|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
25.11.2013 23:20:28   
zzaa
Јогурт, палента, банана, јаболко.

_____________________________

Денот кога се збогатив ... Станав мајкa
http://lpmf.lilypie.com/9ToIp2.png?PUn0FHCJ
принцеза на мама

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 51
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
26.11.2013 6:01:32   
deluxe
Банана,јаболко,домат,јајца(зготвени на сите начиниuser posted image )
И супата ни е фаворит,без неа не можеме ниту еден ден,или евентуално манџа ако нема супа,мора да пробаат нешто течноuser posted image user posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот zzaa)
Непосредна врска до пораките: 52
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
26.11.2013 6:14:05   
bucko mal
Na malovo omileno jadenje mu e avocado namackano na lepce so kaskaval.A na golemiov sin,favorit mu e hamburger,pica,burek.I saka pobrzo da porasne za da mozel da jade kolku sto sakaluser posted image

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 53
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
26.11.2013 8:07:52   
mommy_angels RR
Млекце со бисквити,банана,јогурт,манџа со мевце од секаков вид,тостирано лебче со путерче (си ручка и вика "оше" )

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 54
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
26.11.2013 10:14:02   
rina13
Чоколино и е нај омилено, колку и да е сита за чоколино ќе напраиместо user posted image

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 55
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
29.11.2013 14:03:55   
vezilka RR
Никола јаде се во принцип, ама ако го прашаш што сака, ќе рече или ориз или макарони. Сега во последно време на списокот влезе и корнфлекс, ама мора да се чоколадни топчиња. И кашкавал, во секое време и со секое јадење. Ако е кенкав и нерасположен бара кашкавал да му дадеме, чудесии.

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 56
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
29.11.2013 15:19:22   
elenak
Сеуште води палентата како најомилена, јас не можам да изедам толку колку што може таа. Сега моментален хит ни е банана, по неколку пати во ден, а за ручек не прибира, јаде се ама се приметува кога нешто повеќе и оди, како на пример спанаќ.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 57
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
21.2.2014 1:00:45   
Defne90 RR
На поголемото дефинитивно омилено јадење му се бисквитите со млеко и супата со рендано јајце во неа.Значи секој ден го имаме тоа на мени ако не се бисквити па ќе биде супа.Уште од многу мал тоа му е омилено јадење и кога и да не сака да јаде само тоа му го нудам.Се случувало и неколку дена по ред само тоа да биде на мени и за доручек и за ручек и за вечера.Помалото пак обожава да јаде палента со павлака и малку путер.Значи и да не е расположено за јадење палентата никогаш не ја одбива.И исто така обожава кисело млеко и јогурт.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 58
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
21.2.2014 11:42:37   
princessa
Na malata omileni jadenja i se ribata i gravot. Sekoj den jade jogurt so kornfleks kako da ima ke se udavi od jogurt pienjeuser posted image user posted image user posted image . Obozava med i seke utro pred da odi na gradinka si kasnuva po edno malo laiceuser posted image

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 59
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
8.4.2014 11:29:30   
vanessa30
Пилешка крем чорба со надробено лепче, компир со мелено мевце- за ручек
И секако најмногу сакаме МЕМЕ (млеко , обично бело, без додатоци, несквик и сл.), млеко и бисквити, и пудинзи
и секако доматче со сиренце, и сиренје во голема количина само така без леб.

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 60
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
16.6.2014 0:06:08   
Defne90 RR
Во последно време значи обавезно ми бараат да им правам јуфки и тоа домашни само, оние од продавница не ги сакаат.Абе не знаат колку јадат,а посебно малото.Поголемиот не до толку ама малото само спомни му јуфки и доаѓа со брзина на свтлината.Тогаш дури ни комјутер не бара да му пуштам за да јаде,дур да видиш летнала чинијата и тоа полна јас си се чудам каде ја собира толку.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот vanessa30)
Непосредна врска до пораките: 61
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
16.6.2014 1:02:02   
elenak
Стално имаме по некој хит, моментално е риба. А имаме риба за ручек знам дека најадена ќе биде. user posted image Инаку секој ден ми бара и тарана за доручек, а навечер пица. Значи да е до неа, менито секој ден би изгледало така - тарана, риба, пица.user posted image

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 62
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
16.6.2014 9:27:46   
Felly RR
РИбата и ние многу ја сакаме, ама дефинитивно оривче со копанче е најомилено. user posted image Исто и макарони/шпагети никако не ги трга од менито, за разлика од некои јадења кои и се здосадија, па веќе ретко ги имаме на мени.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 63
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
16.6.2014 9:45:34   
omorfo89
Ууу макароните , кифлите , сирење , крема со житарки ( се уште јадеме) user posted image

_____________________________

[img]http://lb3f.lilypie.com/aJqIp2.png[/img]

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 64
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
11.10.2014 11:45:25   
Bethany
Ориз со копан и мусака со тиквички и шпагети болоњезе сака и ги јаде без мрштење. Пица наравно и супи/чорби.
Потоа сака житарки на нестле, тие со мед, ние ги викаме кругчиња, бидејќи се во форма на кругови, и едни пченкарни во форма на бројчиња од Карфур. Тие ги јаде и со млеко и ги грицка без млеко преку ден.
Сака мед, овесни со банана, чоколино и бисквити со млеко.
Многу сака палачинки и лебче со мармалад со млеко user posted image Тоа. Друго некогаш нешто му се допадне, некогаш не.
Е да, од време на време му купувам едни словенски виршли, со најголем процент месо user posted image во комбинација со црни маслинки.
Сака да пие млеко обично и млеко со несквик, и сака кисело млеко.
Е па, испадна свашта нешто сакал, само во градинка никако не му се погодува јадењето user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот omorfo89)
Непосредна врска до пораките: 65
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
11.10.2014 19:58:18   
Snowhite RR
Јана мислам дека нема нешто што не јаде, најмногу сака млеко, јогурт, банани, јаболка, риба, пилешко, брокула, а ќе заборавев, цело лето се прејадоа двајцата со Михаил краставици и домати (имавме наши), мислам Михаил само краставици, тој не сака домати. Потоа сакаат и моркови многу, супа, грав, леќа. Михаил не обожава супа баш, а другово да.
Не знам јадат скоро се, не можам баш да издвојам нешто најмногу што го сакаат

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 66
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
19.11.2014 14:36:25   
Mila mamicka
2 минути се мислам што да напишам дека му е омилено јадење на син ми, ама не можам да смислам затоа што јаде буквално се. И на моја голема радост, јаде претежно тоа што јас му нудам, и секогаш бара работи од тие што сакам да ги јаде, а не џанк фуд. Ако треба да издвојам, јогурт обожава и краставичка со ручекот обавезно. 

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 67
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
19.11.2014 14:55:59   
Aleksx2Leon

ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90
Помалото пак обожава да јаде палента со павлака и малку путер.Значи и да не е расположено за јадење палентата никогаш не ја одбива.И исто така обожава кисело млеко и јогурт.user posted image


istiot slucaj e so sin mi,palenta,k.mlekce i jogurtce,ah i sirence nie sakame vo palentata i me zarazi i mene so palentatauser posted image i koj sto pravi nie palenta jademe

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 68
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
19.11.2014 15:04:42   
caciana
Макарони, шпагети и сите други јадења кои што може да се комбинираат со кечап ( тоа е неговата пипа user posted image )

(Одговор на членот Aleksx2Leon)
Непосредна врска до пораките: 69
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
19.11.2014 15:07:11   
Mila mamicka
Не сакам некои мајки да се налутат на коментарот што ќе го дадам, ама зошто им давате макарони на децата за ручек? За мене макароните не се воопшто храна која е добра за јадење, и за возрасните, а не пак за децата. Сметам дека нема потреба уште од мали да јадат тестенини, како што се макарони, шпагети и сл.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот caciana)
Непосредна врска до пораките: 70
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
19.11.2014 19:38:26   
Ki4iko
Mila mamicka моето синче обожува шпагети user posted image ,зашто тие се омилена храна на Peppa pig и George.Така и ми побара да јаде,кога беше заразен со цртаниот филм.Се разбира не дававме пречесто,не гледам ништо лошо во тоа да му дадеш на детето да јаде што сака.Тоа е сепак период.Еве во овој момент ,омилено јадење се јајца варени , син ми ги вика јајца пукани user posted image user posted image user posted image ,и ете периодично имаме омилени јадења user posted image

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 71
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
20.11.2014 8:11:40   
Mila mamicka
Не велам дека има нешто лошо во тоа да му дадеш на детето тоа што сака да јаде, зборот ми беше да не ги нудите децата со таква храна, тестенини, кои се и онака тешки за варење во желудникот за возрасните, а не пак за децата. Ама, кога детето ете видело од цртан филм, може да побара. Еве син ми, на пр. можеби затоа што кај нас многу ретко се готват макарони и шпагети за ручек, не изразил никаква желба да и проба, па затоа јас сама не му ги ни нудам.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот Ki4iko)
Непосредна врска до пораките: 72
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
20.11.2014 8:27:14   
Anuska14
Моето дете генерално има проблем со јадење-не е битно дали станува збор за здрава или нездрава храна(грицки, благо и сл) таа не сака да јаде.
Сака домашна супа, шпагети, пржени лепчиња, ориз ама кога викам сака тоа значи дека со помалку труд од моја страна може да се најаде. Јас не памтам во нејзините 5 години да се израдувала на јадење што и да е па дури и чоколадо.
Се надевам дека со второво ке имам повеќе среќа на таа тема.

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 73
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
20.11.2014 9:12:08   
vezilka RR
Никола исто има периоди кога фафоеизира нешто и само тоа бара. Во последно време се навлече на манџите и бара манџа. И салата од лилаковата зелка. Леле луѓе ја јаде во толкави количини и со толкава сласт тоа чудо едно. Туку малово ми е интересно. Тоа до сега има пробано пет шест работи. Меѓу нив и тиква. Леле не знаете што праи кога му давам токва. Буквално рипа во релаксаторот и вика меѓу едно и друго лажиче од страв да не прекинам да му давам. Абе се тресе од среќа. Ептен е смешен.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Anuska14)
Непосредна врска до пораките: 74
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
20.11.2014 10:23:37   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila mamicka

Не сакам некои мајки да се налутат на коментарот што ќе го дадам, ама зошто им давате макарони на децата за ручек? За мене макароните не се воопшто храна која е добра за јадење, и за возрасните, а не пак за децата. Сметам дека нема потреба уште од мали да јадат тестенини, како што се макарони, шпагети и сл.

Па добро тестенините се наоѓаат на врвот на пирамидата на здрава исхрана, ама сепак мислам дека не е толку страшно, зашто сигурно оние мамички кои пишале дека е омилена храна не им даваат секој ден макарони или шпагети. Јас на пример, еднаш неделно готвам макарони, ама моите не ги обожаваат баш, а и во градинка имаат еднаш неделно макарони

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 75
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?