Adelle -> RE: Вештачко оплодување III дел (6.12.2012 19:27:37)
|
Јас не можам да верувам дека постојат такви луѓе кои не сакаат да чујат друго мислење, мислам...свака част, стварно. Kanela мила ако ти смета моето знаење (кое патем е само пренесување на знаење на доктори, не сум си го измислила јас сето ова преку ноќ па ајде ќе им солам памет сеа таму на форум) не го читај бе златна, кој те тера да го читаш. Јас пренесувам ИСКУСТВА, мислења на доктори и никого не убедувам, не знам кај го виде ти тоа. Јас само сакам да помогнам, како што некој ми помогнал мене да научам се ова што сега знам. Се борам за тоа да девојките кои се во оваа постапка знаат точно што се случува со нашето тело кое поминува низ виор од хормони, инекции, стимулации. Кој не сака да го знае сето тоа, не мора да го чита. Ништо лошо не мислев со тоа што пренесувам мислења и знаење на доктори и искуства од друга држава која има голем степен на излечен стерилитет. На iviv и посакувам се најубаво и како што виде најпрво и честитав за бременоста, а после и пренесов други мислења кои верувај дека се проверени, не зборувам на памет. Јас само кажав што мислам, затоа што на моја блиска пријателка и се случи токму тоа, на 9 ден правеше тест се израдува до бесвест и после и рекоа дека не е бремена туку имала сеуште бета хцг од прегнил инекцијата. Е сега, сакате верувајте, сакате не. Ако мислите дека немате потреба од друго мислење тогаш не прашувајте. И да Kanela јас сум дел од овие девојки и се борам за бебе како и секоја од нив, па знам точно низ што секоја поминува и сакам само да помогнам, а ти како што видов веќе имаш дете па можда не си го поминала овој пат.
|
|
|
|