mami -> RE: заедничко капење (24.9.2009 9:00:52)
|
изворна порака- Професорица [image]http://notformen.mk/images/stories/vo_kada.jpg[/image] Малку да избегате од секојдневната рутина и да го збогатите сексуалниот живот. Сепак, кадата не е кревет, затоа ќе се соочите со неколку непријатности. Со оглед на тоа што задоволството е уникатно, пречките не би требало да ве премислат. Можеби чудно, но сексот во вода не може да оди толку мазно како на суво. Водата додека паѓа го носи со себе природниот лубрикант што го произведува вашето тело. Може да наидете на тешкотии при самиот чин и непријатна пенетрација. Нежната слузокожа на вагината може да се вцрвени, а во комбинација со шампонот да се јави и мала иритација. Затоа, за сé да оди како подмачкано, користете водоотпорен лубрикант, силиконски. Мора да бидете претпазливи за да не го претворите чинот на уживање во чин на болки и фрактури. Знаете колку може да биде лизгав подот во бањата, а и самата када. Затоа, убаво усогласете се и наместете се во стабилна поза. Најпрактична е со стоење за разлика од мисионерска. А како најбезбеден го издвојуваме оралниот секс. Ако, сепак, сметате дека не сте доволно флексибилни за ваква изведба или, пак, партнерот не се согласува на таков чин, обидете се со предигра. Предигра си е предигра и забавна е каде било да се одвива. Можете да се милувате и да се бакнувате под туш или да легнете во када и заедно да се бањате, особено посветувајќи внимание на интимните делови. По ова сигурно ќе доживеете поинаков секс во спалната.
|
|
|
|