Палешка РР -> RE: chat room (18.12.2009 12:50:12)
|
Со музика оро и песна започна виткањето на далеку познатите прилепски мали посни сарми. Тие утре ќе бидат главното јадење на трпезата која во чест на патрониот празник на градот Свети Никола ќе биде поставена во центарот на Прилеп. Токму овие мали посни сармичиња се главните виновници поради кои Прилеп минатата година влезе во гинис со подготвени над 80.000 посни сарми. Годинава вредните прилепчанки подготвија 50.000. „Оваа година планирано е да се направат 50.000 посни сарми, ќе виткаме 50 жени, значи секоја жена по 1.000 сарми што за нас не претставува никаков проблем", вели Лилјана Ѓорѓиеска, Претседател на здружение на жени „Преродба". „Многу сме возбудени и со љубов ги виткаме сармите за да сите потоа во градот кога ќе ги вкусат бидат задоволни", рече Цветанка Гусакоска, член на здружение „Преродба". По една сарма, како што е традицијата, завиткаа и годинешниот домаќин на славата директорот на Прилепска пиварница и покровителот на манифестацијата Градоначалникот на Прилеп. „И се надевам дека оваа манифестација и традиција ќе продолжи и понатаму, еве и ние со градоначалникот завиткавме по една сарма, покажавме по малку домаќинлук, се надевам дека ова искуство ќе ни користи и за домашни потреби", на шега вели Сашо Самарџиоски, директор на Прилепска пиварница. „Значи на утрешната слава на градот на јавната трпеза во 11 часот ќе бидат послужени преку 50.000 посни сарми", кажа Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп. На богатата посна трпеза освен сармите годинава за сите посетители, кои се очекуваат да пристигнат и од другите градови, ќе има и 200 килограми грав и 250 килограми риба.
|
|
|
|