blue_blue -> RE: Уникатни подароци за Нова година/Божиќ (9.12.2011 9:48:38)
|
AnnaMolly, во недела на 11 декември во хотел Арка има од 11 наутро до 8 вечер 8ми Божиќен КрафтАрт фестивал. Ако не си била до сега - тоа се ракотворби од уметници во Македонија и има се...Има волнени односно чоени играчки и торбички, итд...има накит рачно изработен од сребро, има од дрво уникатни играчки, има плетени капи шалови...има буквално се, уникатно, итересно, а не е скапо...Јас ќе одам и во недела и гарант ќе изберам нешто за подароци за дечињава за нова година...Обично им ставам некоја интересна играчка која е со едукативен карактер (има имтересни во Oxford Learning Center што е кај скалтакрницата Ескимо, и во Ramestore во книжарницата....На пример лани на едно 5 годишно детенце му имав ставено kit како да направи диносаурус кој свети во темно, имаше се внатре...На поголеми девојчиња знам да им купам некое уникатно плетено ташниче и оние „кулкине“ од хартија што се облекуваат, или некој kit за правење алки од врвки, од монистра...
|
|
|
|