Другарчиња од градинка (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Забавиште и чување на детето



Порака


AnnaMolly RR -> Другарчиња од градинка (21.1.2012 15:34:52)

Филип е уште во јасли, ама изгледа си склопил некакви пријателства со неколку дечиња и по цели денови дома ми ги збори!

Завчера кога се разбуди првите зборови му беа: Одиме дугаите. (Одиме кај другарите). И почна да ги набројува: Давид, Ева, Дафина, Гојан (Горјан), Зоки, Иван.

Јас па не ни знам како му се викаат дечињата од група, па ја прашав воспитувачката вчера и навистина најмногу си играл со нив, навистина сите тие му биле во група. Многу ме изненади.

Дали и вашите деца имаат другарчиња во градинка со коишто најмногу се сложуваат?




Snowhite RR -> RE: Другарчиња од градинка (21.1.2012 19:01:55)

Михаил по извесен период откако почна во градинка и почна дома да кажува нешто Тефанија (Стефанија), немаме такво име во нашиот круг и претпоставив дека е од градинка и го прашувам дали  Стефанија е од градинка и ми вика да и после ја прашав воспитувачката дали има такво девојче во група и ми вика да има, со неа си игра најмногу. Мојов изгледа си нашол симпатија, зашто од сите само нејзе ја кажува[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
Инаку на сликата од Нова Година сите ги кажува како се викаат, некои од нив јас ги знам и сигурна сум дека така се викаат, ама претпоставувам дека и тие што не ги знам точно ги кажува




Maca25 -> RE: Другарчиња од градинка (21.1.2012 20:46:13)

Нина си има едно другарче Лука, од јасли се заедно и стално го збори. А во градикна ми кажуваат дека уште нема двоење меѓу децата, односно дека сите си играат. Уште нема најдобри другарства[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Felly RR -> RE: Другарчиња од градинка (22.1.2012 8:23:27)

Матеа уште од почеток ја кажува Маца, со неа најмногу си играат. А и врснички се, неколку дена разлика. Ама многу често ги спомнува и машките. Кога ќе ја прашаме
- Што правеше во градинка? - Игаме фубот(фудбал)
Со кого? - Со Да(в)ид.
А многу често и Ма(к)сим го спомнува.




JovanaJ -> RE: Другарчиња од градинка (24.1.2012 16:43:34)

Imame drugarcinja od gradinka ama ne spomenuva nekoj posebno, onaka da se istakne so nego najveke da se druzi. Ovaa godina veke i po rodendeni si odime pa gi zapoznav skoro site decinja. Se druzat i super se site, milo mi e sto recisi so site se slozuva ubavo. Posebno interesno mi e sto se druzi i so devojcinja duri zaedno si igrale karate i pukanje so pistoli (onaka so race)...
[sm=smiley36.gif]




Felly RR -> RE: Другарчиња од градинка (25.1.2012 9:09:46)

Јас дечињата ги научив уште пред да ги научи Матеа. И на почетокот за да ги научи и таа сите побрзо, ја прашуваав: - А што правеше Х? Дали си играше со Х? А сега веќе сите ги знае. И нон стоп нешто за нив спомнува. Пред некој ден пишувавме и ми вели пиши Х, У (и ми реди имиња на дечињата од градинка).Или и облекувам елек - таа: Овој има елек. И давам шише ново со рачки. Таа - Оној има рачки. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Lokica1 -> RE: Другарчиња од градинка (25.1.2012 9:42:35)

Odime vo prva mala grupa i gi znae site decinja od grupata..na novogodisnata slika site decinja gi kazuvase...a najmnogu si igra so 3-4 koi non stop gi spomnuva...vospitackite mi kazuvaat deka ima decinja so koi i voopsto ne igra, rado si igrala sama :). a inaku si imame i decko so koj od jasli se zaedno i taka go i vika deckoto David :D, i so nego najmnogu si igrale i spijat edn do drug.




AnnaMolly RR -> RE: Другарчиња од градинка (1.2.2012 11:01:11)

На Филип му се хит Ева и Дафина. Од уста не ги вади и само така без плачење оди во градинка.
Му викам ајде кај Ева и Дафина. И тој Даааааааа! И трча без проблем накај занимална.
Вчера во исто време дојде и Ева и си се фатија за рака и заедно си отидоа накај учителката. Мноооогу беа слатки!




vezilka RR -> RE: Другарчиња од градинка (29.11.2012 14:52:33)

Никола почна да расправа за другарчињата од градинка. Секој ден мора да ги спомне Дамјан и Матеј. Многу поретко споменува и некои девојчиња па ја прашав учителката и таа така ми кажа, дека со овие две момчиња и две други биле тајфа, а со девојчињата многу, многу не играле. Пред некој ден добивме за роденден честитка, цртежи од сите другарчиња споени во тефтерче, потпишани од сите, и сега ги знам имињата и секој ден го прашувам за некои од дечињата за да ги научиме сите.




Mihaela 2010 -> RE: Другарчиња од градинка (16.11.2013 15:44:27)

Ne samo sto gi spomnuva sekoj den,tuku i si se druzime po gosti od vreme na vreme bidejki gore dole site sme tuka so ziveenje,koj poblizku koj podalecku...i mene bas mi e super toa,koga se ide po rodendeni kaj deca od gradinka naj ubavo si pominuvaat,deka si se znaat ama takva zabava ne se propusta...od januari pa nekade do septemvri sekoj mesec sme kaj nekoj od gradinka,i mozam da kazam deka i jas dobro se zabavuvam[sm=smiley36.gif]




Snowhite RR -> RE: Другарчиња од градинка (16.11.2013 18:48:59)

Најдобар другар од градинка му е Леонид и сега во септември кога го преместија во друга група и Леонид го преместија, па дури лани и исти пантолони имаа со прерамки и еден ден се погодиле двајцата да ги носат и негователкава ми вели леле денеска ќефови беа дека двајцата со исти пантолони. Инаку сега редовно кога и да излезиме некаде во парк или в чаршија обавезно ќе си види некое другарче од градинка, му викам на мм, тој со повеќе луѓе се поздравува отколку ние, нашава генерација помалку излегува хихи




Anuska14 -> RE: Другарчиња од градинка (21.11.2014 10:45:35)

Во нашата група дружбата е на највисоко ниво, одиме по родендени, се дружиме по дома, одиме по фестивалчиња заедно...Речиси 2 пати месечно сме на некој роденден од градинка-деца лудуваат -мајки разменуваат искуства, трачеви[sm=jezicek.gif]




sandriana RR -> RE: Другарчиња од градинка (5.10.2015 11:37:42)

Како растат децата, така се формираат и се зацврстуваат пријателствата од градинка.
Тина има веќе 4 години, и последнава година ептен интензивно се дружат со дечињата што од својата група, што и од другите групи.
Летово, дека беа сите заедно споени во салата, имаше можност да се дружи со дечињата од поголемите групи и беше воодушевена. Секој втор ден ми кажуваше дека има по некое ново другарче.
А и од нејзината група се сплотени, веќе често одиме по родендени- едноставно се бараат како друштво.
Со 2-3 дечиња има дружба и надвор од градинка, бидејки ни се близу во населбата, па се дружиме по дома или на игралиште.




Страница: [1]