RE: Машко или женско дете? (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Татин форум



Порака


Bethany -> RE: Машко или женско дете? (4.1.2013 11:46:22)

сакав прво машко (и добив), а ако имаме и второ би сакала женско, а може и машко пак [sm=smiley1.gif]




ivemace -> RE: Машко или женско дете? (4.1.2013 13:52:14)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana RR

А ова е резултат на некоја научна студија или? Јас колку што знам, се гледа детето дали е здраво и живо, а за пол мање више...[sm=zmeden.gif]

ИЗВОРНА ПОРАКА: ivemace

Да не се лажеме [sm=smiley36.gif] секој татко сака син ... може да го каже тоа или да го премолчи [sm=smiley1.gif]



moze samo edno prasanje? site pogore komentiraa kakvo dete sakaat, a vie bas za mene ste se fatile.... i fakt e deka sekoj tatko saka sin ... e sea ako nema zdravje boze..popraven ispit [sm=smiley36.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Машко или женско дете? (4.1.2013 13:57:28)

Берлин, 3 јануари 2013 (МИА) - Женски фетуси намерно се уништуваат не само во Индија и во Кина, туку и во Албанија, на Косово, во Црна Гора и Македонија, а на тој начин зголемениот број на мажи во општеството ќе има драматично општествени последици и во балканските држави. Тоа се наведува во текст под наслов „Висока технологија исполнува традиционални желби“ објавен во „Зидојче цајтунг“.



Во опширниот опис се вели дека во Албанија веќе сега на сто новородени девојчиња има 112 машки деца, со што ситуацијата е иста како во Индија, каде таквиот проблем со децении претставува социјален проблем.

Станува збор за прекин на бременост, главно под притисок на сопругот и неговата фамилија, во случај кога ќе се утврди дека станува збор за женски фетус. Но, и за убивање новородени женски бебиња. Ситуацијата не е многу подобра ниту во други балкански држави, пишува „Зидојче цајтунг“.

Кристоф Гилмото од Институтот за развој при Универзитетот Париз-Декарт, тврди дека на Косово на сто родени девојчиња има 110 машки деца. Во Црна Гора 109, во Македонија 106. Просечниот сооднос на полови кај новородени деца ширум светот е 100 спрема 105 во корист на машките деца. Тој „вишок“ момчиња подоцна се неутрализирани поради поголема смртност на машките деца. Гилмото наведува дека „вишокот“ машки деца е впечатлив пред се во албанските средини.

- Желбата на родителите да добијат машки наследници е специфичност на албанскиот културен круг, смета тој експерт. Таа желба, меѓутоа, како што наведува тој, не е типична само за муслиманите, туку и за католиците и православните во Албанија.

- Абортусите во случај на женски фетуси таму се културолошки феномен кој има корени во архаичното поимување на семејството, смета парискиот експерт. Тоа е затоа што машките деца го задржуваат семејното презиме, додека женските деца по мажењето најчесто се одрекуваат, а традиционално е за старите родители да се грижат синовите.

Во времето на социјализмот во Албанија абортусот бил забранет, а немало ниту пренатални прегледи, наведува весникот.

По падот на режимот, абортус е дозволен до 12 недела од бременоста а на родителите им е овозможен пристап при пренаталната дијагностика.

Гилмото наведува дека „сите гинеколози во Албанија сакаат родителите да го дознаат и полот на детето“ и знаат дека често се случува абортус кога ќе се утврди дека бебето е женско. За да се спречи бременоста, многу се распространети и илегалните абортуси во одмината фаза од бременоста.

Според него, развојот на Балканот е „алармантен“ поради половата несразмерност и тоа предизвикува мажите веќе не се во состојба да најдат партнерка и да се оженат. Недостигот од жени не доведува тие да бидат „згрижени“ туку сосем спротивно - насилството кон жените се зголемува.

Во државите со несразмерно поголем број мажи отколку жени како што се вели во студијата на Фондот на ОН за население, растат насилството, проституцијата и трговијата со жени.

Освен тоа, се зголемува и бројот на природни бракови веќе во детството, како и бројот на самоубиства меѓу жените кои не можат да издржат притисок дека мора да родат машко дете.

„Зидојче цајтунг“ смета дека со проблемот на намерни абортуси на женски фетуси на Балканот мора да се позанимава и ЕУ, со оглед дека ЕК во октомври препорача преговори за членство со Тирана, Македонија веќе е кандидат, а Црна Гора води претпристапни преговори.

Во Индија и во повеќе други азиски држави, на лекарите им е забрането пред породувањето да го утврдат полот на бебето и да им го соопштат на родителите. Но забраната најчесто е без резултат со оглед на корупцијата и во здравството.

Гилмото укажува дека само во азиските држави „недостасуваат“ повеќе од 117 милиони жени, а ширум светот повеќе од 160 милиони.

- Парадоксално но медицинскиот напредок води до тоа да родителите можат да исполнат традиционална желба да добијат син, и до тоа да се дискриминираат девојчињата, објавува „Зидојче цајтунг“.

Албанското Министерство за здравство кон крајот на 2012 година организираше советување на кое беше и Гилмото потоа беше формирана Работна група која ќе се занимава со проблемот на абортуси на женски фетуси.

Но како што оценува германскиот весник, дури и ако се спроведе успешна акција против тој вид дискриминација, негативните последици ќе се чувствуваат уште со децении.




zzaa -> RE: Машко или женско дете? (4.1.2013 14:04:16)

jas sakv zensko i si dobiv,a mm vikase dae zivo i zdravo samo,a za vtoro moze pak zensko[sm=smiley36.gif]




Gardenia -> RE: Машко или женско дете? (4.1.2013 14:04:28)

Баш истото го постирав во друга тема,кога го прочитав не ми се веруваше

Инаку јас имам желба за женско,ама како ќе даде дедо Боже така[sm=smiley1.gif]




lindicka -> RE: Машко или женско дете? (10.1.2013 19:33:02)

Сакам ќерка![sm=bravo.gif] и оваа година ќе ја добијам, па што сака нека биде![sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




temjana -> RE: Машко или женско дете? (10.1.2013 23:05:51)


ИЗВОРНА ПОРАКА: ivemace

Да не се лажеме [sm=smiley36.gif] секој татко сака син ... може да го каже тоа или да го премолчи [sm=smiley1.gif]


Те молам немој да се налутиш ама поголема глупост од оваа немам слушнато. Кога ми кажаа дека носам машко мм не можеше ни под разно да се помири со тоа дека не е ќерка. Ајде со текот на времето некако прифати ама пак не му беше сеедно. Се додека во осми месец докторот не ни кажа упс ова е пре убаво за да биде момче[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]. Јас бев поприлично разочарана ама татица скокаше од радост желбата му се исполни, сега сака уште 3 девојчиња[sm=jezicek.gif]




SkCura77 -> RE: Машко или женско дете? (10.1.2013 23:28:47)

Како помлада стално пискав дека ќе имам 3 сина, бла бла бла, женски муабети... Поминаа години, дете нигде на видику, почнав да се молам на Господ да е макар едно и да е живо и здраво, па што сака нека биде! Ама кога дознав дека сум бремена, освен нормално онаа вообичаена реченица да е живо и здраво, почнав да си додавам и да е машко! Кога можеше да се види полот на ехо, сакав да избегам од ординација, да не се разочарам, ама пак на гинекологот му се испушти дека ќе моча исправено... Јас, пресреќна! Не знам зашто, еве сега имам сине од 17 месеци, го обожавам и му се радувам ептен, ама и се убив од вртење по девојчиња и се двоумам дали би била добра мајка на женско. Не знам зашто ми се увртело во глава да сум мајка на машки, а дека нема да ме бива со женско [sm=smiley1.gif]




kikicka -> RE: Машко или женско дете? (10.1.2013 23:38:59)

Јас сакав женско, како останав трудна бев убедена дека е машко и крај. Ма какво женско не ми паѓаше на памет, а мм викаше женско та женско и да кога ми кажаа дека е женско јас онака како да не прифатив од одма ама сега најмногу си ја сакам на свет. Башка што е татина маза, сега си сакам едно синче за да си биде мамина мазаа! [sm=smiley36.gif]




Goddess* -> RE: Машко или женско дете? (11.1.2013 0:08:18)


ИЗВОРНА ПОРАКА: temjana RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: ivemace

Да не се лажеме [sm=smiley36.gif] секој татко сака син ... може да го каже тоа или да го премолчи [sm=smiley1.gif]


Те молам немој да се налутиш ама поголема глупост од оваа немам слушнато. Кога ми кажаа дека носам машко мм не можеше ни под разно да се помири со тоа дека не е ќерка. Ајде со текот на времето некако прифати ама пак не му беше сеедно. Се додека во осми месец докторот не ни кажа упс ова е пре убаво за да биде момче[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]. Јас бев поприлично разочарана ама татица скокаше од радост желбата му се исполни, сега сака уште 3 девојчиња[sm=jezicek.gif]


I jas ke se slozam so Temjana RR....ne site mazi se so isto razmisluvanje.Istoto se slucuva i so mm kako so mazot i na Temjana RR....coekot e izgoren za zenski deca...samo zenski deca[sm=smiley9.gif]...a jas sum neutralec[sm=smiley1.gif]shto bide neka bide,samo da bide zdravo i zivo....




Maria -> RE: Машко или женско дете? (11.1.2013 0:43:01)

И јас се сложувам со вас девојки.[sm=smiley1.gif]Кога останав бремена со првото очајно посакував син,да биде мамина маза,а на мм му беше сеедно викаше само живо и здраво да е.[sm=smiley1.gif]За второ кога останав,можеби нема да ми верувате,ама си го сакав моето малечко назад[sm=smiley1.gif],со еден збор,сакав да се повтори приказната,така што потсвесно посакував син,иако не ми се веруваше,мислев дека е девојче(не дека немаше да го сакам да е женско,ама ете и ден денес неможам да си го објаснам тоа).Е кога дознав,дека е пак машко,тоа е друга приказна.[sm=smiley36.gif]Тотално се разочарав и се до породување,на секој преглед докторот го прашував да не е грешка.Но сега си имам два прекрасни сина кои ми го променија животот.[sm=smiley31.gif]
А не верувам дека постои некој на овој свет кој повеке од мене посакува ЌЕРКА,секој ден мојата желба е се поголема и поголема,само...никако да се решам.[sm=smiley13.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




bilbilce -> RE: Машко или женско дете? (12.3.2013 18:04:23)

samo zdravo i zivo dete i srekata e beskonecna bidejki "sekoja kerka e sin i sekoj sin e kerka" e strashna vistina [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Lina* -> RE: Машко или женско дете? (13.3.2013 18:15:37)

Jas mnogu sakam kerka da imam,mnoooogu[sm=smiley36.gif]a mm ne se izjasnuva bas ama go sekavam deka saka masko e sega ke mora da pocekame uste malku pa da vidime sto ke bide




zzaa -> RE: Машко или женско дете? (1.4.2013 14:34:30)

Jas mmnogu sakav devojce(i dobiv)mm na pocetokot velese samo zivo i zdravo da e pa sto saka neka bide,i pred da dozname kakvo e si prizna deka poveke saka kerka,i mu rodiv kerka.




masa -> RE: Машко или женско дете? (1.4.2013 15:12:55)

ММ многу сакаше машко дури и се кладеше со неколку пријатели дека ќе биде машко и кога ни кажаа дека е женско не му се веруваше уште три пати препраша додека бевме таму,а бевме на скрининг и ни кажуваат се е во ред,а он испаѓа попарен не за друго како ќе им кажел на другите дека не било машко [sm=smiley29.gif]Набрзо си легна на брашното и откако се роди ќерката вели дека не би ја заменил за 10 машки [sm=smiley36.gif] Сега сум 9та недела и демек темпиравме плодни денови финти за машко,па ќе видиме за полот уште ништо не спомнал вели да било само се во ред.Јас пак имам мачнини и денес со колешката се смеевме дека пак ќе биде женско,но спремна сум и трето да раѓам ако треба [sm=jezicek.gif]Јас и онака сакав три а мм од почеток велеше нема шанси ќе било тешко финансиски да се излезе на крај кога ќе пораснеле,но ако биде и ова женско може ќе се кандиса [sm=jezicek.gif]




JovanaJ -> RE: Машко или женско дете? (5.8.2013 11:08:00)

Da go trgneme na strana toa "da e zivo i zdravo" bidejki se podrazbira i e nezamenlivo bez razlika na polot.
No mm ne se srami voopsto da si se kaze deka saka maski deca. Imame edno masko, i sega i sin mi i mm sakaat uste edno masko. [sm=smiley36.gif]
Jas sekogas sum se zamisluvala kako majka so zenski deca, no otkako se rodi sin mi, sega sakam da imam uste dva sina!!!
Neznam zosto, ete nekako se naviknav na maskite [sm=smiley36.gif]




Bethany -> RE: Машко или женско дете? (5.8.2013 11:18:49)

Јас отсекогаш сакам машко, па женско, ама нешто со мм разговарав и му викам па и да е машко пак ќе ми биде убаво, дека и првото ми е машко и јас се навикнав, а мм ми вика дека тој би баш сакал девојче [sm=smiley1.gif]
Е па Господе, ние да нарачаме, ако може здраво женско бебе [sm=smiley4.gif]




Martins mom -> RE: Машко или женско дете? (5.8.2013 13:59:20)

Мене животна желба ми е да имам ќерка и здравје боже ја чекаме во ноември, евентуално декември[sm=smiley1.gif]




BILE.F -> RE: Машко или женско дете? (5.8.2013 14:01:31)

Prvoto mi e masko, vtoro sakam zensko [sm=duda.gif]! Zdravje!




bucko mal -> RE: Машко или женско дете? (5.8.2013 14:09:55)

Si imam dva sina si gi sakam najmnogu na cel svet.No, mojata neostvarena zelba e sto nemam kerka.
Otsekogash sum sakala zensko I den denes se prasuvam kako e da si majka na zensko dete[sm=zmeden.gif]
Moze I ke imam kerka,nisho cudno kaj mene se e mozno,polna sum so iznenaduvanja[sm=smiley36.gif]




deluxe -> RE: Машко или женско дете? (5.8.2013 14:10:45)

Jas gi imam I dvete sreki[sm=smiley1.gif]prvo pa zensko,a vtora sreka masko.Takva ni bese zelbata so mm,I si ja ispolnivme[sm=jezicek.gif]




Mila mamicka -> RE: Машко или женско дете? (8.8.2014 15:43:29)

Уште пред да имаме деца, јас цело време викав дека сакам три сина, а мм викаше дека не му е важен полот на децата, само да ги имаме живи и здрави. Поради глупавата изјава дека сите татковци сакаат синови, не знаев дали да му верувам, и решив да го тестирам. Му кажав дека јас не сакам да го знам полот на бебето се додека не се роди, за да видам дали ќе инсистира да ни кажат. Ама, тој, се сложи, и ми вели - секако не ми е важно какво ќе биде бебето, затоа ќе чекаме да го дознаеме полот кога ќе се роди. И така и бидна. Сите околу нас сакаа машко, освен свекрва ми, која многу сакаше женско, затоа што нема ќерка. Кога се роди син ми, мислам дека најсреќен беше свекор ми, многу сакаше внук, па и името му го ставивме на него. Сега, кога раазговараме за второ, мм сака ќерка, а јас некако потајно, сакам пак син. Некако се научив со машко дете, и сакам пак да имам син. Ако се случи тоа, за третото секако ќе навивам за ќерка.




Dilina -> RE: Машко или женско дете? (13.9.2014 18:16:15)

Сакав девојче, од една причина што мм дома биле 3ца браќа, па само мајка му жена, а и потајно знаец дека и тој сака ќерка, па така и излезе. На контрола кога бевме во систина и кога ни каѓаа дека е женско се прашавме што сакавме, не дека ќе се лажеме ама и тој и јас сме сакале женско...
Свекрва ми стално ми викаше дека ќе биде женско, а и јас имав некое чувство дека ќе биде цуца...




Mihaela 2010 -> RE: Машко или женско дете? (13.9.2014 18:58:30)

Sakav zensko si dobiv zensko[sm=bravo.gif]..mm demek masko sakal sega za vtoro idi prasaj go saka pak zensko...




Ilina87 -> RE: Машко или женско дете? (13.9.2014 22:21:29)

Кога останав бремена и се до 15та недела од бременоста (кога го дознав полот) бев цврсто убедена дека бебето ќе биде женско. Но испадна дека е машко [sm=smiley1.gif]. Не дека повеќе сакав девојче, само така потсвесно од секогаш си мислев дека првото дете ќе ми биде женско.




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4] 5   Следна страница >   >>