Националност дали е важна? (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Посвојување, згрижувачки семејства



Порака


daniel -> Националност дали е важна? (16.9.2009 21:49:40)

Дали би присвоиле македонче ако сте албанец и обратно?






Еца -> RE: Националност дали е важна? (16.9.2009 21:57:55)

никогаш за ништо не ми е важна националноста. А најмалку кога се работи за деца.

п.с. Даниел те молам пишувај со мали букви во спротивно ке треба да ги бришеме постовите, бидејќи големите букви значат викање, карање.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




BEBICA -> Националност дали е важна? (16.9.2009 22:00:13)

daniel dobra tema so teski odgovori.Jas mislam deka seuste sme zatvoreno opstestvo po ova prasanje.Mnogu sme povredeni i ednata i drugata strana, mislam Makedoncite i Albancite.
No sepak dete e dete, tocno deka toa dete si ima poteklo no ne treba da bide presudno.niedno dete ne e ne e krivo sto se rodilo vo odredena nacionalnost, naprotiv sekoe dete se raga cisto kako list hartija zatoa se tuka roditelite da go usmeruvaat i ucat da stane dobar covek bez obzir na nacionalnosta.




niki -> RE: Националност дали е важна? (17.9.2009 10:53:08)

Nacinalnosta i svesnosta za nea se steknuva so tekot na zivotot, ne e nesto po sto bilo koj e obelezan so raganje pa taka da ne gledam problem da se posvoi dete od druga nacionalnost koga toa ne e svesno za toa. Kako roditel jas ne bi se cuvstvuvala obvrzana da go vospituvam kako albance koga voopsto toa nemozam da go pravam bidejki samat ne sum albanka, vo nekoj moment od zivotot bi mu kazala sto bile po nacionalnost negovite bioloski roditeli no toa bi ziveelo po nacelata na mojata nacionalnost se dodeka ne bide dovolno vozrasno da istrazuva samo i da ja zapoznava drugata nacionalnost. Jas sum mazena za srbin i kolku i da sme slicni megu nasite nacionalnosti ima razliki, a kerka mi poprima i od dvete, ne e posvoena no ne e odredena kon samo edna pa taka verojatno bi bilo i koga bi posvoile dete bez ogled na toa od koja nacionalnost bi bilo.




agnes77 -> RE: Националност дали е важна? (19.9.2009 19:56:41)


ИЗВОРНА ПОРАКА: daniel

Дали би присвоиле македонче ако сте албанец и обратно?






македонско, албанско, ромско, руско... било које... дете је дете...а свако дете треба родителје
луге говоре, да нису националисти али кад га питаш дали би посвојио дете неке друге нацопналности, боје етс, тада добијеш тачан одговор, и кажем вам има пуно националиста...




dusica_k -> RE: Националност дали е важна? (17.10.2009 15:19:54)

не би сакала да ме осудувате поради постот ама јас никогаш не би посвоила дете што не е од мојата вера,...незнам зошто меѓутоа едноставно неможам




niki -> RE: Националност дали е важна? (17.10.2009 15:59:28)

ИЗВОРНА ПОРАКА: dusica_k

не би сакала да ме осудувате поради постот ама јас никогаш не би посвоила дете што не е од мојата вера,...незнам зошто меѓутоа едноставно неможам


Прво добредојде и пријатно дружење!
И второ зошто? Што знае едно дете од 1, 2 или 3 години за вера и националност? Во другиот пост велиш и самата си посвоена и не те интересира да дознаеш која ти е биолошка мајка што значи дека можеби е од друга вера, а ти можеби и незнаеш. Што тоа би променило во љубовта која ја чувствуваш за посвоените родители и тие за тебе?
Не те осудувам, ама ми е некако парадоксално и чудно некој кој и самиот е посвоен да има предрасуди за тоа.




Bogdancanka -> RE: Националност дали е важна? (17.10.2009 16:13:23)

Јас да мене нацијоналноста не ми е важна сите ми се мили кога веке збориме за дечиња не би бирала ете тоа е моето мислење[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




dusica_k -> RE: Националност дали е важна? (17.10.2009 16:44:41)

прво фала за топлото добредојде...а после...
знам дека 99% не се сложуваат со мене,дури и јас не би се сложила со мојот став доколку ситуацијата во мојот живот била поинаква...бидејки знам дека децата се најголемото богатство на секој човек...искрено моето семејство е чисто македонско и да..точно е дека незнам дали таа што ме родила е македонка или не..меѓутоа во животот сум била секогаш во контакт со мешани националности и тоа не ми било проблем..се до пред некое време кога имав лошо искуство со нешто слично и затоа сега знам дека доколку посвојам дете сигурно ќе биде само од македонско потекло




niki -> RE: Националност дали е важна? (17.10.2009 16:52:29)

ИЗВОРНА ПОРАКА: dusica_k

меѓутоа во животот сум била секогаш во контакт со мешани националности и тоа не ми било проблем..се до пред некое време кога имав лошо искуство со нешто слично и затоа сега знам дека доколку посвојам дете сигурно ќе биде само од македонско потекло


Ова нешто слично се однесува на нетрпеливоста меѓу националности и вери или на некој случај со посвоено дете од друга националност или вера?
Не сакам да сум напорна, извини ако премногу навлегувам во детали од твојата интима, ама кога веќе изнесуваш некој став, бар објасни малку поопширно за подобро сите да разбереме или бар да се обидеме.




dusica_k -> RE: Националност дали е важна? (17.10.2009 17:09:40)

кога пишав нешто слично мислев на посвојувањето и на децата...пред некое време бев сексуално нападната(силувана,ама несакам да го употребувам тој збор ептен лошо ми звучи) од човек од друга националност и од тој ден кога се збори за врска со човек од друга националност или пак еве како во случајов посвојување на дете од друга националност ми се гади од нив,се ми стана одбивно..затоа реков порано сигурно ќе сум прифатела да посвојам дете од друга националност ама ова моево е на лична база,едноставно неможам да прифатам такво нешто(се надевам дека ме разбираш)




niki -> RE: Националност дали е важна? (17.10.2009 17:25:41)

Многу ми е жал за сето низ што си поминала, но најди сила во себе да си простиш и да продолжиш да живееш нормално. Насочувајки ја омразата кон сите кои не се исто што и ти не го бришеш минатото, ниту ќе ги поправиш работите. Казнет треба да биде тој кој те нападнал, тој е виновен, не неговата националност ниту вера. Можел да биде и македонец, не сме ние совршени и меѓу нас има лоши луѓе.
[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image] за тебе и за храброста и искреноста.
Биди силна и избори се со своите негативни чувства, немој да дозволиш да те обземе омраза.




dusica_k -> RE: Националност дали е важна? (17.10.2009 17:34:13)

секој ден се борам со тоа,ама сепак....едноставно одбивноста е поголема од било што...

инаку фала...[sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




Bogdancanka -> RE: Националност дали е важна? (17.10.2009 17:39:01)

Леле баш ми е жал за тоа што прочитав што си поминала но во потполност мислам дека е во право Ники и кај нас мак има такви луге па јас дури и не би ги нарекла луге за мене тие се нешто уффффф не сакам ни да зборам за такви.[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]браво за твојата храброст и искреност,потруди се да бидеш позитивна и како што рече Ники немој да дозволиш да те обземе омразата[sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]еве за тебе и за твојата искренос мислам дека си многу храбра личност Душица_к




Страница: [1]