Maca25 -> RE: Како се справувате со прашината во домот? (11.6.2010 10:41:04)
|
Јас живеам во центар и тоа не сум на главна улица, една зграда ме дели од булеварот, па по цел ден можам да бришам прашина. Само што сум ја избришала, ете ти ја пак. Алишта сушам во станот, надвор многу ретко и претежно нашите, на нина никако, затоа што се полни со прашина кога ги вадам од сушалка. немаме многу полици, ама имаме многу рамки, свеќници, калинки, вазнички.... и уште 300 ситници кои не можам да ги пребришам. Бришам прво со влажна крпа, едно 2-3 пати, па после со сува, па ставам политура на дрвото. Во спална не ставам политура, а креветчето на нина го бришам со влажно марамче.
|
|
|
|