|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Уринарни инфекции кај деца
13.2.2012 11:48:31   
JovanaJ
Sin mi minatite dva-tri dena se pozali deka go boli koga ke zavrsi so mockanjeto i toa vo gorniot del kade sto pocnuva kureto, mozebi kon besikata nekade... Znaci samo koga ke zavrsi, za vikendov gledav dali ke najdam nekoi drugi nevoobicaeni znaci ama ne najdov. Zacestenost na mokrenjeto ne zabelezav, si mokri kako i sekogas, urinata e bistra, nadvoresno nema nisto na penisot ili okolu nego...Ne sme se soocile do sega so urinarna infekcija. Imate li vie nekoe slicno iskustvo? Utre ke nosam urina vo labaratorija, za obicen pregled ne urinokultura, pa da vidime dali nesto ke se pojavi. Bolkata ne e mnogu izrazena bidejki ne se zali ako jas ne go prasam i ne odbiva da odi vo toalet ama sepak ja ima...user posted image
Nemozev da najdam vakva tema. Ako temava ja ima veke ve molam premeste te go postot i izvinete.

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 13.2.2012 15:23:11 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Уринарни инфекции кај деца
16.2.2012 8:59:24   
Felly RR
Уринарните инфекции се дефинирани како присуство на бактерии во урината проследени со симптоми на инфекција. Ретко, понекогаш како предизвикувачи можат да бидат и други микроорганизми како што се габички и вируси. Уринарните инфекции во детска возраст се честа појава, доаѓаат на второ место, по респираторните инфекции. Инфекциите на уринарниот тракт во првата година од животот се појавуваат со поголема фреквенција кај машките отколку кај женските деца, а по првата година почести се кај женските. Честотата на уринарните инфекции кај новородените е апроксимативно 0,1 до 1,0 отсто кај сите новородени и 10 отсто кај новородени со мала породилна тежина и предвремено родени. По првата година од животот се јавуваат во 5 отсто кај девојчињата и 1 до 2 отсто кај момчињата.Уринарниот тракт е поделен на горен и долен. Горниот уринарен тракт се состои од бубрег, чашки и уретер, а долниот од мочен меур и уретра. Бубрезите имаат улога на филтер: ги отстрануваат непотребните материи и вишокот вода од крвта со продуцирање на урина. Тој ослободува околу 1-1,5 до 2 литра урина дневно кај возрасните, а помалку кај децата, зависно од возраста.

Нормално, уринарниот тракт не содржи бактерии. Најчест пат на ширење на инфекцијата ( 90 отсто) е преку навлегување на бактерии од кожата околу ректумот и гениталиите кон мочниот меур, што е подобра подлога за развој на бактерии поради присуство на протеини, шеќери и поволна температура. Бактерии во уринарниот тракт можат да стигнат и преку крвта од друго жариште (хематогена дисеминација на бактериите). Ваков вид инфекција е почест во првите месеци од животот.

Инфекциите на уринарниот тракт можат да бидат акутни, но ако брзо се препознаат и соодветно се лекуваат имаат добра прогноза, и хронични, кај кои постојат хистолошки лезии, лузни, згрчување на бубрежниот паренхим, кои несоодветно третирани можат да доведат до хронична бубрежна инсуфициенција. Во новороденечкиот период симптомите се ненапредување, тешкотии во хранењето, новороденото е нерасположено, одбива храна, слабо спие, има метеоризам и сиво-жолтеникава боја на кожата. Меѓу симптомите се и повраќање, пролив, ретко проследени со покачена температура и конвулзии. Оваа инфекција е генерализирана.Од 1 месец до 2-3 години уринарните инфекции се карактеризираат со значително покачување на температурата, повраќање, пролив, немир, жед, детето плаче, лошо изгледа и може да има присуство на менингизам, конвулзии.

По втора-трета година уринарната инфекција не се карактеризира само со општи симптоми на инфекција туку и со симптоми и од уринарниот тракт (пречки при мокрење, често болно мокрење на мало количество урина, печење, страв од мокрење, инконтиненција на урината, болки во стомакот и слабините, покачена температура, губење на апетитот и болен изглед.

Бидејќи уринарните инфекции во детска возраст не се ретка појава, клиничката слика е нетипична, многу е битно да се помисли на нив, посебно кај деца со температури над 39 степени кои траат повеќе од 3 дена и се од необјаснети причини, треба веднаш да се направат основни лабораториски иследувања, бидејќи лекувањето треба да почне итно.

извор: дневник

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот JovanaJ)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Уринарни инфекции кај деца
28.4.2012 4:17:31   
ivana89
mamicki mojot user posted image ima problem sto edniot bubreg mu e poduvan prvo ni rekoa deka moze da ima zapusuvanje vo mocnite kanali8 koe treba so operacija da se resi) i deka mokracata se vraka kon bubregot i deka toa poduvuvanje e mozno da e od toa no vcera bevme na ispituvanje mu stavija radioaktivna tecnost vo vena i sleda dali ima nekade zastoj no ni rekoa deka tecnosta e isfrlena za za normalno vreme i deka bubrezite si rabotat dobro no sepak rzultatite ke gi zememe na 8 maj....mene me iteresira da ne imal nekoj vakov problem odnosno me interesira od sto mozee da e toa poduvuvanje na bubregot

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Уринарни инфекции кај деца
1.3.2014 8:09:40   
Yummy Mammy
Dali nekoj ima iskustvo so urinarni infekcii kaj decata?

Kerka mi se zali deka mnogu ja cesa od tamu kaj sto mocka. Vaka nadvoresno nema ama bas nisto, ne mokri cesto, vika deka ne ja pece... se prasuvam dali e voopsto urinarna ili druga bakterija. Samo so mokraca li se ispituva?

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот ivana89)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Уринарни инфекции кај деца
2.3.2014 12:59:06   
Felly RR
Па најдобро е најпрво да направите обично испитување на мокрача, па потоа во зависност од тоа што ќе покажат резултатите, ако има знаци за бактериска инфекција, може и уринокултура. Се надевам дека нема ништо.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Уринарни инфекции кај деца
24.5.2014 0:03:34   
TiNaMK
Здраво. Дали некој знае од што може да боли меше? Малиот има скоро 4год и се жали на болки во мешето негде под пупачето во иста линија. Ама ќе се пожали неколку пати па ќе заборави или му поминува, па пак после неколку саати и така еве втор ден. Нема зголемено мокрење, нема температура, трча скока, јаде се останато е супер. Многу ми е чудно од што може да боли?!?!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Уринарни инфекции кај деца
24.5.2014 9:44:37   
Felly RR
TinaMK, добредојде на Рингераја. Штом нема никој од симптомите кои се наведни погоре, најверојатно не се работи за уринарна инфекција. Можеби и не е ништо, некогаш така нашите малечки знаат да си умислуваат, или да ја користат болката како изговор за нешто што не сакат да го прават. Но сепак ако тоа трае подолго, најдобро е да се консултирате со лекар.
И тука на форумов имаме тема каде што лекар одговара на нашите прашања. Па ќе го префрлам твојот пост и во таа тема, каде што ќе можеп да добиеш стручно мислење. КЛИК ТУКА

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот TiNaMK)
Непосредна врска до пораките: 7
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?