Hopeful RR -> RE: Денеска ручкавме(за деца до 1 год.) (2.2.2016 21:20:09)
|
lolla RR, тек сега гледам. Користам ацедофилен јогурт на Виндија, се вика Ацедофилно млеко. Варијанта на АБ Култура е, има корисни бактерии и супер е на вкус. Има полномасна и лајт верзија, за бебиња нормално оди масната. Кисело млеко давам најчесто од Суташ, макар што имам дадено и Бучен Козјак, Здравје Радово... не знам, немам информации кое е најдобро па пробувам. Инаку цвекло немам дадено се уште. Вчера менито ни беше: - сутлијаш со вишни (интегрален ориз, круша, вишни, банана, малце млекце) - благ компир батат (портокалов и виолетов), морков, црвена леќа. Додадов сосема малце кисело млеко заради М, нешто се нечкаше па пројаде. Денес: - просо, јаболки, банана, вишни, кисело млеко (хит!) - рижото со интегрален ориз, грашок, морков, целер, пашканат, маслиново масло и бидејќи беше стварно грозно на вкус, морав да ставам кисело млекце За утре планирам палента со овошје сабајле и телешко месо со зеленчук за ручек.
|
|
|
|