AnnaMolly RR -> RE: Дочек од болница (3.6.2012 13:34:29)
|
Јас не добив ништо кога ме пречекаа дома од болница, а не ни сакав. Мислам дека нема потреба да се подарува нешто по тој повод. Со мм се зезаме дека ми купил кола, зашто додека бев во болница тој купил кола (бвме во план да купиме подоцна, ама нашол ептен добра зделка), па првпат ја видов кога ме зеде од болница. Од болница ме зедоа мм, мајка ми и свекрва ми. Бевме 18 жени за испис тој ден, па имаше огромна гужва. Мм ми донесе фустан за да се облечам (беше пекол) и најмалите можни гаќи што ги нашол во фиока, а јас со царски бев, па заминав дома со тесни гаќи едвај што ги натнав [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] Дома ме чекаа татко ми, свекор ми и сестра ми. Сите го видоа Филип, му се изнарадуваа, поседоа 15 минути и после се симнаа во двор, имаше нарачано мм скара и си седеа долу, а јас и Филип со мм во соба малку на само се видовме. Цел ден ми помина многу убаво, постојано си се гушкавме сите тројца и си уживавме. А најинтересно е што мм тогаш имаше пуштено освежувач во собата, па некако таа миризба ми остана во сеќавање, па сега кога и да го мириснам некако се враќам назад на тој ден.
|
|
|
|