RE: Кравјо млеко (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Дохранување со густа храна



Порака


Палешка РР -> RE: Кравјо млеко (12.9.2010 20:28:20)

Ех, не треба да одиме толку далеку, 50-60 години, АнаМоли. И јас на Марио му давав кравјо млеко, пред само 15 години, а почнав од 4 месеци. Но му давав и лимон и портокал со наполнет месец, затоа што такви беа шемите на исхрана тогаш. Сега тоа ми се чини страшно [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley3.gif[/image]




AnnaMolly RR -> RE: Кравјо млеко (13.9.2010 11:58:45)

Па и мене тоа ми е муабетот, денес едни шеми за исхрана важат, утре други. Сигурна сум дека Марио си бил супер бебенце и дека сега не му е ништо од сокчето и млекото. Не е толку страшно, особено тоа со сокчето. Природно овошје и свежо подготвено...




skorpijana -> RE: Кравјо млеко (14.9.2010 6:01:50)

anna molly toa sakav i jas da go kazam deka kravjoto mleko e pozdravo od vestackoto isto kako i kasickite od prirodno ovosje a toa sto velis za nasite roditeli e taka ama isto i nie sme porasnale so kravjo mleko majka mi sute od vtorata nedela me hranela so kravjo mleko pa eve zdrava sum fala mu na boga rodiv tri sina
toa e moe mislenje kako sto kaza sekoj si znae za svoeto dete i niedna majka ne bi mu nastetela  pozdrav




Палешка РР -> RE: Кравјо млеко (14.9.2010 9:02:12)

Вештачките млека се произведени од кравјо млеко, па така неможе кравјото млеко да биде поздраво од вештачкото. Кравјото млеко (како споредба со вештачката исхрана), содржи пред се животински масти, кои бебето не може да ги искористи и исфрла голем дел од нив преку празнењата. Производителите на бебешки храни се обидуваат да го компензираат овој недостаток преку додавање на растителни масти.
Друго, сегашната храна никогаш не можеме да ја споредуваме со некогашната, храната на нашите родители. Таа не била ниту генетски модифицирана, ниту до тој степен контаминирана како храната што ние ја јадеме. Заради тоа неможе да се направи споредба на некогаш и сега.
Еве да направам споредба меѓу двете мои деца, иако Миа е сеуште мала. Марио до девет месеци ги виде сите можни болести и се наприми инекции за цел живот, а на Миа ако и било два-три пати носето затнато. Причината за тоа ја гледам во доењето.
Но ако не сум можела да дојам, сигурно не би давала кравјо млеко, туку адаптирано.




nutelizza -> RE: Кравјо млеко (15.9.2010 0:29:01)

Нема споредба за порано и сега. Колку нештата се загадени денес.... Ви се случило ли да купите или видите огромно овошје или зеленчук со чудни форми се е тоа прскано и вештачки надувано ама фино за очи мислисш кој знае колку е здраво----21 е век на алергии читам и ви се чудам на размислувањата за кравјото млеко толку рано ама секој со свој памет.
Ние имаме 20 месеци уште цицаме а кравјо млеко плус пиеме после годинка сега сме на две и шише и цица така веќе 8 месеци-))
А имам читано некоја мајка му давала овчо млеко од мало и детето ЏЏЏЏЏЏ[sm=smiley13.gif] му ги изгорело органите колку е јако.




Felly RR -> RE: Кравјо млеко (15.9.2010 22:46:24)

Моето дете уште некој ден ќе наполни 9 месеци.Уште ја дојам, но сега веќе само еднаш во текот на денот и си мислам дека за брзо ќе преминеме само на кравјо млеко.

Во последно време и млечните оброци што и ги правам (чоколино, карамелино...) и ги правам потечни, не како кашичка туку од шише да си ги пие, и ги сака, си пие. Па си велам сега е веќе голема и може наместо АД да и давам кравјо млеко [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley25.gif[/image]

Што мислите вие?




baby mama -> RE: Кравјо млеко (21.9.2010 12:52:18)

Леле јас на Јана пред некој ден и правев попара бисквити со козјо млеко.Пола млеко пола вода, и не покажа никаква реакција.




Felly RR -> RE: Кравјо млеко (26.9.2010 21:53:46)

А колку месеци има твојата Јана baby mama? Од колку месеци може да се дава козјото млеко?




baby mama -> RE: Кравјо млеко (26.9.2010 22:04:05)

11 meseci ima Jana. Kaj moite bev na gosti i tatko mi poradi problem so zdravjeto mora da pie takvo mleko, pojako i pozdravo e.Non stop ima od toa mleko kaj moite. Taka se sluci da probame od mlekoto.




Палешка РР -> RE: Кравјо млеко (26.9.2010 22:46:04)

Е па супер бејби мама. Нели Јана имаше алергија на кравско млеко? Ете и за неа млекце [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
Мислам дека се дава по година, но не е страшно




brineta88 -> RE: Кравјо млеко (26.9.2010 23:52:48)

Јас на филип почнав да му давам млеко уште пред годинката но по 100мл и тоа не секој ден затоа что не го сакаше.
Почнав со домашно кравјо млеко по убедување на сите дека е поздраво. Ама еднаш два пати купив и престанав затоа што јас не пијам домашно затоа што не ми се допаѓа и реков нема ни филип да пие.
Сега му давам битолско и си го пие убаво веќе два месеци




Snowhite RR -> RE: Кравјо млеко (6.10.2010 17:07:03)

Најпрво почнав кашичките да му ги припремам со кравјо млеко, а сега еве веќе два дена пиеме кравјо млеко, еднаш во денот по 75 мл, чисто не го разредувам, во кашичките прво го разредував, потоа почнав чисто, а најмногу што се израдував е тоа што пиеше од шише со цуцла, мислев дека тешко ќе го навикнам на млеко заради тоа што не пиеше никакви течности и не пие од шише никако, ама еве лесно прифати млеко




newmamy -> RE: Кравјо млеко (7.10.2010 20:54:22)

Snowhite, i jas go imam toj problem, ne saka da slusne za sise, nitu voda pie nitu sokovi. Ednas dur izlegov na kratko i go ostaviv na svekrva mi so mleko izmolzeno, abe se gadel od siseto, seknal od placenje ej.... A kolku ima tvoeto bebe sto pocna da mu davas kravjo? mene mi rekoa nikako kravjo do godina dena, a taka i mislam da pravam. Tuku strav mi e , ne znam sto da pravam ,uste mesec i pol pocnuvam na rabota, a na doenje sme. Sise ne saka, kravjo ne sakam da mu davam do godina. Da mu dava svekrva mi adaptirano, strav mi e da ne se odbie od cicanje.




oliva -> RE: Кравјо млеко (8.10.2010 19:52:51)

snowhite a po kolku ml.dnevno mu davas od kravjoto mleko  i dali uste e na doenje?




Snowhite RR -> RE: Кравјо млеко (9.10.2010 0:38:15)

Моето има 8 месеци и 1 недела и јас мислев до година да не му давам, ама ако почнувам на работа ќе мора нешто да пие кога не сум дома. Ама...работата е тоа што дури ме израдува 2 дена со ред пиеше нешто помалку од 100 мл после денското преспивање и така ми беше планот извесно време да пие по еднаш во денот, потоа да му го заменам и доењето после ручекот и така постепено да остани евентуално на ноќно доење или кога сум дома да го дојам кога не сум да пие млеко, е сега јас си имам едни планови а тоа други, така да еве сега два дена не сака ни да го види шишето[sm=smiley13.gif] Не знам до кај ќе стасаме




Felly RR -> RE: Кравјо млеко (9.10.2010 8:49:57)

Snowhite, пробај да му даваш со една лажица измешано чоколина/карамелино... Јас така и давам. Ако и дадам чисто млеко пие по 100мл, а ако е со чоколино пие 180. Сега се мислам, ќе и ставам несквик, мислам дека може???




Snowhite RR -> RE: Кравјо млеко (9.10.2010 20:46:01)

Ама работата е тоа што тој не го сака шишето,само што ќе го види го турка, не знам како да го научам[sm=zmeden.gif]




oliva -> RE: Кравјо млеко (9.10.2010 21:57:23)

mojot toa go pravi uste od 3 meseci a od raganje e na ad mleko ,pa od 3 mes pa do sega ima 8 se ranime isklucivo vo son znaci samo koga spie inaku razbuden nema sansi ne faka sise ,a cucla lazalka non stop e so noe ,cudno,epten cudno




Felly RR -> RE: Кравјо млеко (19.10.2010 13:34:19)

Јас сабајлево и ставив во млекото несквик, ама ми е мисла да не е мала[sm=zmeden.gif] уште некој ден ќе полни 10 месеци, дали може да и ставам во млекото несквик?




oliva -> RE: Кравјо млеко (19.10.2010 13:57:15)

felly od koga pocna da i davas kravjo mleko i po kolku ti pie na den,moeto e 8,5 mese i e na ad ama ne go saka mnogu pa se mislam dali da dadam kravjo da probame so toa,uste takvo nemame probano




newmamy -> RE: Кравјо млеко (19.10.2010 13:58:27)

Oliva, i mojot isto. Na doenje e , cucla lazalka ima, bidejki epten placese, a sise ne saka da slusne,, nitu voda nitu sokovi pie, sise ne faka a imame skoro 7 meseci. Uste mesec pocnuvam na rabota, i navistina ne znam kako bez mene, kako ke pie mleko od sise... by the way, dr mi kaza da pocnam so kravjo mleko za varanje sto e , a ne tetrapak. Ufff kako da go naucam od sise




Felly RR -> RE: Кравјо млеко (19.10.2010 22:14:38)


ИЗВОРНА ПОРАКА: oliva

felly od koga pocna da i davas kravjo mleko i po kolku ti pie na den


Некаде после осмиот месец почнав да и давам да пие кравјо млеко, и на почеток како го имаше бендисано пиеше по 1 литар,[sm=smiley36.gif] а сега пие три пати во денот по 180 мл




Snowhite RR -> RE: Кравјо млеко (19.10.2010 23:07:38)

И јас пробав да му ставам несквик во млекото, ама ни така не го сака.
Мамички не се грижете што ќе прават кога ќе тргнете на работа, до тогаш сигурно ќе јадат повеќе храна и храна што држи ситост повеќе саати, на пример леб, бисквити, супа, па кашичка направена со млеко, така да нема да бидат гладни и ќе можат без доење повеќе саати. И јас од иситите причини и стравови што ќе прави без мене кога ќе одам на работа, па пробав после 8иот месец да го научам од шише да пие млеко, ама само два дена пиеше и толку. А сега бара да цица само насабајле, навечер пред спиење и преку ден еднаш за успивање, и тоа само ако јас го успивам, ако го успива некоја од бабиве или татко му и без цицање заспива. Битно е кога ќе почнете со кравјо млеко за варење, нека биде застапено во кашичките, барем на тој начин да го внесувате
Туку, сакав да прашам што мислите за чоколадно млеко, дали можи пред година да се два?




strelec 8 -> RE: Кравјо млеко (20.10.2010 12:48:30)

da vi go kazam moeto iskustvo so doenjeto.jas go doev duri 17 meseci.trcav od rabota,si kupiv velosiped na sred zima:).samo sto ke si dojdev od rabota toj vednas ke odese vo krevetot i ke placese i ke vikase mamo cica.edna vecer so maz mi bevme na svadba i se dogovorivme svekrvata za prvpat da go zaspie bes mene znaci bes cica.i taka bese.nie dojdovme i mazmi legna do nego a jas na zemjata do grealkata.mozebi e smesno ama taka bese.ne sakavme da me namirisa.ne pomina pola saat stana i pocna da me bara.jas istrcav do friziderot i si staviv senf i otidiv da mu pokazam i da vidi deka cicite na mama se kakani i ja bolat.toj samo gi gledase i gledase duri i gi lizna.i zaspa.taka tri veceri i zaboravi.pocna da pie po tri pati mleko na den duri i sok piese.ovaa mi lekcija za vtoroto dete da go naviknuvam na sise na 5-6 meseci.mora da bidete hrabri i da izdrzite. 




mami2 -> RE: Кравјо млеко (20.10.2010 16:29:42)

Во врска со воведувањето на кравјо млеко кај бебиња можеби на некоја мајка од помош ќе и биде следиот цитат:
„Препорака на Светска здравствена организација е неадаптираното кравјо, козјо или овчо млеко да не се воведува кај доенчиња помали од една година.
Кравјото млеко по својот состав е прилагодено на потребите на телето, кое својата родилна тежина ја дуплира за месец и половина, додека кај бебето истата ја удвостручува дури за петипол месеци. Затоа во својот состав има два до три пати повеќе белковини отколку во мајчиното млеко. Сем тоа, белковините и мастите содржани во кравјото млеко се со поинаков состав, па затоа системот за дигестија на доенчето потешко го вари
Штетни последици по бебешкото здравје
- Најчести се гастроинтестинални пореметувања. По оштетување на слузокожата на тенкото црево настанува тнр. алергиска ентеропатија по која се јавува акутен или хроничен пролив, а потоа и повраќање. Детето послабо напредува, раздразливо е и повеќе плаче.
- Поретко е оштетување на слузокожата на дебелото црево.
- Анемијата настанува поради малата содржина железо во млекото и недоволната апсорпција. Таа не може ефикасно да се лечи се додека не се отстрани причината, т.е. додека не се исклучи кравјото млеко од менито на доенчето.
- Промени на кожата во облик на егзем или копривица.
- Можни се пореметувања на органите за дишење: обилно течење на носот, кивање, кашлица, зарипнатост, отежнато дишење. Овие симптоми се проследени со други нарушувања.
       Прераното воведување на кравјо млеко доведува до воспаление на слузокожата на органите за варење со горенаведените тегоби, но истите се јавуваат накнадно (некогаш и после неколку месеци). Затоа родителите не ги доведуваат во врска со неадекватниот начин на исхрана, туку причините ги бараат на друга страна.“

Совет од детски гастроентерохепатолог „најефтиното адаптирано само не кравјо колку може подолго да издржите“




Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>