Lacrymosa
|
убедливо најлош момент ми е кога треба да се бања Јана. Свекрва ми прави толкава тензија па ти мислиш седнуваме да размонтираме атомска бомба бе... се почнува од соблекувањето: побрзо, ладно му е ( во собата пекол), остави ја малку по гаќички да си поигра ( во превод по пижами), не му го ваѓај сега повојот, ајде водата ќе се излади, полека полека гледаш жешка е, ајде ајде вади ја, му студи, не ја полевај со таа вода гледаш дека е жешка, гледаш реагира ( а малава паѓа во несвест од смеење), леле ладна е, побрзо, ајде избриши ја убаво, ја избриша овде, стави му тука крема, дај ова, не така, облекувај ја побрзо, ќе настине, облечи му уште нешто ( пош бебево го праќаме да спие под мост), капа, обавезно капа ( капата на Јана му е смртен непријател), ушињата исчисти му ги.,, неее нему ги чисти ушињата, со пумпицата бетер му правиш... секое банање завршува со заклучокот: видиш реагираше, мн жешка му беше водата и пред мм: приметив сака потопла вода е кога све ова ќе заврши мене душава раат
|