ivanaa -> Чоколадото корисно и во бременоста (17.9.2009 9:53:47)
|
Консумирањето чоколадо во текот на бременоста е добро за детето, се покажало во истражувањата на финските научници, од Универзитетот во Хелсинки. Истражувачите побарале од 300 трудници да го бележат нивото на стрес и количеството чоколади што ги јадат, и според тоа забелажале дека консумирањето чоколадо за време на бременоста, позитивно дејствува на однесувањето на детето. Исто така е забележано дека децата на воздраст од 6 месеци, чија што мајка за бременоста секојдневно консумирала чоколадо, почесто се смееле и биле повесели. Истражувачите кои го спровеле истражувањето признаваат дека неможат со сигурност да тврдат дека чоколадото и однесувањето на децата не се поврзани и со некои други фактори. Но исто така претпоставуваат дека забележаните дејства произлегуваат од хемикалиите во чоколадото, што се поврзува со позитивното расположение, кое се пренесува на новороденчето во матката. [image]http://forum.idividi.com.mk/uploads/20081107_221623_cokolada_mmmm.jpg[/image]
|
|
|
|