Колкаво влијание има воспитувањето од бабите и дедовците на децата? (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


jagodica -> Колкаво влијание има воспитувањето од бабите и дедовците на децата? (4.12.2011 2:00:20)

Spored mene namerno ili nenamerno samoto dete sakalo ili ne si poprima od odnesuvanjata na svoite baba i dedo narocito vo zaednica :) samiot zivot vo zaednica kolku sto e dobar deka imame pomos okolu cuvanjeto na decata i red drugi raboti tolku e i los za vospituvanjeto na vaset_o dete . Bas sakav da go slusnam i vaset_o mislenje [sm=zmeden.gif]




Annet -> RE: Колкаво влијание има воспитувањето од бабите и дедовците на децата? (4.12.2011 12:58:14)

fala mu da dedo boze nasite babi i dedovci prasuvaat i slusaat sto ke kazeme,sepak majka i tatko treba deteto da si go vospitaat a oni se tuka da pomognat....sekako deka sam e najubavo da ziveesama ete nie ne ziveeme sega sami,zdravje boze ponatamu ke odi vo gradinka i ke bideme sami........ke vidime
a vlijae kako ne.....ako si kutis i ne opomeniuvas za nekoi raboti ke se cudis od kade dosle.........ama koj ima usi da poslusa,koj nema -nema...zavisi od lugeto




miana -> Колкаво влијание има воспитувањето од бабите и дедовците на децата? (4.12.2011 13:05:23)

Jagodica totalno se slozuvam so tebe..Jas si imam golem problem so ova...Aj baba i dedo ama i zolvami e so nas i nemozam da vi opisam kolku mi precat mnogu raboti ama moram da gi trpam..Zolvami ja uci na gluposti i koga ke gi povtori tie gluposti mm ja kara ili mi vika- plesni ja ,a jas na toa dodavam : ne,ne treba nejze da ja plesnam tuku toj sto ja uci...Zosto deteto da mi jade kotek zaradi drugi neli??? Ili pak koga jas ke ja skaram nasive ja mazat,ili koga ke recam ke ti ja plesnam edna sveki dodava : ajde ajde samo za pleskanje znaete ..I takvi nekoi raboti sto me vadat od takt...Mene mnogu mi preci sto deteto ne znae za RED i toa ne mozam da go promenam za zal....MNOGU vlijaat babite i dedovcite osobeno vo zaednica[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Annet -> RE: Колкаво влијание има воспитувањето од бабите и дедовците на децата? (4.12.2011 13:33:03)

taka koga ke recat kazi si odma so si imas na um ne trpi,ke se nerviras
neka se lutat kolku sakaat
zimaj deteto i kaj tebe u soba i kazi si,ednas dvapati ili mazot neka si kaze.kako toa........




dzigimigi -> RE: Колкаво влијание има воспитувањето од бабите и дедовците на децата? (4.12.2011 14:14:15)

mili mamicki decata si ucat i da se i da ne se so babi i dedovci,nie ziveeme sami,[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image] moj koj sega e veke 19 mes e celo vreme so mene osven eden period od dva meseci go cuvase sveki kaj mene po 3 saati sekoj den.znaci dali ke primi ili ne deteto e zavisi od nego samoto dali ima interes za toa ,e sega za moeto dete se e igra i smeja znaci nemoze da go karam,situacija koga site sme na kup nie i sveki i ako napravi nesto sto ne treba i jas ke sakam da recam a ne ne smees taka ama sveki e brza za toa i ona misli deka taa e bitna a ne roditelite sto treba da pravat znaci nema sansi da se razberes ama nikogas i zatoa sekoj da si tera kako si saka i da si rece koga ke mu smeta jas sum rekla mi se nalutile ama jas sum roditel na toa dete poz 




Viktori -> RE: Колкаво влијание има воспитувањето од бабите и дедовците на децата? (4.12.2011 14:33:02)

Мислам големо, ако се во заедница, каде мајката е на работа по 8 саати дневно па детето се со баба и дедо тоа време.
Искрено, јас пре ќе ги дадам во градинка од 12 месеци отколку да ги чува кој било мои-твои неважно.
А дали ќе се нервираат ако им кажам нешто во врска со децата, ич не ме секира. Нивни проблем.
Јас кога беа мали децата никогаш, никаде не ги носев. За 1-2 саати да, ама за подолго - нема шанса. Тоа одење на одмор кај мои-твои по цела недела, викенд не знам што, не ми паднало ни на памет.
Децата може нема да примаат којзнае што негативно од нив, ама ќе станат глумци и манипуланти со тапија [sm=jezicek.gif]

Не може бре! [sm=jezicek.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Колкаво влијание има воспитувањето од бабите и дедовците на децата? (4.12.2011 14:50:09)

ОГРОМНО влијание имаат бабите и дедовците во воспитувањето на децата.
И јас се сложувам со Виктори - пре ќе го пратам во градинка отколку дома со баби да ми седи. Само што јас го оставам на подолго со двете баби. Со свеки живееме во ист двор, ама со неа се гледа само преку викенд зашто оди на работа од 14-22, секогаш втора смена и додека дојде тој спие, а на сабајле е во градинка. Кај мајка ми го носам некогаш на ден-два, па и повеќе.
Кога се роди и двете баби сакаа да се наметнат со некои нивни „правила“ за воспитување, ама откако јас и мм (особено мм) убаво им објаснивме дека сакаме ние да се слушаме во врска со воспитувањето, и тие ги почитуваат нашите правила. Досега се што сум им кажала ме послушале.

Најголем проблем ми е татко ми, тој го разгалува до бесвест, се му дозволува. Му дава да чепка по фиоки, да кине списанија, да ги чепка украсите од регали... И после дома тоа мене ми прави проблем.




miana -> RE: Колкаво влијание има воспитувањето од бабите и дедовците на децата? (4.12.2011 20:59:05)

ehheeeee mm kolku pati im se razvikal da ne se mesaat ama dzabe e bre- vo zaendica zivees i toa nemoze da im se iskoreni...jas si kutam a mm se kara...Svekrvami e edna takva "gospoza" sto odma ke go digne nosot i nema da pravi muabet po cel den a vo ista kuka da ne pravis muabet so nekoj i ne e lesno osobeno koga si zavistie nesvesno eden od drug..Menee ako sveki ne mi ja pricuva koga terba da odam nekade - nemo koj...So majkami ne sedi ic takada zavisna sum od sveki...Zaedno rucame,iako imam i kujn ai frizided gora - cela hrana e gore i da se skarame jas moram kaj niv da se simnam..Zatoa vnimavam i mnogu retko koga navistina ek me izvadat od takt znam da vratam ama ipak so isav..A mm se kara i nekako ke go puslusaat vo toj moment i posle pak jovo na novo...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Тања РР -> RE: Колкаво влијание има воспитувањето од бабите и дедовците на децата? (4.12.2011 21:44:23)

Jас би се согласила дека бабите и дедовците имаат влијание врз детето доколку поминуваат подолго време со него но не разбирам зошто сите мислите дека тоа влијание  неопходно мора  да биде негативно? Зарем тие исти баби и дедовци не ве воспитале вас и вашиот сопруг? Сметате дека вие сте излегле „не како што треба“ па сега се грижите истата грешка да не ја направат со вашето дете?
Мене во голема мера ме има воспитувано дедо ми затоа што не чувал со брат ми додека родителите беа на работа, па сепак сме биле деца за пример. Учтиви, послушни, мирни, никогаш немавме преголеми барања и желби, мислам дека не научи на скромност пред се.
Ќерка ми поминува по три часа во денот со една од бабите (наизменично) и јас не забешежувам ништо негативно кај неа. Ако нешто не ми се допаѓа им сугерирам и тие прифаќаат. Не би ги менувала за градинка во никој случај.




miana -> RE: Колкаво влијание има воспитувањето од бабите и дедовците на децата? (4.12.2011 21:54:47)

aaaa greska si Tanja...Zboram za ziveenje vo zaednica...pa mene majkami znaela i da me plesne i da mi se razvika a na kerkami ne i paga na pamet..I koga ja karam ili plesnam kerkami ona se mrsti,pravi faci i odma ja zastotuva...baba e drugo ,majka e drudo..Jas kerkami znam da ja skaram a sestrami koga ja kara vnukami poinaku gledam,.....mm koga vika po kerkami oni odma ripaat,gi boli...Pazi da ne ja udrat..I jas pak ako jas ja karam kerkami e OK ama ako vidam deka zolvami i zamavnuva mi se ide da stanam i da ja nokautiram...Takada babit ei dedovcite nemaat srce da plesnat ili skaraat i da imaat go pravat toa na poinakov nacina ama jas koga vikam - ne im cini..Takada mislam deka na toj nacin vlijaat loso na nas...majkami e mnogu poinakva so kerkami odkolku sto bila so mene....I mene babami me iscuvala i sum bila mnogu primerno dete ama ne sum ziveela vo zednica so nea...




Тања РР -> RE: Колкаво влијание има воспитувањето од бабите и дедовците на децата? (4.12.2011 22:09:22)

Миана па зарем плеснувањето е еднинствен начин на воспитување деца? Целиот твој пост се состои од тоа како тебе те потплеснувале, како ја лишуваат ќерка ти од „есенцијалното“ потплеснување, како ти сакаш да ја потплеснеш малата ама свекрва ти не ти дозволува.....[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]






Viktori -> RE: Колкаво влијание има воспитувањето од бабите и дедовците на децата? (4.12.2011 22:25:10)

Jас би се согласила дека бабите и дедовците имаат влијание врз детето доколку поминуваат подолго време со него но не разбирам зошто сите мислите дека тоа влијание  неопходно мора  да биде негативно? Зарем тие исти баби и дедовци не ве воспитале вас и вашиот сопруг?


Па најверојатно од искуство. Татко ми и мајка ми тотално поинаку се однесуваат со моите деца, во споредба со мене и сестра ми кога сме биле мали. Мислам, очигледно е. Ограничувањата што ние ги имавме за внуците не постојат! И не е дека тие не не воспитувале нас кога сме биле деца, туку дека не воспитувале нас како родители. А на децата наши не се родители. Нивното воспитување се темели на угодување на внуците. И целото време и нерви што ги немале за нас, кога сме биле деца (затоа што работеле нели и тие) го имаат сега за внуците (како пензионери кои со ништо не се замараат)

И да, и те како ќе изберам градинка со појадок ужинка ручек, морално спиење и активност помеѓу, наместо, што сака детето, што сака детето, како сака детето и не му се спиеше на детето [sm=jezicek.gif]




suzeto -> RE: Колкаво влијание има воспитувањето од бабите и дедовците на децата? (4.12.2011 23:03:20)

jas mislam deka imaat pregolemo vlijanie,barem kaj nas .....ako pocnam so primeri ima mnogu ,,,evo samo nekolku... mnogu go napravija nervozen non stop mu se vo nego piknati da te gusnam ova ona ,jas znam deka go sakaat no toa e dete koi si ima nesto zamisleno vo igrata a tie non-stop mu precat...ne mu dozvoluvaat da igra kontra sekogas mu odat ...strikomi go ima nauceno sve negativno so borbi itn......od niv ne mozeme nikako da go sredime non-stop go branat dete e itn vie ne ste bile podobri i tatkomu kakov bese eheeeeeeee ........... dovolno e............




Cooper -> RE: Колкаво влијание има воспитувањето од бабите и дедовците на децата? (4.12.2011 23:42:19)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања РР

Jас би се согласила дека бабите и дедовците имаат влијание врз детето доколку поминуваат подолго време со него но не разбирам зошто сите мислите дека тоа влијание  неопходно мора  да биде негативно? Зарем тие исти баби и дедовци не ве воспитале вас и вашиот сопруг? Сметате дека вие сте излегле „не како што треба“ па сега се грижите истата грешка да не ја направат со вашето дете?
Мене во голема мера ме има воспитувано дедо ми затоа што не чувал со брат ми додека родителите беа на работа, па сепак сме биле деца за пример. Учтиви, послушни, мирни, никогаш немавме преголеми барања и желби, мислам дека не научи на скромност пред се.
Ќерка ми поминува по три часа во денот со една од бабите (наизменично) и јас не забешежувам ништо негативно кај неа. Ако нешто не ми се допаѓа им сугерирам и тие прифаќаат. Не би ги менувала за градинка во никој случај.

se slozuvam so Tanja i mene me ima gledano baba mi...i od nea sega svakam kolku ubavi raboti imam nauceno..najveke da go sakam ucilishteto,da go pocituvam ucitelot,roditelite..jas nemam los spomen so baba mi so koja ziveevme..drugata baba ne mi se sviga ic na karakter i do den denesen..
zavisi i od toa kakvi luge se babite i dedovcite vo slucajot...
jas moe dete bi ostavila na majka mi no ne i na svekrva mi..majka mi e 50 godishna zena so moderni svakanja a sveki e 70 godini i samo inat kara..taka da..se e individualno




jagodica -> RE: Колкаво влијание има воспитувањето од бабите и дедовците на децата? (5.12.2011 0:43:23)

Jas ako pocnam nema kraj ... Ama sega gledam deka se negativno sto poprimila od baba mu mu se vraka kako bumerang i toa samo na baba mu na PR. pogrdni zborovi sto gi upotrebuvala koga bile zaedno ke reci nesto i ke mi se svrti ne ti velam tebe mamo na baba mi mu velam i veruvajte deka ne ja karam neka vidi baba mu do kade e nejziniot recnik i deka vnuka mu na sekoe ja sledi . I ako od pocetok bev mnogu trpeliva ne prerekvav nisto sega drug nacin najdov ako mu se razvika na cel glas oti gi zela pajncite da igra ( toa e stres za edno dete da mu se treses nad nego )sigurno bi te svatilo podobro ako mu reces so arno .Bez razilka megutoa tie sto ne se vo zaednica nemozat da svatat deka vospituvanjeto vlijae i toa mnogu a da, i se slozuvam i so nekoi od vas deka ne se site babi isti ama jas si kazvam za mene [sm=smiley36.gif]Dva pati do sega nemozev da istrpam i gi slusam vo dvorot kako vojna da ima i si velam so mozi sega da se sluci i za gluposti so mu smetat na baba mu i si ja povlekov kerka mi doma i ko go krena nosot ami kako [sm=smiley3.gif] A pak od druga strana mi se najduva i navecer da podizlezime nemozam kaj majka mi da ja nosam daleku sme . Tri godini rabotev vo privatna gradinka i spored mene ako deteto saka ( ama i da nejke ke se nauci) nema poubav nacin na vospituvanje na dedeto .Deka nekoj ke rece kako doma nikoj ne ti go gleda , nema vrska mozi ke si dojdi i iskarano i podudreno ama sepak go pustas da se socijalizira i ke se druzi. Mojot problem e so ja nosev ko rabotev vo gradinkata i sega nejki da odi oti misli deka treba majkata da sedi imam probano nekolku pati i vospituvackite mi velat dzabe ti e samo stes mu praj na devojceto .Duri i mi idi nekogas ko ke mu vika da mu recam na kerka ti da mu vikas ne na kerka mi [sm=hudicek.gif]




miana -> RE: Колкаво влијание има воспитувањето од бабите и дедовците на децата? (5.12.2011 0:58:55)

j
ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања РР

Миана па зарем плеснувањето е еднинствен начин на воспитување деца? Целиот твој пост се состои од тоа како тебе те потплеснувале, како ја лишуваат ќерка ти од „есенцијалното“ потплеснување, како ти сакаш да ја потплеснеш малата ама свекрва ти не ти дозволува.....[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]


Dojdi kaj mene eden den na gosti i vidi kako moeto dete koe sto do vcera go cuvase babmu ( ne odese vo gradinka  ) se odnesuva i kolku ne pocituva i nas a i babi i dedoi pa ke ti stane jasno..Jas ne sum jadela kotek od majkami zosto nemalo potreba a sestrami jadela i te kako.... Ne sum od onie roditeli sto gi krsat decata od kotek..Znaci pravime muabet za potplesnuvanje sto kaj kerkami e neophodno bidejki pod zakrila na babai i dedoi ona ne recka ziva sila..Osobeno koga sme site zaedno - kako da vleguva gavol vo nea i treba ili jako da se razderes ili da plesnes za da poslusa..Ne pravime muabet za tepanje i izivuvanje vrz deteto tuku za pleskanje ( po gazeto ) Ne veruvam deka nekoj od vas do seg ago nema plesnato svoeto dete a osobeno onie koi gi cuvaat babi i dedovci i im dozvoluvaat se pa posle i vie nemate avtoritet vrz deteto..Na toa mislam..




jagodica -> RE: Колкаво влијание има воспитувањето од бабите и дедовците на децата? (5.12.2011 1:04:57)

miana istoto go imam i znjas kako e KOJ NEMOZI NA MAGARETO UDIRA NA SAMAROT[sm=smiley36.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Колкаво влијание има воспитувањето од бабите и дедовците на децата? (5.12.2011 9:15:08)

Mojot soprug i zolva mi ostanati se bez roditeli uste koga imal 5 godini.Iscuvani se i dvajcata od baba im,koja bila zena od selo,so zavrseno samo 4 to oddelenie.
Znaci zena neobrazovana, 63 godisna se nafatila da gi cuva ,da gi vospituva,da im bide i majka i tatko,da gi iznese na prav pat, samo da ne ostanat po domovi i da bidat razdeleni..Gospod ja pocuval i i dal sili da bide so niv 20 godini.Kako vlijaela na niv????
Zolva mi e generalen direktor na firma,magistar,+ profesor na koledj,ambiciozna do besvest.MM isto e so fakultet so dobro rabotno mesto.
Site komsii i zavidule kako uspeala vo toa,da gi vospita pravilno,i da gi posoci na prav pat,a ne kako sto ima slucaevi da bidat narkomani,propalici i slicno.I zaviduvale onie koi bile ajde da gi narecam pismeni,a nivnite deca denes edvaj guraat kraj so kraj..
Ima sekakvi babi i dedovci ne vikam ne,no sepak starite velat se po mudri pa moze i od niv mnogu da se nauci..




Felly RR -> RE: Колкаво влијание има воспитувањето од бабите и дедовците на децата? (5.12.2011 9:27:34)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR

Ограничувањата што ние ги имавме за внуците не постојат! И не е дека тие не не воспитувале нас кога сме биле деца, туку дека не воспитувале нас како родители. А на децата наши не се родители. Нивното воспитување се темели на угодување на внуците.


Потполно се согласувам со ова. Од толку што само гледаат да им угодат, кај нас еве што се случува. Кога Матеа нешто ќе и се налути на баба и, почнува да ја мава/ да ја тепа, а таа се смее.  Мене тоа ужасно ме нервира. Јас ако сум тука, одма ја карам дека не смее така никого да го мава, а посебно не некој голем. Еднаш и реков - добро, зошто и дозволуваш така да ти прави, а таа само одговори, па дете е, не знае како треба. Ама па затоа ние сме, да и кажеме како треба, а како не треба, а не да се смееме на се што ќе направи. Јас на пр. ако мене ми направи така, ја фаќам за рачиња и и велам дека не смее така да прави. А баба и ја има искарано (под искарано мислам да и каже дека нешто не треба да прави) да не речам два пати. Еднаш кога и чепкаше во цвеќињата, сакаше да кине лисја - тогаш и свика погласно малку. А инаку да фрли со нешто на маса - таа ќе се насмее, Матеа сака да се качува на масиче, т.е. на стакло кое не е никако прицврстено, и ако малку повеќе се потпреш на едната страна, тоа ќе се преврти - баба и пак се смее. Па не се учи детето што е правилно а што не, ако на се` се смееш. И јас некогаш може и угодувам повеќе од што треба, ама па се` има граница. Треба некогаш и НЕ да кажеш.




Pepelaska * -> RE: Колкаво влијание има воспитувањето од бабите и дедовците на децата? (5.12.2011 9:27:51)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR

Jас би се согласила дека бабите и дедовците имаат влијание врз детето доколку поминуваат подолго време со него но не разбирам зошто сите мислите дека тоа влијание  неопходно мора  да биде негативно? Зарем тие исти баби и дедовци не ве воспитале вас и вашиот сопруг?


Па најверојатно од искуство. Татко ми и мајка ми тотално поинаку се однесуваат со моите деца, во споредба со мене и сестра ми кога сме биле мали. Мислам, очигледно е. Ограничувањата што ние ги имавме за внуците не постојат! И не е дека тие не не воспитувале нас кога сме биле деца, туку дека не воспитувале нас како родители. А на децата наши не се родители. Нивното воспитување се темели на угодување на внуците. И целото време и нерви што ги немале за нас, кога сме биле деца (затоа што работеле нели и тие) го имаат сега за внуците (како пензионери кои со ништо не се замараат)

И да, и те како ќе изберам градинка со појадок ужинка ручек, морално спиење и активност помеѓу, наместо, што сака детето, што сака детето, како сака детето и не му се спиеше на детето [sm=jezicek.gif]


Потпишувам од А до Ш знали а особено ова за времето. И јас не делам мои и негови исто е, ама кај мене е најголем проблем дедо му , свекор ми , мене ми е совршено јасно дека човекот нема никакви лоши намери за детето ама што е многу многу е.Значи кога неговите деца биле мали сам кажува дека не ги гледал воопшто немал време, не ги држел в раце не играл и.т.н. Е сега со моето дете сака да си надомести, муабетов:“Внучето е помило од свое дете“.Да , зашто друг му го бери гајлето за се а тие имаат задача за занимација и галење. Еве конкретен пример, сега М. се сака да истражи, отвара сегде фрла, јас со убаво му кажувам не таму не треба и ме гледа детето ако сум сериозна одма се трга и веќе не чепка таму. А со него кога оди и чепка тој му вика немој таму ќе не кара мама и си се смее и овој гледа смеење и мисли си играме. Значи му ствараме забуна на детето еден едно друг друго, според мене тоа е една од најлошите работи во воспитување на дете.Или вчера еве конкретно играа со дедо му кај нас на креветот и му дал чкорки да игра, ај ок ама рацете лом црни и после ги пика во уста,го грабнал апаратот за сликање и го фрлил, после тоа мм мене ми викаше ти се му даваш а јас нема појма што се счучило.Значи теоријата на нашиов дедо е јас не го карам за да трча кај мене се ќе му давам и дозволувам.Со свекрва ми е друго, таа и го кара и му подвикнува и песнички го учи и се , а моите секако помалку го гледаат нема што да го воспитуваат.Јас не би го оставила со дедо му кога би одела на работа па нека се лути колку сака.




rina13 -> RE: Колкаво влијание има воспитувањето од бабите и дедовците на децата? (5.12.2011 9:30:35)

se zavisi do lugjeto,ako jas so zbor i razgovor im kazam sto moze sto nesmee moeto dete da pravi tie bi trebalo da me poslusaat a fala bogu do sega e taka,so roditelite na mm nemam nikakov problem se sto sum rekla ispocituvale nemam zbor los da kazam,moite se problem i so niv ide malku potesko moram da se iskaram inaku ne proagjaat moite pravila na vospituvanje i normalno ako sakaat nekogas da im ja ostavam den dva na gosti mora da me slusaat,spordniv ojnicki go vospituvam deteto i  sum preteruvala..




Felly RR -> RE: Колкаво влијание има воспитувањето од бабите и дедовците на децата? (5.12.2011 9:33:54)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###

А со него кога оди и чепка тој му вика немој таму ќе не кара мама и си се смее и овој гледа смеење и мисли си играме. Значи му ствараме забуна на детето еден едно друг друго, според мене тоа е една од најлошите работи во воспитување на дете.


Пепелашка, еве да не речам истото го пишав и јас погоре, исто и кај нас ако и рече баба и НЕ, тоа е во смисла, - леле, немој ќе не караат. Не дека таа ја кара, туку пак баба и и дозволува, ама јас ќе ја карам. Тоа ме нервира, што не знае да ја искара за ништо.




kopriva -> RE: Колкаво влијание има воспитувањето од бабите и дедовците на децата? (5.12.2011 9:39:44)

Сите ние си разговараме за истото ама гледано од различен агол. Бабите и дедовците точно е имаат различен пристап кон нашите деца за разлика кога ние сме биле мали и кога не воспитувале, Јас сум од оние кои се малку со построг режим . не дека ме тепале скраја да е но знаело и да залета некое плескање. Но со оглед на тоа колку сум била мирна оправдано. И јас сум строг родител не сум одела во градинка ме чувала баба ми која за разлика од родителите не разгалуваше , допушташе се ...баба како баба. Нејзиното влијание не се приметуваше...
Ние не живееме во исти градови ниту со моите ниту со неговите родители па неможам да кажам дека влијаат некако над воспитувањето на керка ми . Сепак и јас и мм се поставувме така да не ни се мешаат многу многу во воспитувањето, кажано им е што е дозволено а што не е. Така да им даваме малку слобода на бабите и дедовците само кога е сама и без нас на гости.




Octavia -> RE: Колкаво влијание има воспитувањето од бабите и дедовците на децата? (5.12.2011 10:27:23)

Ова верувам дека зависи од случај до случај... ама колку е поголем контактот на детето со бабите и дедовците, толку е поголемо влијанието. Кај мене за првото влијанието беше огромно и пред се, негативно, и затоа за второво не дозволувам и готово [sm=jezicek.gif]! За првото родителите на мм, посебно татко му, не ми дозволија да го запишам детето во градинка кога тргнував на работа. Маж ми не го интересираше, буквално ме фрли во оган со неговите, татко му ми држеше предавања дека не сум била добра мајка, па каква мајка сум била кога сум сакала детето да оди во градинка, да не го гледа никој [sm=zmeden.gif], а тие дома биле двајцата, па ми пречело детето сум сакала да го избркам од дома за да си лежам (а јас одев на работа на смени, кое црно лежење)... И на крај попуштив, не можев веќе да се борам. Е после почна претставата. „Нема ти што да ни кажуваш, ние го чуваме, ние ќе кажеме како треба“ беше секој ден. Па малиов фрлаше се што ќе му дојде под рака низ прозорец, преку балкон, шкрташе секаде, ја тепаше баба му (и на тоа реакцијата беше „Немој, знаеш дека ќе те кара мајка ти“ [sm=zmeden.gif]), ако не сака да руча-пудинг, ако не сака да доручкува-пудинг, смоки пред ручек, па после „Не ти јаде детево“, спиење- ако сака, кога сака... Ги корнеше завесите од корнизи, фрлаше работи од фиоки на сите страни, прскаше со вода насекаде... ама што да ви кажам, да побараше да го запали станот, кибрит ќе му дадеа. Ако реагирав, одговорот беше „дете е, што сакаш ти да прави?“ или „е не се гледа дете така, само да му забрануваш, остави нека прави што сака, еднаш е дете“ ... Мислам дека беше доволно за илустрација. Моите беа во помал контакт затоа што свекор ми не дозволуваше да го чуваат, и тие си се повлекоа (цитирам „Е што има мајка ти да го чува, ние ќе си го чуваме“)... А BTW сега допрва си ги кркаме последиците од тоа „воспитување“.




@Mila@ -> RE: Колкаво влијание има воспитувањето од бабите и дедовците на децата? (5.12.2011 10:45:23)

Mislam deka strogo treba da se zabrani vospituvanjeto na decata od strana na babi i dedovci i se nadevam ke ja dobijam taa bitka,ne vikam deka ne im e milo deka treba da gi drzime podaleku od niv ama treba da se znae koj ima avtoritet nad deteto i deka babite i dedovcite ne smeat da se meshaat.Tocno e deka se poiskusni i mozebi i nekoj dobar sovet ke dadat ama ne smeat da go nametnuvaat toa.

Jas ushte od sega ja treniram majka mi da si gi kontrolira emociite i da se vozdruziva od komentari i mislenje kikiki ke vidam dali ke ja sredam.




Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>