Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Што да се понесе во болница? 27.5.2010 13:42:57
Belo_Oblache
ИЗВОРНА ПОРАКА: topce
јас се породив во систина и таму освен средства за лична хигиена и мобилен телефон ништо друго не дозволуваат да внесеш.Последниот ден пред да си одиме мм донесе алишта за дете и за мене.
Планирам да се породам во Систина и би сакала да знам што од личните работи ќе ми бидат потребни, како и што ми треба за бебето?
RE: Што да се понесе во болница? 27.5.2010 13:48:31
jovanka
Ako mislis da se porodis vo Sistina najdobro da se konsultiras so personalot mislam deka nisto ne ti e potrebno samo so lesno da pomines i vednas da kazes koga ke ima
_____________________________
Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
RE: Што да се понесе во болница? 27.5.2010 14:00:07
Тања РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Belo_Oblache
Планирам да се породам во Систина и би сакала да знам што од личните работи ќе ми бидат потребни, како и што ми треба за бебето?
Значи Бело Облаче каде и да се пораѓаш од лични работи ќе ти бидат потребни неколку пакети обични мрежести памучни влошки (ВИР 80 или БОНИ), паста и четка за заби, чешел, папучи и влечки за туширање, повеќе крпи затоа што ќе треба да се тушираш неколку пати дневно, сапун, гел за дезинфекција на раце добро ќе ти дојде првите часови по породување кога нема да стануваш од кревет. За бебето додека сте таму нема да ти треба ништо (во државна бараат еднократни пелени), кога ќе дојдат да ве земат ќе треба да му донесат комплет се што треба за да се облече: пелена, боди, ѕиврички или хулахопчиња, комплетче. Мене дефектологот ми рече никако да не ставам ракавички на рацете а патронажната неколку пати ме опомена да му ја извадам капата на детето, ти како сакаш. Ајде со лесно па чекаме убави вести
_____________________________
There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А
RE: Што да се понесе во болница? 27.5.2010 14:57:28
Belo_Oblache
Јованка и Тања, ви благодарам за советите. До пораѓање имам уште 1 и пол месец, не е уште многу, ама не е ни баш малку. Во секој случај, најпрво ќе ве известам сите овде на форумов!
RE: Што да се понесе во болница? 27.6.2010 10:33:29
Maca25
Бело овлаче, ако се пораѓаш во државна ќе ти треба се ова погоре напишано. Знам дека за во Систина и Ремедика не треба ни улошки да носиш, ни папучи, затоа што во секоја соба има. За во државните болници треба за бебето да си донесеш пелени, влажни марамчиња и крема. Јас кога се породив немаа ни крема, ниту пак ги избањаа бебињата во тие 5 дена - немале со што да ги бањаат. АКо си донесеш и им кажеш ќе ти го избањаат. Ќе ти требаат цефки за пиење, за првите моменти кога нема да можеш да станеш. Ај ако ми текне уште нешто што мене ми фалеше ќе допишам.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
RE: Што да се понесе во болница? 6.7.2010 22:24:03
Miss36
Dragi mamicki,jas sum veke vo 37 nedela i ke se poragam vo GAK. Ve molam da mi kazete sto e potrebno da odnesam tamu,posto denes ja spremam torbicata. Zemav peleni,spikozni,benkici za bebeto .. Sto drugo e potrebno,dali sredstva za licna higiena za bebeto se potrebni?
RE: Што да се понесе во болница? 6.7.2010 22:33:22
Maca25
крема за бебето и влажни марамчиња, пелени, облека...иако таму имаат нивна облека, ти можеш и твоја да си донесеш. за тебе за лична хигена: четка, паста, течен сапун (најпрактичен е, немаш таму баш место каде да ставиш сапун), чешел, јас си однесов и чорапи (зима беше и ми беше многу ладно на нозете), влошки (3-4 пакетчиња), влечки (некои што не се лизгаат, затоа што многу се лизга во вц-то), пластични чашки, цефки. тоа сега ми текнува. Прочитај погоре во постовите, сигурно ќе добиеш уште некој совет.
Со лесно Мисс36!!! Па да не известиш кога ќе се породиш!!!
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
RE: Што да се понесе во болница? 7.9.2010 14:39:10
petra27
Devojki za Vo Sistina ne vi e potrebno nisto,osven licna kozmetika,omilenata cetkicka za zabi,sminki,vlazni maramici za sebe....i takvi nekoi raboti.....inace tamu ima i uloski i pasta i samponi i papuci i obleka za bebusko.....i sekako obleka za bebeto i za vas za izleguvanje od bolnica ke si zemete vie no otkako ke se rodi....
RE: Што да се понесе во болница? 7.9.2010 15:14:06
blue_blue
Во приватните болници (Ремедика, Систина, Св. Лазар) буквално ништо не треба да се носи освен четка за заби. Таму имаат се и даваат што ти треба во колкави количини ти треба. Бебињата ги пресоблекуваат секој ден во нови алишта и не треба ништо ни за нив да носиш, освен облеката во која ќе се облеше детето кога ќе си одите од болница.
RE: Што да се понесе во болница? 8.9.2010 10:36:17
EciPeci
За оние кои неможат да си дозволат да се пораѓаат во приватна болница: Јас се породив во ГАК, тимот е одличен, три смени сестри се сменија кога се пораѓав и сите три беа ок, само докторот беше дежурен и беше истиот цело време. Сите родилки беа исто третирани, сите имаа провокации за побрзо пораѓање. Вие глејте вие да сте смирени и да не се паничите, а сестрите и докторите ќе си ја вршат работата. Проблемот во ГАК е сместувањето. Јас бев 3 дена во обична соба и најискрено не би одела пак. Останатите 4 дена бев во апартман и беше многу убаво, почисто, со сопствено вц. Ви требаат само средства за лична хигиена и ако сакате алиштенца за бебето, иако имаат нивни и секојдневно ги пресоблакаат. Во секој апартман има огромно лавабо за бањање, така да ќе ти го избањаат детето во било кое време. Апартманот чини 3200 дневно. Претежно се двокреветни и мислам дека има еден еднокреветен. Има посебна сестра која учи дехники на доење, не памтам како се викаше женава, ама е светла точка на гинекологијата. Многу е забавна. Сигурно по приватниве болници е мнооооооооогу подобро, ама за неколку дена и во ГАК е ок.
RE: Што да се понесе во болница? 10.9.2010 11:55:45
bebushkaa
moze na nekoj mu e smesno ama jas pojma nemam sto e GAK:) ako moze pojasnuvanje zatoa sto jas se mislam izmegu drzavna i cair i se uste ne znam kade da se porodam...
RE: Што да се понесе во болница? 19.9.2010 22:45:35
ananikol
Za bebusot jas si ponesov samo obleka za trite dena a drugo ostanato se imase tamu pampersi,maramici.... Za mene si ponesov nekolku spavaci,pribor za licna higiena...a vloski imase tamu.Vo sekoja soba ima kupatilo so samponi za vas i bebeto.
RE: Што да се понесе во болница? 20.9.2010 2:22:09
mami2
јас си носев мал, ама стварно мал ранец, со влажни марамчиња, влошки, исклучен телефон, две сокчиња со цевка за после породување со мене и на бокс. Инаку ја враќаат торбата на тој што те донел во болница, или ти останува спакувана на патолошка ако си останала некое време таму, па ти ја праќаат цимерките кога ќе почнеш да досаѓаш на сестрите да ја качат горе.
RE: Што да се понесе во болница? 7.10.2010 0:58:29
Anushka
драга Ива_миа, дефинитивно ќе ти требаат влажни марамици, многу мало пакување, за да се забришеш после клизмата. Потоа, ќе ти треба украсна безопасна игла, да затвориш ноќницата која ќе ти дадат да ја облечеш (сите се отворени мнооогу напред) и мобилен. А после породување: - влошки стерилни - влажни марамици големо пакување - крема за лице - крема за тело - четче за заби+паста - пешкир мал и голем, плуис пешкир за измолзување - чешел - парфем, карминче - книга/списание - фотографија од тм - полнач за мобилен - чаша и лажица - чорапи х 2 - долг џемпер - насмевка
RE: Што да се понесе во болница? 15.12.2010 2:33:08
bebus.m
moze nekoj da mi kaze sto e potrebno za bebusot vo drzavna dali treba da nosam alista ili gi povivaat vo peleni i dali treba samo pampers ili treba i tetra peleni
RE: Што да се понесе во болница? 15.12.2010 8:54:30
mami2
Во Државна треба да носиш пелени еднократни и влажни марамчиња. Таму бебињата ги облекуваат во алишта не ги повиваат, алиштата не се баш, ама никој од тие што бевме заедно не носеше од дома. За две-три дена поминаа така. МОжеш да си понесеш пелена, пешкир или нешто друго за под бебето и покривање, некако е чудна вреќичката од таму.
Апел за сите што имаат вишок бебешки алишта, носете ги во породилиште, секогаш се добродојдени
RE: Што да се понесе во болница? 15.12.2010 11:03:36
denicka
ako nekoj go interesira za vo cair, treba: mnoooogu medicinski uloski pampersi za bebusot pavloviceva mnoooogu sokovi malku hrana (da ne ogladnete posle vecerata :) ) peskir za vas moze i kebence za bebus zasto tie tamu se za nikade