Еца -> Зошто жените лажат? (21.9.2009 1:07:23)
|
Еве една многу едукативна приказна со наслов зошто жените лажат. Еден ден, додека една шивачка шиела, седејќи покрај една река, нејзиниот напрсток паднал во реката. Таа почнала да плаче, кога од водата се појавило едно суштество и ја прашало: „Драго мое дете, зошто плачеш?“. Шивачката му објаснила дека напрстокот и паднал во водата, а дека и бил многу потребен затоа што така му помагала на својот маж да заработат за опстанок. Водното суштество се нурнало во водата и извадило златен напрсток со сафири. - „Ова ли е твојот напрсток?“ - ја прашало суштеството. - „Не.“ - одговорила шивачката. Тоа уште еднаш се нурнало во реката, но овојпат извадило златен напрсток со рубини. Шивачката уште еднаш одговорила дека тоа не е нејзиниот напрсток. Третиот пат, суштеството извадило кожен напрсток. - „Ова ли е твојот напрсток?“ - прашало. - „Да.“ - рекла таа. Суштеството било многу задоволно од искреноста на шивачката и и ги дало сите три напрстоци. Таа среќна си отишла дома. Неколку години подоцна, таа се шетала со својот маж покрај брегот на реката, кога нејзиниот маж паднал во реката и исчезнал под површината на водата. Жената повторно почнала да плаче и истото суштество се појавило и ја прашало зошто плаче. - „Мојот маж падна во водата.“ - одговорила таа. Суштеството нурнало во водата и го извадило Џорџ Клуни. - „Ова ли е твојот маж?“ - прашало. - „Да!!!“ - извикала шивачката. Суштеството било многу луто. - „Ти излажа. Не ја кажа вистината!“ Шивачката одговорила: - „Те молам прости ми! Дојде до недоразбирање. Ако кажев не за Џорџ Клуни, ти ќе го извадеше Бред Пит. Ако кажев не и за него, ти ќе го извадеше маж ми. Кога ќе кажев да за него, ти ќе ми ги дадеше сите тројца. Но јас не се чувствувам баш најдобро и нема да можам да се грижам за сите тројца, па затоа реков да за Џорџ Клуни.“ Така суштеството и дозволило да го задржи Џорџ Клуни. Поентата на приказната е: Секогаш кога жената лаже, тоа е од добри и чесни причини и од најдобар интерес за сите други.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] Па според вас зошто жените лажат?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
|
|
|
|