mami -> RE: Љубов преку интернет (11.11.2009 15:29:45)
|
Сајбер-сексот е последица од масовноста на интернетот. Многумина на интернет наоѓаат место за своите скриени страсти и желби. Како главни карактеристики на сајбер-сексот ќе ги истакнеме анонимноста, достапноста, инспирацијата и интеракцијата. Тие го прават таквиот секс мошне популарен, бидејќи така луѓето може лесно да ги споделат најлудите фантазии со некој што најверојатно никогаш нема да го видат. Во сајбер-просторот можете да најдете што ќе посакате, а сигурно и нешто ново за кое не сте знаеле дека постои. Комуникацијата преку интернет денес е нормална и секојдневна работа. Мотивација за секс на интернет може да се појави кога вашиот партнер е отсутен, имате желба за анонимен секс, поради проблеми во комуникацијата или поради самото задоволство што го причинува тајниот секс. Здравствениот ризик е нула. Експертите велат дека главна предност на сајбер-сексот е во тоа што нуди задоволство, а не носи никаков ризик за здравјето. Можеме слободно да кажеме дека сајбер-сексот претставува нов стил на безбеден секс. Сајбер-сексот е одлична опција и за тие што се премногу зафатени. Во време кога луѓето се преокупирани со секојдневните проблеми, работата и другите обврски или сакаат да стапат во врска, сајбер-сексот се покажува како одлично решение. Од направеното истражување, профилот на луѓе што се впуштаат во ваков тип секс се претежно мажи, добро образовани на возраст од буквално 18 до 80 години. Но, иако експертите тврдат дека жените не се многу наклонети кон оваа активност, во практиката ова се докажува како неточно. Од друга страна, според истражувањето на еден австралиски институт, тие што се впуштаат во сајбер-секс покажуваат загрижувачки висока стапка на депресија и стрес. Главен заклучок на ова истражување е дека колку повеќе луѓето се впуштаат во сајбер-секс, толку повеќе паѓаат во депресија и стануваат нетрпеливи. Најзагрижувачки е фактот дека во оваа група луѓе постои голема стапка на тие со лошо ментално здравје. Во секој случај,интернетот може да биде замена, дополнување или преферирана сексуална активност, а според некои наоди, одлуката за сајбер-секс може да биде само одраз на задоволство.
|
|
|
|