|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Менингитис
10.1.2012 1:09:38   
Viktori
Покачена температура, главоболка и повраќање укажуваат на менингитис

Менингитис е воспаление на мозочните обвивки, предизвикан најчесто од вируси, бактерии, габи и други микроорганизми. Може да се појави спорадично во тек на цела година или епидемиски. Како епидемија можат да се појави во мали затворени колективи (градинки, школи, интернати...).

Клиничката слика на менингитисот многу зависи од предизвикувачот, но и од возраста на детето. Колку тоа е помало, клиничката слика е поатипична, но постојат симптоми карактеристични за сите видови менингитис. Тоа се: Покачена температура, главоболка, која се јавува од почетокот на болеста и е постојана, некогаш многу силна. Помалите деца не можат да ја искажат главоболката , но таа може да се насети, тие стануваат вознемирени, плачат, често ја преместуваат главата на перницата или се фаќаат со рацете за главата.

Повраќање. Тоа е постојан симптом од почетокот на болеста. Може, но не мора да е проследен со гадење, но карактеристично е дека по повраќањето не настапува период на олеснување.

Фотофобија. Светлоста им пречи на очите, детето затоа се врти со грб кон изворот на светлоста, му пречи секој шум, па и шепотење.

Вкочанет врат. Детето со брадата не може да си го допре градниот кош

Ова се дел од симптомите на кои може да се пожали пациентот, но постојат менингеални знаци, кои ги открива лекарот при преглед.

Менингитисот според предизвикувачот може да биде:

Сериозен или вирусен менингитис - предизвикан од вируси. Овој менингитис во најголем процент се јавува кај деца на возраст од 1 до 10 години. Најчести предизвикувачи се вируси од групата ентеровируси (цревни вируси). Овие вируси се пренесуваат преку фекално-орален пат (многу е битна хигиената), а може да се пренесува и како каплична инфекција. Вирусниот менингитис може да се појави и како епидемија, почесто во летните месеци.

Болеста често има бифазичен тек, почнува со покачена температура, малаксаност, губење апетит и болка во грло. Ова трае два-три дена, а детето се чувствува добро 1-2 дена, а потоа нагло се јавуваат знаци за менингитис (температура, главоболка и повраќање)... Текот и прогнозата на овој менингитис е добра. Терапијата е симптоматска. Закрепнувањето е доста брзо и комплетно. Компликации нема.

Бактериски или гноен менингитис е воспаление на мозочните обвивки предизвикано од бактерии. Може да се појави со секоја возраст, но најчест е кај малите деца. Бактерискиот менингитис може да е предизвикан од која било бактерија, но постои карактеристичен процент на појава на некои бактерии во одредена возраст кај децата. Најчест предизвикувач е бактеријата менингокок. Извор на менингокок може да биде човек болен од оваа бактерија или нејзин носител. Се пренесува како каплична инфекција. Болеста почнува нагло, со висока температура, главоболка, повраќање и има драматичен тек. Потребна е рана дијагноза и соодветна антибиотска терапија.

За жал, и покрај напредокот во терапијата на бактериските болести, гнојниот (бактерискиот) менингитис се уште е многу тешко заболување. Смртноста кај соодветно лекувани болни се движи до 12 отсто, а кај одреден број преживеани има и сериозни последици.


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.




Непосредна врска до пораките: 1
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?