vezilka RR -> RE: Оглас (9.7.2012 16:10:40)
|
Некој бараше оглас од факултетиве.. Градежниот факултет во Скопје распишува КОНКУРС за избор на еден наставник во сите наставно - научни звања на Градежниот факултет во Скопје од научната област Теорија на конструкциите. Кон пријавата се поднесуваат следните документи (во оригинал или заверен препис кај нотар) биографија, диплома за завршено високо образование, диплома за научен степен доктор по технички науки, листа на научни и стручни трудови објавени во земјата и во странство, копија од изјава - образец бр. 1 со потврда за прием од Комисијата за верификација на фактите на Р. Македонија, согласно Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција. Рок за поднесување на пријавите е ( 8 ) дена од денот на објавувањето на конкурсот. Пријавите и потребната документација се поднесуваат во архивата на Градежниот факултет во Скопје, ул. Партизански одреди бр. 24 Скопје.
|
|
|
|