|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  81 82 [83] 84 85   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
13.12.2014 21:14:07   
lolla RR
Фала ти Бетани за одговорот, решив штом ке почне да ика следен пат, ке станам ке се раздвижам па може ке му мине побрзо. Читав дека не им е непријатно икањето, ама ме фаќа жал. Ама барем точно знам кај му е главчето во тој момент, обично доле над срамната коска го осеќам кога ика.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 2051
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
13.12.2014 21:18:30   
Ki4iko
Што се ќе истрпи една мајка. ова со болките во желудник, мноогу страшно,исто како породилните болки.инаку за икањето многу нормална појава и моето бебе секојдневно ика 2-3 патиuser posted image

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 2052
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
13.12.2014 21:21:37   
lolla RR
Баш ми е жал кичико. А не ти кажаа нешо за посебна исхрана која би го смирила? Баш преска читав дека лененеото масло било многу добро за иритиран желудник (чир, гастритис....), можеш да прашаш па дај боже да помогне.

(Одговор на членот Ki4iko)
Непосредна врска до пораките: 2053
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
15.12.2014 19:32:01   
lolla RR
Здраво мешковци како сте? Кичико, ти се подобри ли состојбата?

Јас денес бев на преглед, и ме уплашија максимално. Бевна Гак, ме гледаше една млада докторка и жената се исшаничи на сред ехо, и отиде да викне и друг доктор. Мереа количина на плодова вода и двајцата констатираа дека е релативно намалена и тоа бајаги за оваа недела. Требало да биде од 8 до 20 цм а кај мене е 7,49цм. Ме прашаа дали сум забележала некакво истекување и ми нправија некој тест со лентичка, по што испадна дека фала богу нема течење на плодова вода. Бебуш е таман за неделата, и докторкава се изначуди како е со нормална големина со толку малку плодова вода. Мереа и со доплер нешто и тоа беше ок. Ми рече да дојдам пак на контрола до крај на недела, да пијам вода и ц витамин од 500. Толку брзо се се одвиваше што не знаев кај сум. При крај ми рече и да не се плашам дека не било толлку страшно, може било природА. Ми правеа и цтг, тоа беше добро според др јас не се разбирам.

И сега цела сум прашалници, преска кога се свестив, кога земав да плачам, едвај се смирив, ама морав за да не го вознемирувам и бебето. Не знам како е испуштено ова до сега, пред 2 недели бев во ремедика, таму си беше водата во нормална количина, исто и на сите други прегледи. Ама тоа е, сега да видам како ке биде на контрола и само молам господ да не се намалува барем. И цел ден му се извинувам на бебево ако му е неудобно внатре, душиче, може затоа мојот стомак е толку мал.

Мм па уште се труди да ме развесели, вика може дека пие многу вода и ика често па си ја испил целА. Ама гледаа да не треба да мочка, рекоа дека не. И не знам сега што, ке видам дали да отидам уште на едно место па барем да сум на чисто дека тоа е тоа.

Сега цел ден локам вода, мада знам дека тоа не е докажано дека помага. Само молам бога се добро да излезе.

< Поракaта ја уредил lolla -- 15.12.2014 19:33:36 >

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 2054
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
15.12.2014 21:42:27   
Bethany
Ах Лолла многу ми е жал за оваков стрес.
Јас мислам да одеш и на друго мислење, да бидеш помирна, бидејќи овака само повеќе ќе мислиш.
Има баш и тема на форумот дека сувото овошје помага при зголемување на количество на плодова вода.

Немој мила да се стресуваш, се ќе се среди, јас верувам дека количество ќе се зголеми, највероватно тоа е моментална ситуација и не беше таков случај пред недела-две.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 2055
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
15.12.2014 22:32:23   
Ki4iko
Еве ме и мене, деновиве сум презафатена,чувствувам огромна потреба да се одморам. инаку зарадинападот на желудник што го имав,не смеам луто,зачинето,благо,јака храна.. user posted image а мене трудничка ми се јадеее user posted image user posted image user posted image . инаку лолла за ова со плодовата вода земи јади суво овошје по 100 гр дневно,мене така ми се зголеми плодовата вода,ова е проверено user posted image . јас еве и во двете бремености исто со намалена плодова вода сум па само
со јадење суво овошје се држам во нормала.user posted image

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 2056
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
16.12.2014 9:05:45   
Melanija RR
lolla како што спомна Bethany има тема Суво овошје во текот на бременоста, но и Намалено количество на плодова вода =ТУКА и токму совети и искуство од Ki4iko

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 16.12.2014 12:04:54 >


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Ki4iko)
Непосредна врска до пораките: 2057
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
16.12.2014 10:41:57   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

....Јас денес бев на преглед, и ме уплашија максимално. Бевна Гак, ме гледаше една млада докторка и жената се исшаничи на сред ехо, и отиде да викне и друг доктор. Мереа количина на плодова вода и двајцата констатираа дека е релативно намалена и тоа бајаги за оваа недела. Требало да биде од 8 до 20 цм а кај мене е 7,49цм.

....... Не знам како е испуштено ова до сега, пред 2 недели бев во ремедика, таму си беше водата во нормална количина, исто и на сите други прегледи. ....


lolla, малку ми е чудно во Ремедика да не приметиле, а викаш на ГАК млада докторка...ај не се секирај, но сепак можеш пак да си одиш во Ремедика, сигурно не е ништо, секогаш проверувај ги мислењатра, не верувај од прва и не паничи без да слушнеш повеќе мислења. Ајде може батко пие многу вода, па ика user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 2058
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
16.12.2014 14:14:09   
lolla RR
Здраво женски, еве ме и мене со апдејт.

Сабајлево бев во ремедика, ме гледаа детално на ехо и некаков доплер за проток за крвни садови и плодова вода. Е сега, малку обратно испадна тука, плодова вода си има доволно, благо е помала но можело да е моментална состојба, и далеку е од дијагнозата што ми ја поставија вчера. Е сега вчера бебето одговараше за неделата, додека денес на ова ехо (тоа вчера беше старо ептен) испаѓа дека бебето ми е помало за скоро 2 недели и дека од последниот преглед многу малку напреднало. Правеа некаков проток на двете страни на папочната врвка и проток во мозочето, сите сепокажаа добри. И докторката ми рече пак да испитам димери, афа и хемостаза да не случајно треба да примам клексан. Постелката си уште хомогена, тоа е добро, и за да видиме дали бебето има моментално заостанување за 2 недели на контрола. И јас не знаев пак кај сум, скроз обратно од вчера. Знам дека разлики до 1 недела се ок, ама 2 се веќе не ок.

Фала ви женски на убавите зборови, ми останува сега само да му испраќам позитивни вибрации и да го молам да расте. И ми рече дека мешето ми е мало (ама можело да е до конституција) а и јас цело време си се мислев дека ми е мало.

И нормално ми рече дека имало многу вакви случаи, дека може ке си пркнело, да не се секирам премногу. А мене хормони и емоции ме маваат од сите страни user posted image хаос сум.

Отидов јас да барам приоритетен упат кај матичната, држете среќа да е расположена, да не се расплачам и таму, бре што плачка сум станата.

А и бебево инат, додека екав ред за цтг се изнамрда, кога легнав си заспа, само што ме исклучија од апаратот и станав, накај кола ете го пак user posted image па барем оно ме расположи.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2059
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
17.12.2014 22:25:43   
Melanija RR
lolla како си,закажа ли со приоритетен?Те мисламuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 2060
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
17.12.2014 22:52:14   
lukajana RR
I jas ja mislam lolla denes ne pisala nisto.
Lola pobaraj i drugo mislenje .I mene taka me ispanicija na nov eho aparat imase razlika vo nedelite a maticniot na edno sho od dedo noe me gledase i merkite bea vo red.Taka sto ne e bitno ehoto bitno da znae da go gleda kako sto treba .
Ne se sekiraj se ke se sredi i doktorove znaat da ispanicat nepotrebno.
Ajde lolla javi se na rr te mislime.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 2061
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
18.12.2014 9:18:29   
lolla RR
Еј женски здраво, фала ви што ме мислите user posted image

Завчера бев кај матичната за упат за на трансфузиологија, и кажав се што како испадна и таа ме смири многу. Ми кажа дека бебињата си имаат мирен период и дека си имаат периоди кога растат најмногу. Важно било да нема несиметричен застој, вика во краен случај би родила бебенце со помала родилна тежина, важно е да е созреано, па не сме сите исти. Не сакаше на ехо да ме гледа, доста ми било зрачење, и вика уште тројца да те гледаат, сите различно ке измерат. Важно било што сите доплери и протоци се одлични и постелката е хомогена. Плодова вода има, не е обилна но не е мала, имало супер езерца за него. Многу убаво ми објасни едно 20 минути се. Го гледшае и цтг-то и кажа дека си е супер реактивно бебе.

Финатата е што пред некоја недела мерки земаше друг доктор, сега Адамова и можно било затоа да е толкава разликата.

Вчера бев на трансфузиона, ми земаа крв, резултати за 7-10 дена, ах кој ке ги чека. Тој докторот вика ако заостанува 2 недели одма клексан наутро и навечер, ама ке почекам една недела, па нека пресече докторката, се надевам не сум згрешила, пред месец дена димерите ми беа 400.

Вчера вечерта бев пак на нонстрес тест за бебето, и од докторката доби чиста 10ка, тоа било уствари цтг без контракции и гледаат дали тоновите на бебето се зголемуваат кога тоа мрда и се намалуваат кога спие. И бебуш мој мајкин доби чиста десетка за реакциите, а тоа значело дека си се хранел и имало довод на кислород. Сега ми е важно да си има напредок на следна контрола, а дотогаш само се трудам да бидам позитивна за да не му правам него стрес. Не ми е важно ак е помали, вашно нека си расте, па не сме сите ист, и јас сум била минијатурна кога сум се родила, па сега толкава кокона сум.

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 2062
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
18.12.2014 10:27:56   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

.....Завчера бев кај матичната за упат за на трансфузиологија, и кажав се што како испадна и таа ме смири многу. Ми кажа дека бебињата си имаат мирен период и дека си имаат периоди кога растат најмногу. Важно било да нема несиметричен застој, вика во краен случај би родила бебенце со помала родилна тежина, важно е да е созреано, па не сме сите исти.


Истото сакав да ти пишам, џабе значи прават паники без потреба, а никој не мисли што му се прави на плодот со 500 еха, мерења и чуда, не џабе во странство дали имаат 2-3 еха во цела бременост, а ние овде само нешто измислуваат, гледаат, мерат. Да не ме сфатите погрешно, далеку од тоа да не се оди на прегледи, ама што е многу многу често е кај нас, барем тоа е мое мислење. Лола уживај пушти го батко предновогодишно да се забавуваuser posted image


< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 18.12.2014 10:28:42 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 2063
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
18.12.2014 10:43:46   
lolla RR
Фала ти Ловабл, и јас се согласувам, но еве ко што не исплашија и на 10 еха ке се согласев само некој да ми каже поубава вест. Се чувствувам одговорна за растот и развојот на бебушов, не би му простила на телово ако заостанува заради нешто што сум можела да го спречам.

А за предновогодино, уште не сум свестена дека иде њу иар што се зезаме со мм, ама здравје се договоривме по следна контрола и се да се одвива на добро, ке му купиме прво нешто.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2064
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
18.12.2014 11:22:30   
Ki4iko
lolla не се трауматизирај повеќе, па бременоста е период во кој треба да се ужива user posted image .Мислам дека твојов случај е пример за негативноста од различни ехо мерења.Нели се знае дека ехо мерките се различни од лекар до лекар,ова и стручно ми беше објаснето.Исто и со плодовата вода.Зависно од тоа докторок како ќе мери,така ќе покаже.Не се стресувај повеќе и земи да си уживаш,ти посакувам само со лесно user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 2065
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
18.12.2014 11:37:55   
semrabebe
Lolla ne mili mnogu so bebeto se ke bide vo red pozrav

(Одговор на членот Ki4iko)
Непосредна врска до пораките: 2066
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
18.12.2014 12:59:20   
Cvekelencule
Здраво женски ве читам редовно,но никако не можев да се логирам имав некој проблем со лозинката .Лола душо опуштисе ќе видиш на следното ехо се ќе биди во ред,знам многу случаеви кај што му рекле дека бебто е помало па се родило поголемо ,и мене ми викаја за второто дека 3и 300 гр па се роди 4 и 350гр затоа не се замарај знам како тие ама се ќе биди во ред да ве чува сите Дедо Боже и да си родите сите здрави и прави дечина user posted image

(Одговор на членот semrabebe)
Непосредна врска до пораките: 2067
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
18.12.2014 13:47:48   
lolla RR
Фала ви женски, и јас мислам да не се мислам толку могу веќе, нека дојде здраво живо на свет, ке си го сакам најмногу и помало и поголемо. Само многу ме копка дали може да надокнади или па испуштен е возот, дека ке е помало за 2 недели и натаму. Само да не заостане повеќе. Како и да е ке известувам како оди ситуацијата.

(Одговор на членот Cvekelencule)
Непосредна врска до пораките: 2068
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
18.12.2014 13:51:26   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

Фала ви женски, и јас мислам да не се мислам толку могу веќе, нека дојде здраво живо на свет, ке си го сакам најмногу и помало и поголемо. Само многу ме копка дали може да надокнади или па испуштен е возот, дека ке е помало за 2 недели и натаму. Само да не заостане повеќе. Како и да е ке известувам како оди ситуацијата.


Другарка ми ги роди близначките пред време во 8-ми месец, тежеа колку една векна леб да речеме, толку беа мали. Сега се прво одделение, знаеш колкави се? Многу повисоки од нивнит врснички и супер се во развојот. Ајде, не му ја мисли многуuser posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 2069
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
18.12.2014 13:53:54   
Cvekelencule
Лола не знам толку зошто те имаат испалшено ама ако тие за утеха помало бебуле полесно се раѓа од колку големо ова ти го кажувам од искуство така да до 9 месец имате време за килажа и помалите деца поубаво напредуваат и можзат да ти кажувам усте мноху затое не се секирај поздрав душо

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 2070
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
18.12.2014 15:03:30   
Melanija RR
Лолла бебето си расте и храни по свои.Со ништо не си можела ни плус ни минус да помогнеш.За тоа вооптш не ни мисли.Колку расте си растеuser posted image и да една мерка е на ехо а друга кога е излезеuser posted image
Едноставно некои нешта не се поради нешто,уживај ,чекај контрола, не го ,,губи времето,, овие денови не се надокнадуваат user posted image user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Cvekelencule)
Непосредна врска до пораките: 2071
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
21.12.2014 16:03:27   
lolla RR
Како сте женски, Гардениа ни се породи, нека и е живо и здраво бебулето, а другите како иде? Денес џабе недела, времето се утепа дувајки, немаше како ни една прошетка до парк да се направи.

Јас само да ве поздравам, ок сум овие денови, хормоните ми се подстабилизираа, пак не ми е сеедно ама бебеуш ме радува секој ден кога е активен па мине денот побрзо. Вчера на гости повеќе саата, слабо го осетив, па ме фати ппаника, па во кола накај дома со мм ко мали деца му се изназборевме на глас и не ми се верува дека се размрда ко да сака да каже аман остајте ме да спијам. И така... и јас денес почнав киселни да имам, ама па и може дека измешав повеќе работи, исто си имам и хемороиди, не се болни, ама тука се, ги има веќе цела недела.


(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 2072
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
21.12.2014 17:12:54   
Malecka23
Za kiselini bi ti preporacala samo ladno mleko.Mene toa mnogu mi pomaga a i so prvata bremenost taka se spasiv.A za hemoroidite bi ti ja preporacala masta od bilna apteka Matija epten epten pomaga.JAs navistina imam problem so niv i mn kremi probav samo ovaa me spasuva a mi se javuvaat odvreme navreme.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 2073
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
21.12.2014 17:28:30   
lolla RR
Malecka млеко не пијам, ке пробам со бадеми и др работи. А кажи ми од каде да ја купам таа маст? Одобрена од гинеколог е? Фала за предлозите

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 2074
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
21.12.2014 17:38:00   
Malecka23
Da da odobrena e.Vo k.voda vo blizina na rampa ima tabla ke bidis pisuva bilna apteka Matija posle bilnata apteka na Alkaloid.Imas i na fb strana mozes i tamu da si proveris i poracas.A za kiselinite stom ne pies mleko probaj so caj od gjumbir ili pastili ako mozes da gi podnese.Jas so toa probuvav ama ednostavno ne mozev mirisost da go podnesam

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 2075
Страница:   <<   < Претходна страница  81 82 [83] 84 85   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  81 82 [83] 84 85   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?