме да продолжиме натаму[sm=smiley19.gif] Се трудам да им бидам колку што можам од помош.




Палешка РР -> RE: Како ја лечите тагата? (26.4.2010 14:52:29)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image] морате рипче [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




mis. -> RE: Како ја лечите тагата? (26.4.2010 14:53:16)

рипче те мислам многу деновиве.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] со тебе.Тагата и болката секогаш ќе ја имаш во себе и нема да помине ни минутка да не се сетиш на неа но верувај најмногу ќе ја ублажиш болката со фамилијата со мажот а посебно само зоки може да ја ублажи твојата болка да те натера да се смееш на глас дури и тогаш кога си најтажна и кога срцето плаче во тебе.Ајде крени ја главата со ведри мисли и мораш да продолжиш понатаму.Ти пишав и пак ќе ти пишам еден дел од твоето срце отиде со неа.Многу болно но вистинито го осетив тоа на моја кожа.




ripce -> RE: Како ја лечите тагата? (26.4.2010 14:55:24)

Еве најмногу си мислам... "Значи имаше причина зашто Господ сакаше да се мажам толку млада, да родам, да осети мајка ми како е да има и внуче"[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]




nadica -> RE: Како ја лечите тагата? (26.4.2010 15:00:19)


ИЗВОРНА ПОРАКА: ripce

Еве најмногу си мислам... "Значи имаше причина зашто Господ сакаше да се мажам толку млада, да родам, да осети мајка ми како е да има и внуче"[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]


[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif] поради тебе а најмногу поради зоки мораш да продолжиш понатаму болката и нејзиното отсуство секогаш ќе ги осеќаш но со тек на време да се сеќаваш само на вашите убаво поминати мигови и така ќе ти биде полесно




ripce -> RE: Како ја лечите тагата? (26.4.2010 15:17:25)

Најмногу ми е тешко кога сум сама дома со Зоки... не можам, се гушам... пошто мајка ми работеше во собранието кое е на 2 минути од нашиот дом и доаѓаше постојано кај нас... сега ништо[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]излегувам од дома по улицата нагоре минувам покрај собранието, плакати на секоја бандера од неа, уште толку се растреперувам, ама така покрај дуќаните одиме со Зоки, шетаме, некако се смирувам, дома ми е најтешко.




mami -> RE: Како ја лечите тагата? (26.4.2010 15:21:53)

Само храбро мила...најтешко додека сфатиш дека всушност нема да се врати никогаш...ако ти олеснува, плачи ни тука на нас...тука секогаш имаш некој што силно ќе те гушне[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




Martins mom -> RE: Како ја лечите тагата? (26.4.2010 16:48:32)

плачам, плачам, си се самосожалувам, но и во тие моменти барам како да го решам проблемот што ме прави тажна(мозокот активно ми работи 300 на час) и замислете...тогаш ги наоѓам најдобрите решенија
И најголемата депресија може да биде предуслов за креација




suzeto -> RE: Како ја лечите тагата? (29.11.2010 0:13:29)

so vas mili moi




Viktori -> RE: Како ја лечите тагата? (29.11.2010 0:45:04)

мене тага да не ме фати... одма ја бркам (не баш одма, ама ќе ми текне по некое време [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image])  со Скарлет о Хара: "Tomorrow is Another Day"




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>