Еца -> Серклаж (28.4.2009 15:15:40)
|
Серклаз се прави со локална или општа анестезија, обично во 3. месец од бременоста. Што е серклаз? Кога постои слабост на грлото на матката, осносно кога постои опасност да бременоста заврши предвреме се применува оваа едноставна метода - серклаз. Доколку со гиниколошки и клинички преглед се утврди да надворешните и внатрешните усници на матката се отворени за 0,5 до 1 па дури и до 2 см, оваа метода е непоходна. Во некои случаеви оваа метода може да се примени и пред 3 месец а понекогаш и во 6 или 7 месец, како би се спречило предвремено породување. Операцијата се состои во поставување кружен превој околу грлото на матката, на ниво на внатрешната усница како тоа би се затворило. Се користи синтетски (најлонски) конец кој се вади 21 ден пред очекуваното породување. После користење на оваа метода се препорачува да се избегнуваат физички напори и користење на препарати како Препара и Прогестерон. Слабост или опуштеност на внатрешната усница може да доведе до ширење на усницата, прскање на водењакот и спонтано абортирање. Слабоста на внатрешната усница може да биде последица од трауми од претходната бременост или грубо ширење со инструмент за време на абортирање, а понекогаш причина може да биде и инфекција. Но и кај жени кои не раѓале, поради хормонални пореметувања може да дојде до опуштање на овој дел од органите за репродукција, па и кај нив е неопходно да се примени оваа метода како би се сочувало бебето.
|
|
|
|