Детската креативност и фантазија (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


Felly RR -> Детската креативност и фантазија (20.1.2012 12:57:51)

Креативноста е најслободна форма на самоизразување. Ништо не ги задоволува и исполнува деца повеќе, отколку да бидат во можност да се изразат отворено и без осудување. Способноста да се биде креативен, да се создаде нешто од личните чувства и искуства, може да се одрази врз емоционалното здравје на децата и истото да го негува. Искуствата што деца ги имаат за време на првите години на животот може значително да го подобрат развојот на нивната креативност.
На децата им се потребни многу можности за креативна игра и креативно размислување. Еден од најважните видови на креативна активност за малите деца е креативна игра. Креативната игра се изразува кога децата ги користат познатите материјали на нов или необичен начин, или кога децата се вклучуваат во играње улоги и игри кои бараат вклучување на фантазија.  





Felly RR -> RE: Детската креативност и фантазија (20.1.2012 13:02:06)

Дали вие со вашите дечиња играте вакви игри во кои тие можат да ја искажат (и да ја развиваат) својата креативност. На пример - играње улоги: во продавница, на лекар, гости [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] или пак поголемките дечиња сигурно обожаваат да цртаат, да бојат или пак да играат со глина/пластелин...
Што од ова играте со вашите дечиња, и колку се тие креативни?
Како се трудите да ја поттикнете нивната креативност?




Pepelaska * -> RE: Детската креативност и фантазија (20.1.2012 13:13:30)

Ние имаме скоро 17 месеци и веќе покажуваме интерес за цртање , видел некого со пенкало и лист и сега сам зема и вика Матин , демек да пишуваме Мартин, после тој го зема пенкалото и чкрта по листот, не му бранам ништо нека си црта по негово , исто и имаме едни како тутурки од конци на машина и со нив многу игра и си прави некои си фигури , кула вика (куа) демек голема била.
Според мене за да ја развиеме креативноста на децата треба и доста време да поминуваме со нив.




JovanaJ -> RE: Детската креативност и фантазија (20.1.2012 15:29:42)

Definitivno se soglasuvam deka treba da se pominuva vreme so decata za da se razvie sto poveke kreativnosta i fantazijata. Iako za zal, rabotnite obvski ne dozvoluvaat mnogu ama sekogas koga mozam igrame zeaedno, crtame, citame...[sm=smiley1.gif]




mami2 -> RE: Детската креативност и фантазија (21.1.2012 1:25:25)

За поттик на креативните вештини користиме стандардно: дрвени, мрсни, водени бои, фломастери, тапи ножички за сецкање на списанија и колажи, печати, пластелин и тесто за обликување, боенки пиши-бриши....
Некогаш им давам макарони за нижење.
Ама мислам дека фантазијата најмногу ја изразуваат преку редење на коцки. Имаат неколку комплети, нон стоп редат а ние се чудиме каде се направените бродови, пиштоли,...бидејќи креациите баш и не личат на именуваните предмети. Тие пак и цели приказни верглаат....а да, и најмногу се р`чкаат за една од двестоте коцки по дома.
А за играње улоги, главна глумица сум по дома, играм пациент, дете кое не сака да оди во градинка, комшика за кафе, мајстор, гладно дете, пумпаш на бензиска, итн....
Речиси се и со се дозволувам да играат за да имаат можност да ги развијат потенцијалите, освен на компјутер, мали се а и да не ми го зафатат, еден ни е




Felly RR -> RE: Детската креативност и фантазија (21.1.2012 10:34:41)

И ние сакаме да чкрткаме со дрвени боички, ама уште ништо конкретно и препознатливо не сме нацртале. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
А за играње улоги, еве што играме ние: земаме едни сликички -тие ни е пари, и одиме во продавница кај мечињата на обиколката од креветчето. Понекогаш па тоа е кафана - ова не знам од кај го слушнала, ние ни во кафич не сме биле, а не па во кафана [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Друго, дека сега одевме на инхалации, го зема бебето, па му прави диши, диши, па грлото, па после со капаче од шише му прави инхалација.
Овие најчесто ги играме.
Исто коцки редиме, ама до сега само куќи правиме, и елка.

А може тука да поставуваме и слики од некои работи што ги направиле нашите дечиња: цртежи, фигури од коцки, од пластелин....




Maca25 -> RE: Детската креативност и фантазија (23.1.2012 18:45:01)

Нина е доста креативна. Али има и на кого[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] Може по цел ден да црта, да прави фигури од пластелин, да лепи пластелин како колаж на боенка.
Во последно време замислува само некои шуми, некои чудовишта, измислува приказни како ја бркале чудовишатата, она ги натепала со стапче и тие избегале и сите пријатели од шумата ги спасила.
Имаме едно стотина фигури од киндер јајца и со нив многу сака да си игра. Си ги реди и си прави зоолошка градина.




AnnaMolly RR -> RE: Детската креативност и фантазија (17.8.2012 15:03:19)

Филип почна да раскажува приказни сам што си ги измислува. Ептен се занесува во зборувањето, прави фаци, прекрстува раце, глуми...

Пред некој ден многу ме изненади. Бевме кај моите, со сестра ми пиевме кафе. Доаѓа Филип и вика „Да ви кажам нешто. Вчера одев на работа и го сретнав Ноди. И ме праша каде ќе одам. Ме гушна. После дојде едно куче и го галев, па си отиде“.
Луѓе, буквално од збор до збор ми го кажа ова. Ние се утепавме од смеење, си раскажа човекот цела приказна.

А еве почнува и креативноста да ја развива. На пример, од коцки си прави сам авиони, куќи, коли... Си прави кревет од коцки за играчките, ги легнува, па ги покрива со сликовници [sm=jezicek.gif]

Дајте некоја интересна игра што би можеле да ја играме, некоја едукативна и креативна сликовница/играчка...
Има 2 години и 2 месеци.




Pepelaska * -> RE: Детската креативност и фантазија (18.8.2012 16:20:25)

Побарајна нет има многу идеиии,




mila mama -> RE: Детската креативност и фантазија (19.8.2012 8:40:40)

Ова со правење кревети за играчките и куклите и ние го правиме, ги покрива со ќебенце обично ама и со сликовници[sm=smiley36.gif]
дури зема перниче и ги нишка играчките во рака да спијат и им пее нани нани[sm=smiley36.gif] и ниш ниш[sm=smiley36.gif] А за цртање и креативност еве и ѕидовите веќе ќе прозборат, сите ѕидови се исшкртани[sm=zmeden.gif]




Snowhite RR -> RE: Детската креативност и фантазија (19.8.2012 9:05:29)

И Михаил многу се интересира за креативни игри, така да ги наречам, реди коцки, слагалици, имаме едни со букви бројки, ако ги знаете, слагалица, буквите и бројките се вадат и пак се местат и една со друга се спојуваат, е со нив последно време многу игра, вчера кога си дојдов од работа, гледам од нив со баба му правеле како тањирчина т.е. како коцки ги наредиле, а внатре па ставиле по една коцка од една друга сложувалка и ги зеде лајчината и не честеше со сладолед.(сладолед тоа било, разбира'ш) Исто така многу сака да игра и со камионите ги товари со коцки, со животни и ги вози, друг пат ќе земе торба и оди на пазар да пазари, па му чита сликовници на мечината.
Не знам дали е уште мал да му купам пластелин и форми за правење[sm=zmeden.gif]




mila mama -> RE: Детската креативност и фантазија (19.8.2012 9:11:42)

Е. во градинка играат и со пластелин а помали се од М. ама пластелинот е од оној неотровниот само со сол и со брашно што се прави. Она обожава да игра со пластелин и да прави месо [sm=smiley36.gif], адо-сладолед и торта [sm=smiley36.gif]




Maca25 -> RE: Детската креативност и фантазија (19.8.2012 9:22:39)

Н. иако е големка веќе, ама многу дака со коцки да си игра. Само прави некои форми, само измислува нешто ново. Може цел ден со коцки да си игра. И со пластелин сака, ама не сме купиле одамна.[sm=smiley36.gif]




niki -> RE: Детската креативност и фантазија (19.8.2012 10:17:57)

Se pogore pobrojano igrame ili pravime.
Igrame i edna igra sto nikoj ne ja spomena, a site ja zname i moze da se igra od najmala vozrast. Ne bara nikakva prethodna podgotovka, nikakvi rekviziti a ja razviva fantazijata, pottiknuva na improviziranje, glumenje, vklucuva fizicka aktivnost i znae da bide prilicno smesna, i moze da se igra bilo kade.
Pantomima
Najcesto kerka mi imitira sama smisluva sto (zivotni, predmeti, luge, rastenija) a jas pogoduvam i se trudam da ja teram da mi dade sto poveke informacii so govor na teloto kako bi prepoznala sto mi pokazuva. Sekogas iznaoga novi i novi poimi koi gi vmetnuva vo igrava i mnogu cesto me iznenaduva kolku verodostojno prepoznala nekoi osobini na nekoi zivotni luge rastenija so cel da mi go otezne pogoduvanjeto.
Probajte zabavno e i za vozrasni i za deca.




arh_diz -> RE: Детската креативност и фантазија (19.8.2012 11:01:46)

Sin mi obozava da si gi sreduva igrackite ama kako toj saka a ne kako jas sakam.I koga ke gi sredi me vika da vidam kako gi namestil.Od kocki pravi kuka, avion i nekoi negovi izmisleni raboti[sm=smiley36.gif]




Maca25 -> RE: Детската креативност и фантазија (19.8.2012 11:36:32)


ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Se pogore pobrojano igrame ili pravime.
Igrame i edna igra sto nikoj ne ja spomena, a site ja zname i moze da se igra od najmala vozrast. Ne bara nikakva prethodna podgotovka, nikakvi rekviziti a ja razviva fantazijata, pottiknuva na improviziranje, glumenje, vklucuva fizicka aktivnost i znae da bide prilicno smesna, i moze da se igra bilo kade.
Pantomima
Najcesto kerka mi imitira sama smisluva sto (zivotni, predmeti, luge, rastenija) a jas pogoduvam i se trudam da ja teram da mi dade sto poveke informacii so govor na teloto kako bi prepoznala sto mi pokazuva. Sekogas iznaoga novi i novi poimi koi gi vmetnuva vo igrava i mnogu cesto me iznenaduva kolku verodostojno prepoznala nekoi osobini na nekoi zivotni luge rastenija so cel da mi go otezne pogoduvanjeto.
Probajte zabavno e i za vozrasni i za deca.

фала ники што ме потсети на пантомима. [sm=smiley31.gif]

Н. многу сака да крие предмети или да ги држи зад себе, а ние да погодуваме што има. ние ја тераме да ни објасни нештото какво е, која боја, што се прави со него, ама најчесто многу брзо ни издава што е тоа што го држи/крие. [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]
Сака и да си играме пожарникари, замислуваме ситуација (од книгата која ја читаме моментално) и трчаме низ дома и гасиме пожари. Н. е опремена со пожарникарска капа и коњ, а јас имам кацига за на точак [sm=smiley36.gif]




niki -> RE: Детската креативност и фантазија (19.8.2012 11:57:18)

I nie igrame ova, predmetite gi krieme vo kutija za konduri
a za da ne izdavaat im pravis film deka e mnogu tesko demek i sto poveke promasuvas pa se tufkas, pa na kraj vikas lele mama poim nema, tolku e ocigledno a tolku tesko, nikogas ne bi pogodila i toa im e predizvik da se trudat poveke da te nadmudrat[sm=smiley36.gif]
a tek na bukva na bukva, demek zamisluvam na bukva S i taa ke mi redi zborovi sto pocnuvaat na S koga ke pocne da tufka deka bilo mmnogu tesko jas i vikam pogodi bravo pa taa zamisluva na nekoja bukva a jas i redam nekoi teski zborovi sto znam deka ne bi gi zamislila i posle 5-10 zbora pogagam i taka manipuliranje do daska vazno vezbame izgovor i ucime po nekoj nov zbor

sega mi tekna[sm=jezicek.gif] koga bese pomala na bukva na bukva i taa ke kaze KO -kompjuter, na bukva SLI - slika, na bukva TE- televizor, toa dodeka ne razlikuvase bukva i slog[sm=jezicek.gif]




vezilka RR -> RE: Детската креативност и фантазија (21.8.2012 9:19:50)

Никола многу сака да игра со коцки ама овие регуларниве сеуште не може убаво да ги прикачи и се нервира. Најдов едно со магнет, тие многу полесно се прилепуваат и лом прави со нив. Моментално прави базени и кочии [sm=jezicek.gif]. Многу ме изненади со една сложувалка која ја добивме на полкон. Јас мислев дека е мал за тоа и сакав да ја тргнам, кога тој се заигра, ептен го заинтересира. Секако не може сам да ја намести, погодува едно, две од делчињата, другото јас го местам, ама битно ја перцепира, и ја игра што е многу битно оти периодов од играчки, освен ако е топка, друго не перцепираме..




Mihaela 2010 -> RE: Детската креативност и фантазија (21.8.2012 9:29:28)

Uste koga imase 18 meseci i kupivme tabla,pogolema,pisi brisi,pa ne stanuvase od stolceto,po celi denovi pisuvase i brisese,za citanje knigi e prva,prvo stanuvanje i e mamo/tato citaj mi...sega najnovo si zema sama kniga i sednuva si ja raskazuva..
Boi so drveni boicki ,si igrame so plastelin...sega vo posledno vreme ja imam zateknato kako mi raskazuva nekoi izmisleni raboti,vlezena e celata u film,mu vikam na mm lele detevo pocna da laze...a on mi vika abe ne laze neli gledas deka fantazira,i se razviva taka fantazijata,si izmisluva nekoi raboti...




Felly RR -> RE: Детската креативност и фантазија (22.8.2012 22:21:36)

М вчера зеде шишиња пластични, и ги нареди во круг, вика ова ми е куќа. Па ме канеше и мене „Повели, влези“ па трга две шишиња, демек ми отвора врата. А инаку има од оние куќичките што се, ама оваа замисленава поинтересна испадна.[sm=smiley36.gif]




Pepelaska * -> RE: Детската креативност и фантазија (24.8.2012 13:49:01)

И М. некогаш си измислува некои работи, најмногу игра со количиња и вози , вика ајдеее вози вози стигнавме кај бебето ( или кај некој друг), па радио пушта во колите внатре, вари кафе во едни тацничиња, си игра и со мечиња им пее ги заспива ,




Maca25 -> RE: Детската креативност и фантазија (25.8.2012 14:10:06)

Еве како Нина не гледа!
[img]https://fbcdn-sphotos-c-a.akamaihd.net/hphotos-ak-ash4/s720x720/376617_10151047696402903_1724570864_n.jpg[/img]




AnnaMolly RR -> RE: Детската креативност и фантазија (9.10.2012 14:53:33)

Во последно време се повеќе му работи мозочето и фантазијата.
Сега најнов хит му е да пее измислени песни. Зема синтисајзерот (уште го вика тигара[sm=smiley36.gif]) зема микрофон и свири и пее.
Пее за се што гледа околу него. За мама, тато, за Куба (кучето), за лепче и грашаче вчера пееше [sm=jezicek.gif]. И тоа поврзани работи си пее. Еве за грашачето вчера: Не сакам да јадам грашаче, не сакам да јадам лепче. Мамо, дај и го на Куба нека јаде, да не лае. [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




vezilka RR -> RE: Детската креативност и фантазија (9.10.2012 16:14:27)

Првиот изложен цртеж на Никола во градинка [sm=jezicek.gif]

[img]http://sphotos-b.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash3/561830_4681914245051_1098061086_n.jpg[/img]




Maca25 -> RE: Детската креативност и фантазија (9.10.2012 16:20:28)

везилка, на која тема е цртржов?
многу ми се интересни кога ќе им речаѕт учителките да цртаат на некоја тема и гледаш дека исто нацртале како минатиот пат...шкртки пртки еден куп (ко што вика Нина) [sm=smiley36.gif]




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>