RE: Матичен гинеколог (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Семејно здравје



Порака


Mihaela 2010 -> RE: Матичен гинеколог (6.10.2014 10:44:30)

Ete jas ke ja pofalam mojata,isto i jas sum od 2007 kaj nea-Zaklina Cocoroska Novakovska,karsi UJP e,i do sega sum zadovolna,i od pristapot,i od iskustvoto nejzino..




Hopeful RR -> RE: Матичен гинеколог (6.10.2014 11:11:40)

Melanija RR, супер што го префрли постот и што може да зборуваме на оваа тема со конкретни препораки. Јас се уште се двоумам, и собирам предлози за евентуално да ја сменам Мицевска. Битно ми е да е во Центар и да нема проблем ако одам на приватно за одредени работи. Дали некој има искуство со Снежана Гавриловска Миленковска, кај Коруновски?




Gardenia -> RE: Матичен гинеколог (6.10.2014 12:12:44)

Hopeful јас одам во ординација Ложанковски во Центар ти е,позади Дом за градежници,кај др Радица Бојчева и сум задоволна,докторката никогаш не ми правела проблем оти одам и на приватно на прегледи во Ремедика,дури ја имам и прашано да не се лути,ми вика ма какво лутење каде сакаш оди си,барем три прегледи во текот на бременоста да имаш кај мене.Инаку забелешка ми е само што се чека многу за закажување,треба се со време да си закажеш и може да се почека и на закажано дека е многу гужва,ама па секаде кај матичните гинеколози е така.




mamita83 -> RE: Матичен гинеколог (7.10.2014 14:39:18)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Melanija RR, супер што го префрли постот и што може да зборуваме на оваа тема со конкретни препораки. Јас се уште се двоумам, и собирам предлози за евентуално да ја сменам Мицевска. Битно ми е да е во Центар и да нема проблем ако одам на приватно за одредени работи. Дали некој има искуство со Снежана Гавриловска Миленковска, кај Коруновски?


Od pred shest meseci odam vo PZU Korunovski potocno kaj Snezana i super e zenata barem sega za sega, objasnuva ubavo, dva pati sum bila na pregled i sum super zadovolna.
Prethodno odev kaj Boro Partalkovski - uzas od doktor - na tri drugarki koi odevme kaj nego, na site ni pravese film deka treba da odime i laserski da odstranuvame ranicka od grlo na matka, i pokraj toa sto rezultatite od pap testot se ok, rezultatite od hpv isto taka vo red - si go tera biznisot za da ti pravi biopsija -2000-3000MKD pa pap na 6 meseci privatno da go plakjas isto 3000MKD godisno, a za ocaj od komunikacijata da ne zboram uzas.




Hopeful RR -> RE: Матичен гинеколог (7.10.2014 15:18:25)

Фала ти mamita83, имам колешка која има добро искуство со докторката, но сакав уште некој да ми потврди.

Инаку, случајот со ранички и ласер е познат, и за жал, не е само овој доктор. Една другарка ми збореше за друга докторка, на која и го заборавив името, која пред околу 15 години сите пациентки до една ги терала да одат на ласер, само за пари. Кога на неа и се случиле лоши нешта во приватен живот (и починала ќерка), муабетот низ Скопје бил дека ете, и се вратило од сите девојки што ги зезнала. И другарка ми, за жал, има направено ласер без потреба.

Многу е битно кај кој доктор ќе се оди, посебно па ако збориме за гинеколог, и супер што ние тука разменуваме искуства и впечатоци.




Rajna.vojvoda -> RE: Матичен гинеколог (30.10.2014 16:23:28)

eve i mene Mirjana mi e maticna, i e bas kako sto ja opisa HOPEFUL , znaci kako vremeto e , cas e dobra cas losa, ama toa losa e mnogu odvratno. Ladna e iskompleksirana mrci, se nesto i smeta , se nesto kako podoko da gleda...nemozam da ja definiram. sme zborele so hopeful za nea, mnogu e cudna zenata. mnogu pati sum mislela da ja smenam, i taman sum odlucena odam i ona cela fina. eve posledniot pat mene mi bese fina mnogu. duri imav eden problem i se javuvav po telefon super fina sve. pred godina dena mi se desi da me rasplace, izlegov od ordinacija lipajki, mi se razvika , taka majka mi mi nema vikano, i seto toa bidejki imav nekoi bolki cudni koi posle se najde deka se od zadrska na gasovi, ali jas imav kako ginekoloski tegobi i ona vikanje, strasno. e sega i jas neznam sto so nea!!!! neznam




lolla RR -> RE: Матичен гинеколог (30.10.2014 16:37:44)

Рајна, значи дефинитивно со сите си е таква Мицевска. Не ми е јасно како има толку многу пациенти со таков став.




Hopeful RR -> RE: Матичен гинеколог (30.10.2014 18:43:47)

До плачење зарем дошло!!! Ич не ме чуди тоа, само ова што вика lolla - како и покрај тоа, идат толку пациентки кај неа. Или од немукает, или од не знам што, ваљда како и ние, се подзалажуваме на еден добар збор што ќе го каже по 1000 лоши.

Него, кога сме на темава - мм откога отиде кај неа за мене и ја виде каква е, ми предложи да ја пријавамм и да ви кажам сериозно размислувам за тоа. Дали знаете како и каде можам да го направам тоа? Веќе ми е преку глава сите да се жалиме од неа, а да нема никакви реперкусии по неа! Сепак сме живи суштества, од крв и месо, и посебно хормони, едноставно не може така да се однесува. Не дека сакам да и правам проблеми во кариерата, ама сите си носиме лузни од кај неа и мора да има некаква правда.




Bethany -> RE: Матичен гинеколог (30.10.2014 20:52:51)

Ех темава ко порачана за мене. Токму денес сменив матичен па таман да си пишам [sm=smiley1.gif]
Се одлучив за Надица Героска, ординацијата Мама, и тоа од неколку причини што имам така читано и слушнато за неа. Ми беше битно тие да ги носат брисевите, да е добра организираност со закажувањето, а не да дојдам на закажано и да чекам уште два саати, и да е допадлива, те. да не е некој намќор [sm=smiley36.gif] (за стручноста да не коментирам, се очекува нели да ја знае работата)
Па сега во споредба со мојот бивш матичен, од кого со клешта требаше да вадам зборови од уста, само ќутеше и ќе речеше по која, оваа многу зборува и едвај ја разбирав. Ама битно зборува и е отворена за прашања [sm=smiley36.gif]
Отидов на првиот преглед со намера да го платам приватно, нели обично првите прегледи се плаќат на приватно, па потоа кога ја избереш за матичната ти го наплаќат покривен од фондот, ама таа веднаш ме пријави и ми наплати ехо преглед само 300 денари. [sm=smiley1.gif]




lolla RR -> RE: Матичен гинеколог (17.11.2014 11:01:14)

Хоупфул, што направи со Дијагностички? Ја смени ли матичната? Кој/а планираш да ти е нова?




Hopeful RR -> RE: Матичен гинеколог (17.11.2014 11:16:40)

lolla, одлучив да ја сменам, сфатив дека преголем стрес ми е дури и самата помисла дека треба да одам кај неа, дури и да и излезе тоа еден од добрите денови. Бидејќи сум уште на боледување, чекам контрола утре во Систина (бидејќи она не ме вика ни на преглед, ни на контрола) и ако здравје се е во ред, ќе го затворам боледувањето кај неа и веднаш би се префрлила. Планирам да одам кај Снежана Миленковска во амбулантата во МВР, имам слушано добри работи за неа и мислам дека нема да направи проблем ако се префрлам бремена.
Ти остануваш во Дијагностички? Има некакви промени во меѓувреме, ти се посветува повеќе од претходно?




lolla RR -> RE: Матичен гинеколог (17.11.2014 11:24:11)

Јас сум на мислам секој божји ден. Еве минатат недела нели не сакаше да ми измери должина на грло на матка, па ме мавтаа за еден упат, погрешно ми кажаа како треба, па сега бев денес па ме вратија попладне да дојдам по упати. Не знам, се си мислам дека ке е исто кај кој и да си, а и СТВАРНО немам идеја кај кој друг/а би идела... [sm=smiley13.gif]

ПЛус, може ли да се менува матичен кога веќе ми се во тек упати и закажувања од кај него? Каде е таа амбуланта на МВР? Јас имам слушнато дека добри се Ложансковски, Надица Ѓеровска, Стамболиев, мада јас не сакам кај машко да одам, мада ако е добар па и што има врска. Не знам, само нека не чува господ.

Бај д веј, со среќа утре, дај боже да е повлечен хематомот, да си се вратиш на секојдневието.




scared RR -> RE: Матичен гинеколог (17.11.2014 14:22:30)

Мене матична ми е Љубица Кузмановска, малце ми е далеку ама ај и така не идам често кај неа за упати само, за брисеви. Инаку нема баш стручност ама онака ок е фина, излегува во пресрет. Тоа сестрата нејзина ме нервира само, ептен е арогантна, и дрска [sm=smiley21.gif]




Hopeful RR -> RE: Матичен гинеколог (19.11.2014 19:52:13)

Девојки, конечно ја сменив матичната и сега сум кај Снежана Миленкова, и сум презадоволна! [sm=bravo.gif]

Толку фино ме прими што си викам баш сум била будала да идам кај онаа Мицевска, смор од човек! Откако вчера ми се испонаша, ме одби и беше толку цинична што дури и до карање дојде, ми пукна филм и денес закажав кај Миленкова, која работи во ординацијата на д-р Коруновски.

Докторката е супер - разговаравме, ме ислуша, ме испраша се по ред, се посвети максимално, се заинтересира, притоа позитивна и реална, што многу ценам. Немаше никакви негативни реакции и коментари за тоа што сум била во Систина, дури и напротив, рече супер, и останавме на тоа дека некои работи што мора да се направат на приватно ќе ги правиме, а ќе гледаме друго што не мора да искомбинираме на државно, исто како што сакав и јас, и ако некој се мисли во моментов, баш ја препорачувам. А Мицевска стварно мислам да ја пријавам, тоа не е доктор.




lolla RR -> RE: Матичен гинеколог (19.11.2014 20:10:45)

Епа жено, ти симнувам капа. И јас сонувам за таков пристап, а не сега сакам да сменам упат и се спремам 3 дена да се јавам за кажам. БРАВО!!!

А еднаш прашав, ама никој не ми одговори, можам ли да сменам матичен ако имам отворени упати??




Hopeful RR -> RE: Матичен гинеколог (19.11.2014 20:29:59)

Не сум ти го видела прашањето, ама ако не планираш да го искористиш упатот, зошто да не смениш - ќе ти даде новиот матичен нов упат и ќе си одиш со тој. Мислам дека само за боледување мора да се чека, да се затвори. И јас имам еден отворен од вчера, болнички, ама ако ми треба за на Гак ќе иси побарам нов од новата.

Нели спомна дека се мислиш меѓу неколку, јави се и од одма, на првото одење и отворање картон, побарај си упат, зошто да не. Јас ти ја препорачувам и Снежана, неверојатна промена е после оваа. Дури незгодно ми беше да зборам за што сум правела на приватно, навикната на зајадливите коментари на оваа, а наидов на нормална, позитивна реакција...

А вчера кај Мицевска гужва до бескрај, и си викам како бре на таков однос има толку пациенти? Дури стигнавме со една друга трудница взаемно да се жалиме од неа, значи ептен никој не е задоволен.




Melanija RR -> RE: Матичен гинеколог (23.4.2015 13:39:32)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Мене матичен гинеколог ми е ДР.Јасмина од ординација ,,Јасмина,, во Хром.Таму сум од 2007год никаква непријатност не сум имала.СЕ што ќе ми текне прашувам но и сама кажува што треба.На почетокот беше нова а млада па бев резервирана но по 2-3 прегледа целосно имав доверба во неа.Достапна , и вон раб. време ми има ставано инекции.[sm=smiley1.gif]



Останав без матичен, уф многу ми е криво.Толку бев навикната и опуштема низ се и сега одеднаш вее не работат со фондот.Наводно веќе било неиздржливо и решиле да работат само приватно.Не ми беше мака од Аеродром до Хром да одам.Јас пак по потреба е одам кај нема но ми треба матичен.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

Девојки, конечно ја сменив матичната и сега сум кај Снежана Миленкова, и сум презадоволна! [sm=bravo.gif]


Дали разбрав се наоѓа позади УЈП во уличката?Дали функционира со закажување?

Bethany дали кај др.Надица Героска е баш така,фино точно со закаување,и каде се наоѓа?




Hopeful RR -> RE: Матичен гинеколог (23.4.2015 14:31:30)

Melanija RR, да, во таа уличка е, кога влегуваш од Црвен Крст, после паркингот па лево - бившата амбуланта на МВР. Се закажува, знае да има гужва, но се наоѓаат термини. Досега сум многу задоволна, докторката е стварно супер, плус достапна и на мобилен кога е потребно.




Malecka23 -> RE: Матичен гинеколог (23.4.2015 14:54:12)

Melanija Nadica se naoga karsi fontana park PZU MAMA se vika ordinacijata.Raboti so zakazuvanje ama znae da ima guzva i pokraj zakazanoto da si pocekas




Rajna.vojvoda -> RE: Матичен гинеколог (23.4.2015 18:24:16)

одам кај Мирјана Мицевска 8 години ама послениов период искрено преполовена и е работата , нема гужви. се јавуваш од денес за утре има термини, значи тоа што е никаква си има влијание .
кај и да е и јас ке ја сменам, само барам друг гинеколог за матичен кој не би ми правел проблем за боледувања во бременост, бидејки јас со дискус херниа најверојатно ке имам потреба од тоа, ама нека дојде до бременост па ке му ја мислам [sm=bravo.gif]




Frosita -> RE: Матичен гинеколог (1.2.2016 21:06:04)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

Девојки, конечно ја сменив матичната и сега сум кај Снежана Миленкова, и сум презадоволна! [sm=bravo.gif]

Толку фино ме прими што си викам баш сум била будала да идам кај онаа Мицевска, смор од човек! Откако вчера ми се испонаша, ме одби и беше толку цинична што дури и до карање дојде, ми пукна филм и денес закажав кај Миленкова, која работи во ординацијата на д-р Коруновски.

Докторката е супер - разговаравме, ме ислуша, ме испраша се по ред, се посвети максимално, се заинтересира, притоа позитивна и реална, што многу ценам. Немаше никакви негативни реакции и коментари за тоа што сум била во Систина, дури и напротив, рече супер, и останавме на тоа дека некои работи што мора да се направат на приватно ќе ги правиме, а ќе гледаме друго што не мора да искомбинираме на државно, исто како што сакав и јас, и ако некој се мисли во моментов, баш ја препорачувам. А Мицевска стварно мислам да ја пријавам, тоа не е доктор.



Дали можете да ми пратите бројче во порака од Миленкова, бидејќи се трудам одамна да ја најдам и не успевам.




Јована Илиевска -> RE: Матичен гинеколог (11.5.2017 2:52:00)

Ви ја препорачувам мојата матична докторката, гинекологот во Сарај. Др. Сузана Огненовска, целиот тим се жени и многу се коректни, фини и способни.

Се наоѓаат во центарот на Сарај, од Ѓорче Петров кога одите во Сарај, после мостот на Вардар, го поминувате новиот трговски центар во Сарај, после 1 км од трговскиот, на патот за Матка, спроти единствената бензиска пумпа.

телефон за контакт: 075/59-29-36





Katerina2017 -> RE: Матичен гинеколог (31.5.2017 11:35:52)

Pred da ostanam bremena, lutav od ginekolog na ginekolog, rutinskite pregledi gi pravev privatno zosto ne mi se cekase bas mnogu za rezultati...no otkoga ostanav bremena, za maticen ginekolog si ja odbrav Suzana Kostovska. Prethodno rabotese kaj Vaso Korunovski, no sega si ima otvorena svoja privatna ordinacija - Ginekovita i navistina sum zadovolna od doktorkata. Mnogu e pristupacna, mnogu e ljubezna i ubavo objasnuva. Edinstvena mana e sto ima guzva kaj nea, i na zakazano se ceka.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]