mami2 -> RE: Антиталент сум за... (7.1.2012 0:13:50)
|
Антиталент за се што е поврзано со слух и ритам. Ниту ме бива за играње, ниту за пеење. А во минативе години се распеав со децава, па мм вика ќе ме пријавел на „Златен гавран“. Не ме бива и за оние работи што ги правевме на физичко: стој на раце, прескокнување на коњ, мост,... иако на времето имав и 20 години помалку и 25 килограми помалку, не ме биваше, немам гипкост (како се вика на македонски?)...татко ми викаше како дршка од метла да сум голтнала па не можам да се свиткам во половината
|
|
|
|