RE: Како да ја зголемите телесната тежина? (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Слабеење



Порака


Cacko -> RE: Како да ја зголемите телесната тежина? (13.3.2010 22:44:09)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

1м80см најмалку 80 кг


е со ова богами не се сложувам..80 кг, на мојата висина е сепак многу...


ne se slozuvam,ne mozes da se zamislis sebe takva posto si mnogu slaba.jas i ti sme isto visoki 181cm sum i na svadbata bev 82kg.pogledni gi slikite pa kazi dal sum debela ili slaba ili normalna.isto i od meden mesec slikite.eeeeh kamo sreka da sum sea 80 kg




Felly RR -> RE: Како да ја зголемите телесната тежина? (21.6.2014 23:42:40)

Ајде малку да ја активираме и оваа тема. Не само во темата слабеење се пишува, [sm=jezicek.gif] ајде и овде дајте некој совет. ЗНам дека Сноувајт бараше ваква тема.[sm=smiley1.gif]




Snowhite RR -> RE: Како да ја зголемите телесната тежина? (22.6.2014 9:03:57)

Баρав ете имало, па на ρρ нема што нема[sm=bravo.gif]
Ајде сега давајте совети, навистина ми фали неκое κило




deluxe -> RE: Како да ја зголемите телесната тежина? (22.6.2014 11:24:07)

Snow i mm imase slicen "problem".Toj bese mnogu slab, no denes izgleda taman[sm=smiley36.gif].Posle sekoj obrok piese mleko na koe mu dodavase 1-2lazicki med I proteini. Navistina proteinite mnogu mu pomognaa.Mozam da ti pisam podetalno od kade gi nabavuvase,kako,sto...




Snowhite RR -> RE: Како да ја зголемите телесната тежина? (22.6.2014 15:01:24)

пиши ми делуκс јас сега ќе пρименам нешти од советиве овде па белκим ќе κачам неκое κилце




Dilina -> RE: Како да ја зголемите телесната тежина? (23.6.2014 0:21:48)

Eeeee тука можам и јас да се пријавам [sm=smiley36.gif]

Пред 9 месеци имав 40кг... не е за фалење ама еве темава е таа па да се уклучам. Цел живот сум слаба, со 45к макс. имав различни периоди, кога јадев обилно кога ич не јадев. Но сепак 45 знаев да ги одржам со 162 цм висина. Но сепак и тоа не е кој знае шо. Кога се вработив во ф-мава кај што работам (пред 2ипол год) работевме по цели денови месец дена. Ослабев нагло и еден работен ден решив да се качам на вага. Тоа беше страшен момент за мене. Покрај муабетите од страна - слаба си слаба си слаба си, покрај муабетите дали нешто јадеш/дали му давате на девојчево да јаде, вагата ми покажа 40кг....... неможам да ви ја опишам бездната во која паднав и кое разочарувае го почуствував. Пријателки се чуствував толку очајно, што во еден момент си реков ако покажеше 39 ќе умрев. Јас се тешев на некој начин со килажата од 40кг, а молев бога да не бидам 39. Ако ја раситнев 40ката мислам дека ќе умрев, а и веќе бев на работ на депресијата..... искрено кажано.

Незнам кај мене кои биле факторите порано затоа што бев толку слаба - правилно се хранев, со 3 јадења на ден, ужинка, но и избегавав тешки храни. И ден денес јас сум повеќе по свежа храна, не многу леб, но знам и манџа да се насркам.

Незнам дали еден од факторите бил стресот кој сум го преживувала со текот на годините и детството, но не сум само јас дете од да не речам распадната фамилија....

Но сигурна сум дека голем ден произлегува од мојот темперамент. ММ знае да каже како олуја си. [sm=smiley36.gif] тоа многу ме истрошува, а истото го правам не само дома туку и на работа. Задачите кои треба да ги завршам за 3 саата ги завршувам за пола саат. И секако не одмараш после туку ти даваат уште и уште и уште..... ете тогаш станав 40 кг, и застанав на работ од депресија.

Ај со тек на време некако успеав да качам 2 3 кила, но пак не е тоа тоа... на лик и не изгледав толку страшно со 3 кг плус. Но психата те мава.

И си се тешев, дека ајде еден ден ќе треба да родам дајбоже тогаш да се поправам, и еве сега сум во 9ти и имам рамно 60кг... Сите ми велат пу пу само еден стомак на тебе а незнаат уствари како изгледав порано [sm=smiley36.gif]

Се надевам дека ќе задржам од килажата. Јас би била задоволна и со 48/50.... но ќе видиме... дајбоже, но ако се вратам на старо, незнам како ќе се справам дури тогаш......




princessa -> RE: Како да ја зголемите телесната тежина? (23.6.2014 15:01:24)

Дилина ја прочитав твојата сторија и се пронајдов и себе си тука. Моја тежина си беше 60-62 кг на 172цм висина и си бев нормална, изгледав нормално. Е кога ми се роди 2тото дете јас буквално се стопив. Имав 53кг пред некое време и изгледав а и моментално не изгледам ок. И секое качување на вага ми е кошмар, паѓам во депресија. Се трудам да јадам што е можно повеќе, но стресот си го прави своето. Едноставно го јаде човек одвнатре а и плус колку сум и јас брза. Сработувам секундарно некои работи, како струја сум[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]. Треба да поработиме на внатрешниот мир, да си дадеме време за релаксација, иако е многу тешко. Јас си ја сокрив вагата и сега не ја сакам. [sm=duda.gif] да престане еднаш да цица ќе се сменат работите кон подобро и малку да потпорасне и помалото и на она големото умот да му дојде[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




sandriana RR -> RE: Како да ја зголемите телесната тежина? (24.6.2014 10:36:58)

Девојки, само редовна и умерена исхрана е лек за качување тежина, исто како и за намалувањето.
Со тоа што за качување тежина дефинитивно важни се протеините - нивен оптимален внес и по можност вежбање. Обидете се да најдете време за 3 оброци, + 2 ужинки, сето тоа да изобилува со протеини- варени јајца за вечера (1 цело + 5 белки) во комбинација со свежа салата, ручек со парче месо, ориз и салати, појадок од житарки и умерени јаглехидрати (или протеински шејкови), ужинки - протеински барови или јаткасти плодови.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]